Пјер-Емерик Обамејанг

Пјер-Емерик Обамејанг (роден на 18 јуни 1989) — габонски фудбалер, напаѓач на Барселона и на габонската репрезентација.

Тој е син на поранешниот фудбалер Пјер Обамејанг и помал брат на Катилина и Вили, кои биле исто така фудбалери.

Пјер-Емерик Обамејанг
Пјер-Емерик Обамејанг
Лични податоци
Полно име Пјер-Емерик Емилиано Франсоа
Обамејанг
Роден на 18 јуни 1989(1989-06-18)(34 г.)
Роден во Лавал, Франција
Држава Франција Франција
Габон Габон (од 2009)
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Челси Челси
Број 9
Младинска кариера
2007-2008 Милан Милан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2011 Милан Милан 0 (0)
2008-2009Дижон Дижон 34 (8)
2009-2010Лил Лил 14 (2)
2010-2011Монако Монако 19 (2)
2011-2013 Сент Етјен Сент Етјен 87 (37)
2013-2018 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 144 (98)
2018-2022 Арсенал Арсенал 128 (68)
2022 Барселона Барселона 18 (11)
2022- Челси Челси 0 (0)
Репрезентација
2009 Франција Франција 21 1 (0)
2012 Габон Габон 23 3 (1)
2009- Габон Габон 56 (23)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 3 јули 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 3 јули 2012

Кариерата ја започнал во Милан, кој го позајмувал на четири француски клубови пред да потпише постојан договор со Сент Етјен во 2011 година. После две сезони во Сент Етјен, се преселил во Борусија Дортмунд за 13 милиони евра. Со Борусија Дортмунд тој освоил еден Куп и два Суперкупа на Германија. Во јануари 2018 се преселил во англискиот Арсенал за клупски рекорд од 56 милиони фунти. И покрај тоа што што направил еден настап за младата репрезетнација под 21 година на Франција, Обамејанг дебитирал на сениорско репрезентативно ниво за селекцијата на Габон во 2009 година со која настапил четири пати на Африканскиот куп на нации (во 2010, 2012, 2015 и 2017) и Олимпискиот фудбалски турнир во 2012.

Во 2015 година Обамејанг бил избран за Африкански фудбалер на годината, станувајќи првиот Габонец кој ја освоил наградата. Во декември 2016, тој бил именуван од The Guardian за деветти најдобар фудбалер во светот.

Клупска кариера

Почетоците со Милан и позајмиците во Франција

Обамејанг се приклучил на Примавера составот на Милан во јануари 2007. Во август истата година тој бил дел од тимот кои учествувал на првото издание на Младинскиот куп на шампиони кој се одржал во Малезија, каде што бил најдобар стрелец на турнирот со 7 гола во 6 натпревари и освојувајќи го "Трофејот Роберто Бетега".

Во сезоната 2008-2009 бил позајмен на Дижон, со цел редовно да игра во првиот тим. Своето деби во Лига 2 го направил на 1 август 2008 во натпреварот Ленс-Дижон 3-1, а својот прв погдок меѓу професионалците го постигнал на 22 август, во победата со 2-1 над Тур.

На 23 мај 2009, по завршувањето на сезоната со Дижон, отишол на заем на една година со право на откуп во Лил. Дебитирал во дресот на Лил на 6 август 2009 во натпреварот од Лигата на Европа против Севојно, влегувајќи на местото на Ларсен Туре во 64-тата минута. Само три дена подоцна го имал својот прв настап во Лига 1 во натпреварот против Лорјан, влегувајќи одново како резерва на местото на Франк Берија во 59-тата минута. На 13 декември 2009 година го постигнал својот прв гол како играч на Лил во првенствениот натпревар против Монако, поставувајќи го конечниот резултат 4-0.

По завршувањето на сезоната, Лил одлучил да не го користи правото на откуп и играчот се вратил во Милан, клубот сопственик на неговиот договор. На 7 јули 2010, Обамејанг бил проследен на уште една позајмица со право на откуп во Франција, овојпат во Монако. Своето деби со Монако го имал на 7 август 2010 во натпреварот од првото коло на Лига 1 2010-2011 против Олимпик Лион што завршил без голови 0-0. На 21 август 2010, тој го постигнал својот прв гол за Монако на гостувањето кај Ленс, а подоцна истиот месец ја погодил и мрежата на Осер во победата со 2–0 на Луј II. Неговиот период на заем во Монако бил прекинат порано од предвиденото и траел само шест месеци, во кој Обамејанг одиграл 23 натпревари во сите натпреварувања и постигнал два гола (двата во лигата).

Сент Етјен

Пјер-Емерик Обамејанг 
Обамејанг за време на тренинг со Сент-Етјен во август 2011

На 31 јануари 2011 бил официјализиран неговиот премин во Сент Етјен, до крајот на сезоната 2010-2011, на позајмица со право на откуп. Своето деби со Сент Етјен го имал на 5 февруари 2011 против Монпелје, влегувајќи од клупата на местото на Алехандро Алонсо во 62-рата минута од натпреварот.

На 9 април 2011 година во натпреварот против Осер го постигнал првиот гол во зелениот дрес. На крајот на сезоната, Обамејанг запишал 14 натпревари и 2 гола, а Милан и Сент Етјен се согласиле да ја продолжат позајмицата на играчот во францускиот клуб за уште една година. Откако Обамејанг одиграл одлична полусезона постигнувајќи 6 првенствени гола, на 22 декември 2011 година, Сент Етјен објавил дека го откупил габонскиот напаѓач од Милан за цена од еден милион евра, потпишувајќи договор со играчот до 2016.

На 22 февруари 2012, во 22-рото коло од француската Лига 1 за сезоната 2011-2012 Обамејанг го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата со 4-2 над Лорјан. Сезоната ја завршил со 18 гола во 38 натпревари (во сите натпреваувања), од кои 16 во Лига 1, што е рекорд за постигнати голови во една сезона во француската прва лига од играч на Сент Етјен, изедначен со Бафетимби Гоми.

Следната сезона тој го подобрил овој рекорд успевајќи да постигне 19 гола во 37 првенствени натпревари, завршувајќи како втор најдобар стрелец во Лига 1 2012-2013 зад Златан Ибрахимовиќ. Тој додал уште 4 гола во Купот на Франција а покрај тоа, исто така, помогнал за освојувањето на Лига купот на Франција (го одиграл целиот натпревар во финалето), прв во историјата на клубот од Лоара.

Вкупно за две и пол сезони поминати во дресот на Сен Етјен тој одиграл 97 натпревари и постигнал 41 гол.

Борусија Дортмунд

На 4 јули 2013, Борусија Дортмунд го комплетирала трансферот на Обамејанг кој потпишал 5 годишен договор со германскиот клуб. Трансферот на играчот ги чинел милионерите 13 милиони евра плус 2 милиони бонуси во зависност од неговите перформанси.

Дебитирал за Борусија на 27 јули, во натпревар од Суперкупот на Германија, во кој Борусија Дортмунд го победила Бајерн Минхен, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Јакуб Блашчиковски на 18-минути до крајот и асистирал за последниот погодок на Марко Ројс со кој биле поставени конечните 4-2. На 10 август 2013 година, дебитирал во Бундеслигата, постигнувајќи хет-трик во победата со 4-0 на гости против Аугусбург. Во тој натпревар исто така станал првиот габонец кој се појавил во некој натпревар од Бундеслигата. На 27 ноември, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата со 3-1 против Наполи во групна фазa.

Арсенал

Во јануари 2018, Обамејанг потпишал за англискиот Арсенал за клупски рекорд од 56 милиони фунти. Тој одбрал да го носи дресот со број 14, кој некогаш го носел легендарниот фудбалер на топџиите Тјери Анри, а останал слободен по заминувањето на Тио Волкот во Евертон десеттина дена претходно.

Барселона

На 2 февруари 2022, Обамејанг потпишал за Барселона.

Репрезентативна кариера

Обамејанг бил повикан да игра за репрезентацијата на Италија под 19 години по добрата сезона со Дижон, но тој дебитирал за репрезентацијата на Франција под 21 година во февруари 2009 година во пријателски натпревар против Тунис.

На 25 март 2009 година, Обамејанг го добил првиот повик за настап во габонската репрезентација и го направил своето деби во победата со 2-0 над Мароко, постигнувајќи го притоа и својот прв репрезентативен погодок.

Клупска статистика

Статистиката е последно ажурирана на 17 декември 2016.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2008-2009 Пјер-Емерик Обамејанг  Дижон Л2 34 8 КФ+ЛКФ 2+1 0 - - - - - - 37 8
2009-2010 Пјер-Емерик Обамејанг  Лил Л1 14 2 КФ+ЛКФ 0+1 0 ЛЕ 7 0 - - - 24 2
2010-јан. 2011 Пјер-Емерик Обамејанг  Монако Л1 19 2 КФ+ЛКФ 1+3 0 - - - - - - 23 2
јан.-јун. 2011 Пјер-Емерик Обамејанг  Сент Етјен Л1 14 2 КФ+ЛКФ - - - - - - - - 14 2
2011-2012 Л1 36 16 КФ+ЛКФ 0+2 0+2 - - - - - - 38 18
2012-2013 Л1 37 19 КФ+ЛКФ 4+4 2+0 - - - - - - 45 21
Вкупно Сент Етјен 87 37 10 4 97 41
2013-2014 Пјер-Емерик Обамејанг  Борусија Дортмунд БЛ 32 13 КГ 6 2 ЛШ 9 1 СГ 1 0 48 16
2014-2015 БЛ 33 16 КГ 4 5 ЛШ 8 3 СГ 1 1 46 25
2015-2016 БЛ 31 25 КГ 4 3 ЛЕ 14 11 - - - 49 39
2016-2017 БЛ 14 16 КГ 1 0 ЛШ 5 4 СГ 1 0 21 20
Вкупно Борусија Дортмунд 110 70 15 13 36 19 3 1 164 100
Вкупно во кариерата 264 119 35 17 43 19 3 1 345 153

Хет-трикови

4. гола

Хамбургер v Пјер-Емерик Обамејанг  Борусија Дортмунд

3. гола

Сент Етјен v Пјер-Емерик Обамејанг  Лорјан

Габон v Пјер-Емерик Обамејанг  Нигер

Аугсбург v Пјер-Емерик Обамејанг  Борусија Дортмунд

Габала v Пјер-Емерик Обамејанг  Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд v Пјер-Емерик Обамејанг  Аугсбург

Титули

Пјер-Емерик Обамејанг  Сент Етјен

  • Пјер-Емерик Обамејанг  Лига куп на Франција (1) : 2012–2013

Пјер-Емерик Обамејанг  Борусија Дортмунд

  • Пјер-Емерик Обамејанг  Куп на Германија (1) : 2016-2017
  • Пјер-Емерик Обамејанг  Суперкуп на Германија (2) : 2013, 2014

Пјер-Емерик Обамејанг  Арсенал

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Пјер-Емерик Обамејанг Клупска кариераПјер-Емерик Обамејанг Репрезентативна кариераПјер-Емерик Обамејанг Клупска статистикаПјер-Емерик Обамејанг Хет-триковиПјер-Емерик Обамејанг ТитулиПјер-Емерик Обамејанг НаводиПјер-Емерик Обамејанг Надворешни врскиПјер-Емерик Обамејанг18 јуни1989ГабонНапад (фудбал)ФК БарселонаФудбалер

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Рак на белите дробовиЦрна РекаКиткаКрал МаркоБлаговештениеМакедонски народни носииРанченциКирил ПејчиновиќКоле АнгеловскиНационален парк МавровоСмрчкаФК ВардарАвантурите на ПинокиоБилјанини ИзвориПрекршување (физика)ОхридХрватскаМарјан БожиновскиПридавкаРак на желудникИсламот во МакедонијаБислимска КлисураХераклеја ЛинкестисВласинско езероАна ФранкЗаздравување на ранаГемиџииЦиститСедум светски чуда на античкиот светКанадаПовикувачки броеви во МакедонијаЈужна АмерикаДоксициклинТома ЗдравковиќМеѓународен ден на трудотК-15Бастион (музичка група)АлпразоламСолунска ГлаваЃорче ПетровИшијасАнтички МакедонциВитамин Б6БудимпештаПремиер лига на АнглијаДалијаПетре ПрличкоКалин КаменЛионел МесиВојо СтојановскиЈужна КорејаДржавни празници во МакедонијаЗнаме на ГрцијаТигрица (птица)Општина Македонски БродПоткастВасил РинговДаут ХарадинајТалат ЏафериМакедонски месециЗлата Мегленска24 мај (празници)Кети Дончевска-ИлиќШпанијаШишевски манастирУнгаријаКрим (полуостров)БогомилаПелистерВики МиљковиќГаврило ПринципБензенХомеопатијаПсоријазаПрва влада на Никола Груевски🡆 More