Свесност

Свесноста - психолошкиот процес на намерно фокусирање на сопственото внимание кон искусување на сегашноста без никакво осудување.

Намерното фокусирање за постигнување на свесноста може да се развие на повеќе начини преку тренирање на умот, на пример преку медитација. Учењето за свесноста потекнува од Будистичките традиции и засновано на Зен, Випасана и тибетските медитациски техники.

Во склоп на клиничката психологија и психијатрија се имаат развиено бројни терапевтски примени на свесност за помош при различни психолошки состојби. Практикувањето на свесност се користи за намалување на депресија , стрес, вознемиреност и одвикнување од зависност од дрога. Клинички студии имаат покажано дека практикувањето на свесност го подобрува физичкото и менталното здравје кај различни категории на пациенти. Програми засновани на практикување свесност се применуваат во школи, затвори, болници, и други средини, како и за дополнителни цели како што се здраво стареење, балансирање на тежина, атлетски способности, помагање на деца со специјални потреби, итн. Практикувањето на свесност може да има превентивно влијание во спречувањето на ментални здравствени проблеми.

Свесност во Будистички Контекст

Иако дефинициите и техниките за свесност се разновидни, Будистичките традиции ја објаснуваат свесноста преку идејата дека минатите, сегашните и идните моменти се појавуваат и исчезнуваат како моментални чувствени импресии и ментални феномени. Имено, способноста на “внимание“ (будизам:manaskara) е универзална, што значи дека човекот секогаш дава внимание на нешто. Нашето внимание може да биде “соодветно“ (будизам:yoniso manaskara) кога се наоѓаме целосно во сегашниот момент, или “несоодветно“ (будизам:ayoniso manskara) кога му даваме внимание на нешто што нè одвлекува од сегашноста и овдешноста. Вистинската свесност прифаќа сè без осудување или реагирање. Таа вклучува сè и сака сè. Праксата на свесност се стреми да најде начин да го одржи вниманието преку целиот ден.

Зборот за свесност во Санскрит јазикот е смрити (smriti), што значи “запамти.“ Свесноста е запаметување да се вратиме во сегашноста.

Наводи

Tags:

БудизамЗен

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Морфологија на македонскиот јазикРамазанПредмет (граматика)ГариСтрептококен фарингитисРеферендум во Македонија (2004)Список на тегоби и болки на стапалатаМетафораСписок на македонски народни и староградски песниОпштина СарајСписок на планини во МакедонијаДаут ХарадинајЕстрогенЛасерПеколот (Божествена комедија)Чорбаџи ТеодосМакедонска крвава свадбаВитамин Б6Сулфур диоксидОвчи сипанициШахМомчило Бајагиќ-БајагаОхридски рамковен договорБилјана ВанковскаБиљал КасамиСреден клеточен волуменАмерикаМинистер за здравство на МакедонијаПитом пелинНАТОЗаушкиОксидационо-редукциона реакцијаМакедонски парламентарни избори, 2016Македонски парламентарни избори (2020)ШизофренијаПовикувачки броеви во МакедонијаАлбанијаКалендар на Велигденски датумиБосна и ХерцеговинаВолфганг Амадеус МоцартПанко БрашнаровОпштина БрвеницаЗа наша МакедонијаМакедонска револуционерна организацијаСашко КедевМакедонциХрватскаРак на панкреасотЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеПневмонијаГлаголицаПајак (пејач)Антонијо МилошоскиДемократска унија за интеграцијаПапратСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаПрилепБакарTrackBackЖелкиВтора влада на Зоран ЗаевКарлес ПуџдемонДржавни празници во БугаријаЛимфен јазолКумановоЧинови на полицијата во МакедонијаПридавкаКсенофобијаСвета ПеткаРесенНадреден знакШпанијаМРП вакцинаБубрежна инфекцијаЛокални избори во Македонија (2013)ЕпилепсијаНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаПреспански договор🡆 More