Јован Кукузел

Јован Кукузел е светец, кој бил средновековен црковен пејач и композитор (13-14 век), музички теоретичар и реформатор на византиското нотно писмо.

Бидејќи бил надарен со прекрасен глас, неговите современици го нарекуваат Ангелогласниот.

Јован Кукузел
Јован Кукузел
Роден 1280
Драч, ден. Албанија
Починал 1360
Света Гора ден. Грција

Се стекнува со образование во императорското пејачко училиште во Цариград, Византија. Потоа оди во Света гора, каде што живее до крајот на својот живот. Од времето на неговиот престој во Цариград доаѓа и неговото име - "Кукузел". Кога бил во помладите години, кога го запрашале што јадел, тој одговорил "кукија ќе зелија" (на грчки:κουκιά καί ζέλια), обидувајќи се да каже на грчки "грав со зелка". Ја обновува византиската музика со словенска интонација. Создава две реформи - ја воведува повеќегласноста и го усовршува старото нотно писмо.

Извори за неговиот живот се црпат од неговото житие, кое е составено кон крајот на 14 век. Препис од него се чува во Народната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ во Софија. Бројот на негови познати композиции е 90. Најпозната негова творба е "Полиелеј на Бугарката" и е посветена на мајка му.

На 15 јануари 2007 во Бигорскиот манастир пристигнале светите мошти на св. Јован Кукузел. Моштите пристигнале преку Големата Лавра, манастир на Светото Преображение во Бостон (каде се чува целиот череп, и поголем дел од моштите). Тие се подарок во чест на тоа што во родните краишта на св. Јован Кукузел му е подигнат параклис (во метохот на св. Георгиј Победоносец, во с. Рајчица, Дебарско). Веднаш по пристигнувањето, моштите се ставени во чист пчелин восок и вградени во сребрена кутија.

На 14 октомври се прославува македонскиот светител Преподобен Јован Кукузел., а додека Бугарската православна црква го прославува на 1 октомври.

Во Македонија, Јован Кукузел е етнички Македонец., во Бугарија се смета за Бугарин а според него, неговата мајка е Бугарка.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски парламентарни избори (2011)Обединето КралствоИзборна единица 1МостВодаПолиграфКлинесто писмоЈоаким КрчовскиЈужна АмерикаСам домаГуливеровите патувањаКамилаРуска граѓанска војнаХотел Москва (Белград)СинонимАцо ШоповЈован I ЦимискијСмрчкаИменки во македонскиот јазикМрзнењеПравопис и правоговор на македонскиот јазикАдаптација (биологија)ПридавкаКумановоСвадбаПорше КајенПопис на населението во Македонија (2021)Ахеменидско ЦарствоПустина (роман)ВелесКаракалпакстанЖивотниМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаСократесМакедонија во Втората светска војнаМавровоВиенаПолуспроводникКалеш АнѓаИсус ХристосЛирикаРајко ЖинзифовТехеранБожествена комедијаСписок на македонски народни и староградски песниСеверен ВиетнамЛогаритамЕлектромоторна силаМакедонска граматикаИзборни единици во МакедонијаАјдахоСобрание на МакедонијаКарлес ПуџдемонМорска водаЕкологијаОпшта теорија за релативностаДискус хернијаИспарувањеДоењеМесечинаПраисторијаСписок на македонски писателиДоктор ОфболиСипанициБеровоЧорбаџи ТеодосГраматички категории на именките во македонскиот јазикТокиоЧовечки папиломен вирусГлаголицаАзербејџанАлшарЏезБактерииРевматоиден артритисБубрежен каменАнемија🡆 More