Сината Брада

„Сината брада“ е народна приказна, чија најпозната верзија е онаа на Шарл Перо, објавена во 1697 во Приказните на мајката Гуска.

Тоа исто така е името на централниот лик на приказната.

Сината брада
Сината Брада
Сината брада ги доверува клучевите на сопругата(Волтер Крејн, 1875).
АвторШарл Перо
Изворен насловСината Брада La Barbe bleue
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски јазик
СеријалИстории или сказни од минатото, со наравоученија: Приказни на мајката Гуска (фр. Histoires ou contes du temps passé, avec des moralités: Contes de ma mère l'Oye)
ЖанрСказна
ИздавачБарбен (фр. Barbin)
Издадена
1697

Кратка содржина

Тој е неблагородник но многу богат чија брада е сина. Тоа го прави грд и страшен. Тој веќе имал неколку жени и не е се знае што станало со нив. Сепак на сосетките им нуди да се омажат за него, но никој не сака да го земе. Најпосле, една од нив се согласува, заведена од богатството на синобрадиот.

Еден месец после свадбата, Сината брада мора да оди на патување. Тој ѝ доверил на неговата млада сопруга сноп клучеви, за отворање на сите врати на замокот, но имало една мала соба, каде таа никако не смеела да влезе. Љубопитна, таа  сепак влегла во забранетата соба и ги пронашла сите тела на претходните негови жени кои виселе на ѕидот. Од страв го испуштила клучот кој се извалкал со крв. Се обидувала да го избрише но не успеала бидејќи тој бил магичен

Сината брада ненадејно се вратил и видел дека сопругата не го послушала. Бесен, тргнал да ја заколи оваа премногу љубопитна жена, иста како претходните. Таа ги чекала нејзините двајца браќа кои требале да ѝ дојдат на гости па го замолила  да ѝ даде доволно време да се помоли. Чудовиштето ѝ дало четвртина час. Во текот на ова време, нејзината сестра Ана оди во кулата, да види дали нивните браќа се на пат. На крајот браќата се појавуваат и го убиваат. Таа го наследила цело богатство. Се омажила по вторпат со некој чесен човек, со кој била среќна.

Галерија

Илустрации на Валтер Кран, 1875 година.

Ликот на Сината брада

Сината брада е првично инспириран од усната традиција. Тој е тип на огар кој ги напаѓа своите  жени и децата што сонив ги има. По објавувањето на приказната од страна на Шарл Перо, ликот на Сината брада инспирирал многу писатели, музичари и режисери. Воедно, ваквиот лик се поврзува со разни, историски или митолошки ликови:

  • Во старогрчката митологија вакво инфантицидно однесување имаат Хронос и Медеја.
  • Кономор, историски изветоперен лик е во согласност со ликот во бајката на Шарл Перо.
  • Хенри VIII од Англија, кој имал шест жени и две од нив биле осудени на смрт за прељуба и предавство ( Ана Болејн и Кетрин Хауард), е тип на Сина брада. Тоа бил страшен, огромен и имал црвена брада.
  • Анри Дезире Ландри, францускиот сериски убиец, го нарекувале " Сината брада од Гамбе".
  • На Жил де Ре, воен придружник на Јованка Орлеанка прекарот му бил  "Сината брада" од Нант. Тој бил убиен, откако бил обвинет дека нападнал и убил голем број на деца и млади луѓе, но, иако убиец, неговиот живот и постапки не наликуваат на ликот во приказната.

Анализа

Според Бруно Бетелхајм, бајката го претставува стореното неверство на сопругата и злосторството сторено од страст од страна на љубоморниот сопруг.  Крвта на јајцето [варијанта во една од приказните на Грим ] и на клучевите симболизира дека јунаците имале полов однос. Затоа, Сината брада е приказна за половото искушение".

Темата за љубопитноста на жената и нејзината непослушност е блиска до онаа за првиот грев на Ева во Библијата или на Пандорината кутија во старогрчката митологија. .

Адаптации

Сината Брада 
Сината брада, илустрација на Едмунд Еванс, околу 1888 година.

Опера

  • Сината Брада е комична опера на Жак Офенбах од  1866. Хероината се вика Булот и има нимфоманска тенденција.
  • Замокот на Сината Брада е единствената опера на Бела Барток (1911). Сината брада тука не е традиционално монструозниот лик туку затворен идеалист. Неговата вереничка го приморува да ги отвори седумте тајни порти за позади последната да ги открие трите први сопруги на Сината Брада на кои таа ќе им се придружи оставајќи го мажот во неговата вечна осаменост.

Балет

  • Сината брада е балет на мариус Петипа (1896)
  • Blauer Барт, е балет на Пина Бош
  • Сината Брада е балет на Мишел Келеменис ( (2017)

Филм

  • Сината брада, нем филм во режија на Жорж Мелјес, од 1901 година
  • Осмата жена на Сината брада, комедија на Ернст Љубич од 1938 година со Клодет Колбер и Гари Купер
  • Џулиета, или Копче на соништата, на Марсел Карне, од 1951 година
  • Сината брада, филм од 1951 година
  • Сината брада, филм на Оливие Жилон, од 1979 година
  • Killing me softly, филм од 2002 година, слободна адаптација на ликот

Роман

  • Седумте жени на Сината брада и други бајки е колекција од Анатол Франс (Париз, 1909).
  • Случај Сина брада е роман од Јак Риве (2000)
  • Сината брада е роман на Амели Нотомб (2012)
  • Затворени врати, роман на Лори Сен-Мартен (2013) се инспирира од ликот.
  • Крвишта, приказна на Одре Вилелми (2013) од аспект на жените на Сината брада.

Наводи

Користена литература:

  • Arlette Bouloumié, « La dernière femme de Barbe-Bleue dans les réécritures des mythes au xxe siècle », dans Jacques Boulogne (dir.), Les Systèmes mythologiques : colloque « Les systèmes mythologiques », Université de Lille, 1995, Lille, Presses universitaires du Septentrion, 1997, p. 323-337.
  • . 197, fascicule n° 2: 159–189. doi:10.3406/rhr.1980.5033. .
  • . 197: 289-315. doi:10.3406/rhr.1980.5033. .
  • Florence Fix, Barbe-Bleue et l'esthétique du secret de Charles Perrault à Amélie Nothomb, Hermann, 2014, 234 p.
  • . ISBN 978-1-60473-230-6. .
  • . ISBN 2-88340-033-4. .
  • . ISBN 978-0-69112-783-5. .

Целосен текст на Wikisource

Шарл Перо

Надворешни врски

Tags:

Сината Брада Кратка содржинаСината Брада ГалеријаСината Брада Ликот на Сината брадаСината Брада АнализаСината Брада АдаптацииСината Брада НаводиСината Брада Користена литература:Сината Брада1697Шарл Перо

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПростатаПовикувачки броеви во МакедонијаДаме ГруевИзет МеџитиВелики четвртокБигорски манастирГемиџииГлас за МакедонијаМакедонски претседателски избори, 2009Калиум перманганатОпштина ОхридСилвио ПиколоминиПсоријазаГордана Силјановска-ДавковаОливер СпасовскиЗлосторство и казнаМаргарет ТачерМакедонски претседателски избори (1999)ЦирозаМакедонски парламентарни избори (2008)Празници во мајОбласти во КазахстанГрегоријански календарКрешник БектешиСвети Климент ОхридскиВодаОпштина ДолнениИзборна единица 4ХемороидМаркетингМакедонски АлбанциМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Слепо цревоМакедонски парламентарни избори, 2011Знаме на МакедонијаСписок на држави во светотМртво МореКорупцијаПрва балканска војнаИзборна единица 3Столе ПоповКокошкаЉубиша ГеоргиевскиГипсТоше ПроескиОхридско ЕзероВладимир ПутинВоен конфликт во Македонија (2001)Македонска азбукаКире КостадиновскиСончев СистемКирилицаТетанусЦрвен крст на МакедонијаИсус ХристосТоксикологијаВлада на Оливер СпасовскиДоксициклинЕгејска МакедонијаЛила СтојановскаПресметување на датумот на ВелигденВакцина против тетанусЉубчо ГеоргиевскиИсторија на македонскиот народРадовишМакедонски парламентарни избори (1994)Масакрот кај ВејцеЦрнила (драма)Славко ЈаневскиВила ВодноОпштина Кисела ВодаЧернобилска несреќаПреспански договорРастенијаАутизамЛокални избори во Македонија (2009)РесенБлаже Конески🡆 More