Специјален Резерват На Природата Горно Подунавје

Горно Подунавје е специјален резерват на природата кој се наоѓа во Војводина.

Резерватот е остаток од некогашните пространи поплавени подрачја на Подунавјето. Го прават неколку одвоени целини: Моншторско мочуриште, Апатинско мочуриште и подрачјето на Штрпац, Козара и Карапанџа. Се наоѓа во алувијалната рамнина и тераса на левиот брег од Дунав, со надморска височина од 80-88 метри, со изразен микрорелјеф веднаш до границата со Унгарија до Богоево, во должина од 64 км и површина од 19,648 хектари. 

Специјален Резерват На Природата Горно Подунавје
Горно Подунавје во близина на Апатин

Положба

Подрачјето на резерватот е збир од водени и копнени екосистеми. Најголемата површина ја заземаат мочуришниот тип на шуми кои секогаш се поплавуваат. Вакви изворно сочувани биотопи ретко можат да се најдат во Европа. Заедно со десниот брег и поплавуваните предели на Барања во Хрватска, кои се познати како Копачко мочуриште, и со поплавуваните области Карапанџа во Унгарија, тие заедно прават една природна целина.

Особености

Геолошката градба е претставена со квартерни творби кои прават слој на плиоценски седименти. Земјата ја создаваат алувијалните речни наноси и тоа воглавно свеж алувиум, кој секогаш одново се таложи при секое излевање на Дунав. Се јавува и мочуришно земјиште со слој на глеа во долните слоеви, а на повисоките места се среќава мочуришна црница и чернозем, со појава на одделни места на солена земја. Дунав со својот тек, заедно со неговите меандри и поплавени места, дава основен белег на Горното Подунавје. Бавно течејќи, Дунав во овој предел прави ракавци, меандри, забавени текови, и се разлива во бари и мочуришта. Специјалниот резерват на природата Горно Подунавје е значаен центар на биоразновидност. Постои висок степен на диверзија на вегетациски типови кои се претставени со 156 различни синтаксономски единици во рамки на 14 класи, 18 редови, 32 фамилии и 51 растителни родови, кои заедно сочинуваат преку 1000 растителни видови. Од фауната присутни се: 55 вида на риби, 11 вида водоземци, 9 вида на влекачи, 230 вида на птици и 51 вида на цицачи. Постојат и голем број на безрбетници, од кои се издвојуваат пеперутките, со преку 60 видови на дневни пеперутки.

Заштита

Поради своите исклучителни природни вредности, Горно Подунавје, во 1989 година, беше прогласено за меѓународно значајно живеалиште на птици (ИБА). Горно Подунавје е составен дел на потенцијалниот резерват на биосфера Драва-Мура и се наоѓа на списокот на потенцијално важни подрачја за впишување во списокот на Рамсарската конвенција.

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Специјален Резерват На Природата Горно Подунавје ПоложбаСпецијален Резерват На Природата Горно Подунавје ОсобеностиСпецијален Резерват На Природата Горно Подунавје ЗаштитаСпецијален Резерват На Природата Горно Подунавје ПоврзаноСпецијален Резерват На Природата Горно Подунавје Надворешни врскиСпецијален Резерват На Природата Горно ПодунавјеАлувијална рамнинаВојводинаДунавПодунавјеУнгарија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Сојузни држави на САДБорис ТрајковскиСрцево заболувањеAppleСеверина ВучковиќШехзаде Бајазит (син на Сулејман I)ВоденИлче СтојановскиСтрептококен фарингитисВознесение ХристовоМатка (езеро)А1-телевизијаХипертироидизамЕволуција на човекотНикола КаревБалкански ПолуостровЖељко РажнатовиќКој сака да биде милионер?Смрдлива ВодаДоматБаба (планина)Марс (планета)Ден на востанието на МакедонијаБислимска КлисураНАТОАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаЗаменки во македонскиот јазикЈагодаОпштина Македонски БродДуфски ВодопадСписок на реки во МакедонијаКозјак (езеро)Пере ТошевМачкаМирко ПецевИндијаЗоран ВитановШишевски манастирСебороичен дерматитТабла (игра)ТрескавецЈужна КорејаЦапариВладо ЈаневскиЃорги ЈармовПајациФилип II МакедонскиПрва македонска фудбалска лигаМладо НагоричанеМилан ЗавковДојранБубрежна слабостДрачевоПоградецЦрна РекаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикЗлатна петорка (филм)Ден на македонскиот јазикРуса треваПеперугиХектарВртоглавицаГлаголска придавкаМенингитисКромидВикторија ЛобаПанче КараѓозовРак на дојкаПирамида (геометрија)Миле ЈаневскиПаневропски коридор XМакедонски денарМакедонски народни инструментиПрохор Пчински (манастир)Величествениот султан (ТВ-серија)Антониа ГиговскаЃокица Лукаревски🡆 More