Плетвар: село во Општина Прилеп

Плетвар — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.

Плетвар
Плетвар: Географијa и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото Плетвар

Плетвар во рамките на Македонија
Плетвар: Географијa и местоположба, Историја, Стопанство
Плетвар
Местоположба на Плетвар во Македонија
Плетвар на карта
Координати 41°22′10″N 21°39′05″E / 41.36944° СГШ; 21.65139° ИГД / 41.36944; 21.65139
Регион Плетвар: Географијa и местоположба, Историја, Стопанство Пелагониски
Општина Плетвар: Географијa и местоположба, Историја, Стопанство Прилеп
Област Раец
Население 9 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7500
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20080
Надм. вис. 990 м
Плетвар на општинската карта
Плетвар: Географијa и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Плетвар во рамките на општината
Плетвар: Географијa и местоположба, Историја, Стопанство Плетвар на Ризницата

Географијa и местоположба

Плетвар се наоѓа во близина на истоимениот превој, кој ги разделува планините Дрен и Бабуна и ги поврзува Пелагонија и градот Прилеп со Раец и Тиквешијата. Селото е планинско и е сместено на надморска височина од 990 м. Од градот Прилеп е оддалечено 9 км. Селскиот атар зафаќа површина од 18,8 км2.

Историја

Во XIX век, Плетвар било македонско село во Прилепската каза на Отоманското Царство. Според Георги Трајчев, во селото работело училиште од 1846 година, а во 1902 година била изградена нова училишна зграда.

Стопанство

Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 704 ха, на шумите отпаѓаат 515 ха, додека обработливото земјиште зафаќа површина од 279 ха. Во близина на селото има наоѓалиште на бел мермер.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948426—    
1953387−9.2%
1961331−14.5%
1971177−46.5%
198187−50.8%
ГодинаНас.±%
199144−49.4%
199430−31.8%
200222−26.7%
20219−59.1%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Плетвар било село со 48 домаќинства и 208 жители.

Според статистиката на Васил К‘нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Плетвар имало 472 жители. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Плетвар имало 456 жители.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Плетвар се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 68 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.

Селото броело 331 жител во 1961 година, додека во 1994 година бројот се намалил на 30 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 22 жители, од кои 21 Македонец и 1 Србин.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 8 Македонци и 1 лице без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 472 456 426 387 331 177 87 44 30 22 9

Родови

Плетвар е македонско село.

Родови од селото се следниве:

  • Староседелци: Соколовци (7 куќи), Трпановци (4 куќи), Мурџевци (4 куќи), Кочовци (3 куќи), Порјезовци (1 куќа), Стојчевци (6 куќи), Мурговци (3 куќи), Крнчевци (2 куќи), Чафкаровци (2 куќи), Оџовци (2 куќи) и Карачковци (2 куќи).
  • Доселеници: Никовци (6 куќи) доселени се од Тиквеш, Караиловци (5 куќи) доселени се од Кавадарци, Дуковци (6 куќи) доселени се од мариовското село Кокре, Шијаковци (11 куќи) доселени се од селото Никодин, Будевци (3 куќи) и Вељановци (1 куќа) доселени се од непознат крај.

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; а во периодот од 1952 до 1962 година било седиште на истоимената Општина Плетвар.

Избирачко место

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1422 кое е сместено во приватна куќа.

Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Плетвар: Географијa и местоположба, Историја, Стопанство 
Црквата „Св. Кузман и Дамјан“
    Археолошки наоѓалишта
  • Барички Дол — населба од доцноантичко време;
  • Плетвар — осамен наод од римско време;
  • Селиште — осамен наод од римско време; и
  • Чашка — осамен наод од римско време.
    Цркви
    Споменици
  • Споменик на НОБ.
    Реки
  • Караманица.

Природа

Плетвар: Географијa и местоположба, Историја, Стопанство 
Чингова окатка (Pseudochazara cingovskii), ендемски вид кој се среќава само во околината на Плетвар

Во околината на селото се среќава ендемскиот вид на пеперутка Чингова окатка. (Pseudochazara cingovskii)

Личности

    Починати во Плетвар

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Плетвар Географијa и местоположбаПлетвар ИсторијаПлетвар СтопанствоПлетвар НаселениеПлетвар Општествени установиПлетвар Самоуправа и политикаПлетвар Културни и природни знаменитостиПлетвар ПриродаПлетвар ЛичностиПлетвар ГалеријаПлетвар НаводиПлетвар Надворешни врскиПлетварКавадарциОпштина ПрилепПрилепРаечка Котлина

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Лимфен јазолДенес над МакедонијаПремиер на МакедонијаЗмијаБранко ЦрвенковскиХепатитКорупцијаМакедонски парламентарни избори, 2011Манастир ОстрогБраќа МиладиновциСвети ГеоргиУстав на МакедонијаОпштина БутелШтитна жлездаСтобиСтојан АндовРадмила ШекеринскаЧернобилВМРО-ДПМНЕОпштина ТетовоПетар ГошевПлунковни жлездиИзборна единица 9Биљал КасамиПрва балканска војнаМултипла склерозаЗборник на МиладиновциМакедонски парламентарни избори, 1994Список на градови во МакедонијаОтоманска МакедонијаВанчо МихајловИсторија на христијанствотоДаут ХарадинајСипанициМаргарет ТачерПсихологија на личностаЉубиша ГеоргиевскиВилсонова болестОпштина БрвеницаАвстралијаПреспански договорМакедонски парламентарни избори, 2002Рак на белите дробовиДесет Божји заповедиДанте АлигиериПиринска МакедонијаОпштина ЧаирСистемски лупус еритематозусСписок на македонски зборови од турско потеклоВитамин Б6Македонска православна црква - Охридска архиепископијаЛешокСилвио ПиколоминиМакедонски БродМиом на маткаБременостФранческо ПетраркаСоветски СојузТалат ЏафериАнтибиотикТромбоцитопенијаБалкански рисСписок на градови во ГерманијаЕстивацијаТетовоМакедонски парламентарни избори, 1998Народна Република МакедонијаПитом пелинАлжирАлберт АјнштајнСолунски атентатиСписок на држави по населениеХристијан МицкоскиК-15Прва светска војнаСписок на државни знамињаОдржлив развојКонстантин МиладиновРак на грло на матка🡆 More