Роман Сесила

„Сесила“ (француски: Cecile) —е новела на францускиот писател Бенжамен Констан.

Содржина

Романот, напишан во прво лице еднина, го опишува животот на еден непостојан и нестабилен човек, растргнат меѓу љубовта, страста и желбата за независност. Притоа, во романот хронолошки се опишани односите меѓу главниот лик и неговата жена Сесила во текот на шест периоди:


Сесила од Валтербург е омажена за еден гроф од Барнхелм кој е многу постар од неа. Притоа, таа се омажила под притисок на постарата сестра, бароницата од Салцдорф, која веќе дваесет година му била љубовница на грофот. Но, Сесила ја открива тајната врска и се разделува од грофот, иако формално не се разведува, со цел да го заштити угледот на своето семејство. Во исто време, главниот лик на романот е оженет со жена со просечни квалитети со која живее само до сожалување. Меѓутоа, тој открива дека жена му има млад љубовник. Истовремено, тој ја запознава Сесила и започнува да се гледа со неа, најпрвин како пријател, но потоа меѓу нив се развива љубов. Затоа, главниот лик бара развод од жена си и прифаќа во јавноста да се прикаже како причина за разводот. Исто така, и Сесила бара развод, а нејзиниот сопруг се согласува на тоа. Главниот лик и Сесила планираат да стапат во брак, но на тоа се противи татко ѝ на Сесила. Поради тоа, тие одлучуваат да почекаат некое време додека Сесила не ги отстрани семејните пречки.
Во меѓувреме, поради приватни проблеми, главниот лик патува во Лозана, каде неговите чувства кон Сесила спласнуваат, а кога се враќа во Брауншвајг согледува дека и Сесила се однесува студено кон него. Таа заминува во Хамбург и двајцата продолжуваат да се допишуваат. Меѓутоа, оддалечен од Сесила, главниот лик ја среќава својата стара познаничка, госпоѓата од Малбе - жена со богат дух, која не останува рамнодушна кон него. Така, тие стапуваат во љубовна врска и тој потполно заборава на Сесила. Така поминуваат речиси петнаесет години во кои главниот лик се наоѓа во потполна доминација на госпоѓата од Малбе. Во меѓувреме, таткото на Сесила умира, а таа се мажи за францускиот благородник, гоподинот од Сент-Елм. Главниот лик го поминува времето во политички ангажман, воодушевен од Француската република, но подоцна паѓа во немилост и ги губи сите свои функции. Така осиромашен, тој останува приврзан на госпоѓата од Малбе. Сепак, одвреме-навреме, тој добива по некое писмо од Сесила, а кога таа се преселува во Париз, тој ја посетува и меѓу нив повторно се раѓа љубовта. Сепак, минуваат годините, а главниот лик постојано се колеба и никако не може да се ослободи од врската со госпоѓата од Малбе. Наспроти неговата дволична игра, Сесила му се заколнува на вечна љубов и прави сè за да добие развод, решена да се омажи за него.
Во неколку наврати главниот лик договара средби со Сесила, но постојано наоѓа некој изговор за да остане со госпоѓата од Малбе. Од една страна, тој чувствува некоја слаба љубов кон Сесила, како и обврска да се ожени со неа поради нејзината љубов кон него. Од друга страна, тој е премногу слаб да се оттргне од доминацијата на госпоѓата до Малбе. Една зима, кога таа заминува на подолг престој во Виена, главниот лик оди во едно мало место на границата меѓу Швајцарија и Франција, каде го очекува Сесила. Додека патува низ големо невреме, тој ја здогледува Сесила како оди пеш по невремето, а потоа таа тешко се разболува.

За делото

Долго време се верувало дека „Сесила“ претставува продолжение на најпознатото дело на Констан, романот „Адолф“. Всушност, долго време, ракописот на „Сесила“ бил изгубен и по неговото откривање била соборена легендата, т.е. се покажало дека „Сесила“ не е роман во вистинска смисла на зборот, туку претставува автобиографски текст за љубовните превирања меѓу Констан и Шарлот од Харденберг во периодот од 1793 до 1807 година. Иако напишан на почетокот од 19 век, делото „Сесила“ за првпат било објавено дури во 1951 година.

Наводи

Tags:

Бенжамен КонстанПисателФранцуски

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ИменкаitqmaРеферендум во Македонија (2004)Ден на планетата ЗемјаЅвезда од КутлешСкопски аквадуктПоздивиштаОбединето КралствоЦар СамоилЛокални избори во Македонија (2017)ХрватскаСписок на држави и територии во ЕвропаСвети Климент ОхридскиУнгаријаРахим БекириВодочки манастирОпштина КумановоСиндром на стекнат имунолошки дефицитВМРО-ДПМНЕАтентат врз Киро ГлигоровМинистер за финансии на МакедонијаГостиварКловерфилдБалканска приказна (ТВ-серија)Антони ПешевМитко ЧавковВтора влада на Никола ГруевскиВтора светска војнаХартијаПсоријазаМакедонија во металното времеФранческо ПетраркаМакедонски парламентарни избори, 2008ЕнзимНафтен танкерАнтичка МакедонијаУстав на МакедонијаСтефан БогоевПолип на маткатаДвижење за национално единство на Турците во МакедонијаПрва влада на Бранко ЦрвенковскиСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаЉубомир ГајдовКубаЗагрозен видСписок на држави по населениеОпштествено уредувањеОВКМечкаПиту ГулиРастенијаЗагадување на воздухотХолокаустЈордан МијалковГ’зим ОстрениГерманијаЛокални избори во Македонија (2009)Велигденски јајцаНационален парк ГаличицаДУИЈулијански календарМендух ТачиМакедонски претседателски избори (1994)Народна Република КинаДемохристијанствоПрирокНационален парк МавровоЗнаме на МакедонијаИсусово воскресениеКорозијаНезависен политичарПрилепНаполеон БонапартСтојанче АнгеловМедузаИнфективна мононуклеозаОливера ТрајковскаАрбен Џафери🡆 More