Раички Манастир: манастир во Македонија

Раички манастир (понекогаш и како Рајчки манастир или Рајчички манастир) — преродбенички манастир во дебарското село Рајчица.

Прогласен е за споменик на културата на Македонија.

Раички манастир
Раички Манастир: Местоположба, Историја, Градби во манастирот
Поглед на манастирот
Информации
Целосно имеМанастир „Св. Ѓорѓи Победоносец“
Манастир на:МПЦ - ОА
ОснованXIV век
Посветен наСвети Ѓорѓи
ЕпархијаДебарско-кичевска
ЦрквиЦрква „Св. Ѓорѓи
Личности
Основач (и)Арсениј Бигорски
Место
Местос. Рајчица, Општина Дебар Македонија Македонија
Координати41°30′53″N 20°32′56″E / 41.51472° СГШ; 20.54889° ИГД / 41.51472; 20.54889
Видливи остатоци1 црква, конаци, помошни објекти
Отворен за јавностада
Други информацииДебарско-реканска парохија

Тој претставува женски манастир и е метох на Бигорскиот манастир. Овој манастир се претпоставува дека е основан во почетокот на XIV век, како метох на Бигорскиот манастир. Сепак точната година на изградба на манастирските конаци и црква е 1835 година во времето кога игумен на Бигорскиот манастир бил архимандритот Арсениј од Галичник.

Местоположба

Манастирот во селото Рајчица се наоѓа во непосредна близина на градот Дебар, оддалечен на само 2 километри од центарот на градот.

Историја

Во минатото, метохот на Свети Ѓорѓи функционирал како стопански дел на Бигорскиот манастир. Бил мошне богат и поседувал големи манастирски имоти, ниви и лозја. Овде се произведувале многу производи за потребите на Бигорскиот манастир. Низ годините, неколку пати бил напаѓан и рушен, но сепак грижата на игумените на Бигорската обител постојано го обновувала и одржувала овој метох. Најзаслужен ктитор, одговорен за неговата обнова е игумен Арсениј, под чие раководство била подигната денешната црква во 1835 година, а изградена врз темели на уште постара црква од XVI век.

До 2000 година, од некогашниот метох на Бигорскиот манастир, опстојувала само црквата „Св. Ѓорѓи“, како и стопански згради во урнатини, кои се користеле за сместување сено.

Со помош на самата Дебарско-кичевска епархија и големата финансиска помош на благородни организации, фондови и несебична помош на православните христијани од сите краишта од Македонија и надвор од неа, манастирот добил нови конаци, камбанарија и други помошни објекти. Во 2001 година се извршило осветување на новите објекти и започнал монашки живот.

Градби во манастирот

Од манастирскиот комплекс до денес се сочувани: манастирската црква, конаци и други помошни објекти.

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Рајчица

Црквата била подигната во 1835 година, а била осветена во 1836 година.

Параклис „Св. Григориј Палама, Нектариј Битолски и Јован Кукузел“ - Рајчица

Параклисот посветен на Григориј Палама, Нектариј Битолски и Јован Кукузел е од поново време. Осветен е во 2006 година. Во него се чуваат мошти на патронот Свети Јован Кукузел.

Стопанство

Сестринството на манастирот негува редок занает, кој им е главно занимање на сестрите, а тоа е изработката на епископски митри. Досега имаат изработено богослужбени одежди на многу епископи и патријарси, меѓу кои и Вселенскиот патријарх. Освен ова, сестрите се вклучени и во изработката на икони, на светогорски темјан, а од неодамна активно работат и во разрешувањето на проблеми на посебни социјални случаи, особено кај младите.

Круни кои ги имаат изработени монахињите од манастирот ги носат владиците во Америка, Русија, Африка, Германија, Полска, Чешка, Бугарија, Србија, но најмногу во Грчката православна црква. Она по што се разликуваат нашите митри е раскошниот византиски стил на изработка.

При изработката на митрите е вклучено целото сестринство и тоа е главен извор на егзистенција во манастирот. Имаат изработени над 1.600 митри.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Раички Манастир МестоположбаРаички Манастир ИсторијаРаички Манастир Градби во манастиротРаички Манастир СтопанствоРаички Манастир ГалеријаРаички Манастир НаводиРаички Манастир Надворешни врскиРаички МанастирКултурно наследство на МакедонијаМанастирРајчица

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Хрватски месециСоцијализамЛазар КолишевскиМакедонски претседателски избори, 2014ОНАБактерииTrackBackСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаАнтичка МакедонијаКрал МаркоЕгипетИзбирачко местоГерманијаОтоманска МакедонијаТунисДанела АрсовскаСтрумицаВакцина против тетанусМакедонско востаниеНафтен танкерДимитар КовачевскиМакедонски парламентарни избори, 1994Григор ПрличевОрелЛиберално-демократска партијаАлтернатива (политичка партија)Горан СтефановскиЉубомир ГајдовПравоаголникИсторија на Македонија (1991 - денес)Сашо ОрдановскиМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаЏезАфрикаЦветнициЦрква „Успение на Пресвета Богородица“ - ДебарЃорге ИвановМакедонски претседателски избори, 1999Крешник БектешиКрушевоМакедонски парламентарни избори (2002)Љупчо ЈордановскиХераклеја ЛинкестисСписок на архаични зборови во македонскиот јазикКалеш АнѓаК-15ХоландијаНова алтернативаСобрание на МакедонијаЈордан КамчевПеколот (Божествена комедија)Охридски топчест сунѓерМакедонски парламентарни избори (1986)Кронова болестСобрание на Република МакедонијаМонакоАртан ГрубиСписок на острови во Средоземното МореВтора влада на Никола ГруевскиФилип ПетровскиБилјана ВанковскаТристан и ИзолдаСтобиПенис (човек)Сојуз на комунистите на МакедонијаВолфганг Амадеус МоцартВтора влада на Бранко ЦрвенковскиУстав на МакедонијаСадула ДуракуСписок на Влади на МакедонијаРисто КрлеРахим БекириВагинален исцедокБлагој ДавковМакедонски парламентарни избори (2016)Општина ДолнениКавал🡆 More