Рикардо Џакони

Рикардо Џакони (6 октомври 1931) — американски добитник на Нобеловата награда и астрофизичар кој ги постави темелите на рендгенската астрономија.

Моментално е професор на Џонс Хопкинсовиот универзитет.

Рикардо Џакони
Рикардо Џакони
Церемонијата за доделување на Националниот медал за наука во 2003 година
Роден(а)6 октомври 1931(1931-10-06)(92 г.)
Џенова, Италија
ЖивеалиштеСАД
НационалностИталијанец
американец
ПолињаФизика
УстановиЏонс Хопкинсов универзитет
Чандрова рендгенска опсерваторија
ОбразованиеМилански универзитет
Докторски ментор 
Докторанди 
Познат поастрофизика
Поважни наградиЕлиот Кресонов медал (1980)
Дени Хајнеманова награда за астрофизика (1981)
Нобелова награда за физика (2002)

Биграфија

Роден во Џенова, италија, Џакони го стекнал своето образование и диплома на Миланскиот универзитет пред да се пресели во Америка каде ја продолжил својата кариера во истражувања поврзани со астрофизика. Тој станал американски граѓанин.

Бидејќи зрачењето на космичките рендгенски раци е впиено од стран ана атмосферата, потребни се вселенски опсерватории за да се врши рендгенска астрономија. Заинтересиран за овој проблем, Џакони започнал да работи на инструмент за рендгенска астрономија од обични ракетно лансирани детектори во доцните 1950-и и раните 1960-и, до Ухуру, првиот орбитален рендгенски сателит за астрономко набљудување, во 1970-ите. Џаконовото пионерско истражување продолжило во 1978 година со Ајнштајновата опсерваторија, првиот целосно опремен рендгенски телескоп поставен во вселената, и подоцна со Чандровата рендгенска опсерваторија, која била лансирана во 1999 година и сѐ уште е во работа. Џакони го применил своето познавање и на други проблеми поврзани со астрономијата, станувајќи првиот директор на Вселенско телескопскиот научен институт, научниот оперативен центар на Хабл.

Џакони бил награден со Нобелова награда за физика во 2002 година „за пионерски придонеси за астрофизиката, кои довеле до откривањето на вселенските рендгенски извори“. Другите двајца наградени со Нобелова награда за физика таа година биле Масатоши Кошиба и Рејмонд Дејвис.

Џакони ги држел работните позиции како професор по физика и астрономија (1982–1997) и истражувачки професор (од 1998) при Џонс Хопкинсовиот универзитет, иденес е универзитетски професор на истиот. За време на овој период бил директор на Европската јужна опсерваторија (ESO) (1993–1999). Моментално е главен истражувач во проектот на НАСА за Чандровото далечно поле користејќи ја Чандровата рендгенска опсерваторија.

Почести и награди

  • Варнерова награда (1966)
  • Брусов медал (1981)
  • Хајнеманова награда (1981)
  • Златен медал од Кралското астрономско друштво (1982)
  • Волфова награда (1987)
  • Нобелова награда за физика (2002)
  • Национален медал за наука (2003)
  • Астероидот 3371 Џакони

Наводи

Tags:

19316 октомвриАстрофизичарНобелова награда

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Главна страницаРНК-полимеразаШвајцаријаКларенс СедорфНародна Република КинаАн-Софи МутерПланетаИзраелПравославието во МакедонијаМарта (роман)СмесаЕнергијаЗемји членки на Европската УнијаРак на панкреасотЖарулкаПетроградски расказиФилмСвета ГораПарите се отепувачкаСистемски лупус еритематозусРимски календарЦрнила (драма)Санкт ПетербургАнгелКрушевска РепубликаБели дробовиВтора светска војнаКокосова палмаАББАГарванот (поема)Изборни единици во МакедонијаРепублика СрпскаВласиОксидБудизамБалинциКомунизамВакцина против тетанусГлаголицаКавадарциДен на шегатаНародна банка на Република МакедонијаЦрно семе (роман)Список на птици во МакедонијаДискус хернијаБетонСтрани на светотБик (хороскопски знак)ХанзаГрад СкопјеПере ТошевДемократска партија на Турците на МакедонијаГустина на населениеЈане СанданскиФлебитисАбортусБашибосЦрква „Св. Спас“ - СкопјеБели мугриСтрептококен фарингитисДишењеБубрегАвантурите на ПинокиоЈапонијаМакедонски парламентарни избори (2024)Производ (математика)Атрибут во македонскиот јазикРамностран триаголникФиладелфијаОпштина БутелМихаил III ПијаницатаБоби ЧарлтонЏулиет ЛуисГорјан ПетревскиБакарЕл-Фатиха🡆 More