Помошен Глагол

Помошен глагол — глагол кој има граматичка функција и додава граматичко значење на дел-реченицата во која се наоѓа.

Помошниот глагол најчесто е добиен од лексички глагол кој ако се користи како помошен го губи лексичкото значење. Помошниот глагол се користи за да се искаже глаголско време, глаголски вид, модалност, залог, потенцирање и слично. Во најголем број случаи помошниот глагол е проследен со лексички глагол, па така во таквата конструкција лексичкиот глагол го дава семантичкото значење на дејството, а помошниот го дава граматичкото значење.

Примери

Македонски јазик

Во македонскиот јазик постојат само два помошни глаголи, глаголот „сум“ и глаголот „има“. Овие глаголи се користат да се создадат и искажат посложени граматички времиња.

Така на пример реченицата:

    „Јас сум работел во полиција“.

глаголот „сум“ нема лексичко значење, туку истиот се користи да се искаже минато неопределено свршено време, поточно се искажува видот во комбинација на глаголската л-форма, додека лексичкото значење го врши глаголот „работи“. Истото значење и истите функции може да се искажат и со глаголот „има“:

    „Јас имам работено во полиција“.

Англиски јазик

Во англискиот јазик има три помошни глаголи (невклучувајќи ги модалните глаголи кои се групираат како посебна категорија), односно: „има“ (have), „сум“ (be) и „прави“ (do). Глаголот „сум“ најчесто се користи за искажување на продолжениот залог (progressive или continuous aspect), „има“ се користи за искажување на перфектен залог (perfect и non-perfect aspect), a „прави“ се користи во сегашните и минатите времиња.

    He does not eat cheese. — „Тој не јаде сирење.“
    She is working in the garden. — „Таа работи во градината“.
    We have published the book. — „Ние ја издадовме книгата“.

Поврзано

Наводи

Tags:

Помошен Глагол ПримериПомошен Глагол ПоврзаноПомошен Глагол НаводиПомошен ГлаголГлаголГлаголски видГлаголско времеГраматикаДел-реченицаЗалог (граматика)Семантика

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Дневникот на Ана ФранкРепродуктивен системЗнаме на МакедонијаStaphylococcus aureusАнтон ПановЦер (село)Андреј ПетровСрпска пропаганда во МакедонијаВитамин Б6Дафина СтојаноскаДебарТамбура (македонска)БајрамАмазонМакедонски парламентарни избори, 1990Вооружена престрелка во Куманово (2015)Македонски претседателски избори (2024)Хороскопски знациСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Средоземно МореПанонски легендиПоделба на властаМакедонски претседателски избори, 1994Ана ФранкПремиер на МакедонијаМијациСардинијаТодор АлександровРомантизамСтефан БогоевМакедонски претседателски избори, 2014Список на дипломатски претставништва на МакедонијаРечник на стари македонски зборовиВелесПрва влада на Зоран ЗаевМатка (кањон)Список на македонски зборови од турско потеклоСистемски лупус еритематозусОпштина ДолнениАлцхајмерова болестМакедонски парламентарни избори, 2008СтрумицаРелигијаГордана ЈанкулоскаЛокални избори во Македонија (2009)Национален парк ПелистерМакедонија во металното времеМеталПирамида (геометрија)Петар ГошевСписок на држави во светотБугарски возМаја ИвановаТунисДиво месо (драма)Меѓународни празнициЗагадување на водатаПрва светска војнаМарко ЦепенковДанте АлигиериНеутрализацијаTrackBackМозокМиланоВикипедија на македонски јазикОбединето КралствоБујар ОсманиСадула ДуракуСтево ЦрвенковскиРоманијаНикола ПопоскиРеферендум во Македонија (2004)Список на градови во МакедонијаОпштина СтрумицаСписок на држави по населениеПрва влада на Бранко ЦрвенковскиГустав Шваб🡆 More