Петокнижје

Петокнижје (хебрејски: חֲמִשָּׁה חֻמְשֵׁי תּוֹרָה— хамиша хумшеј Тора или — хумаш), познато и како Мојсеев закон, ги претставува првите пет книги од канонската хебрејска и христијанска Библија: Битие, Исход, Левит, Броеви и Второзаконие.

Петокнижјето го претставува првиот дел од хебрејскиот Танах - Тора. Името Петокнижје е буквален превод од грчкиот πεντάτευχος од πεντε — „пет“ и τευχος — „книги“.

Структура на Петокнижјето

Невозможно е да се одреди кога Тора била поделена на пет книги. Постои мислење дека оваа поделба е направена долго пред уништувањето на Вториот храм (што значи пред новата ера), но првото спомнување на поделбата на Тора на пет книги се појавува во Талмудот (3 век). Во секој случај, покрај чисто технички причини, поделбата настанала и поради структурата на тестот.

  1. Книгата Битие раскажува за создавањето на светот, за гревот на прародителите, за големиот потоп, потоа за историјата на старозаветните патријарси.
  2. Книгата Исход има пролог и епилог, што ја одвојува од другите книги, раскажува за егзодусот од Египет, примањето на Десетте заповеди на Синајската Гора и упатствата за изградба скинијата - односно начинот на кој живеел меѓу Израелците и водењето во ветената земја.
  3. Книгата Левит е главно посветена на свештеничките закони и храмската служба.
  4. Книгата Броеви раскажува за патувањето во пустината по добивањето на Законот за Синајската Гора и за војните што ги воделе Израелците освојувајќи области во Трансјорданија.
  5. Второзаконие е повторување на законите претставени во преодните книги на Петокнижјето, како и резиме на настаните од Исходот па наваму.

Книги на Петокнижјето

Хебрејски Транскрипција Превод Македонски Црковнословенски Латински Старогрчки
בְּרֵאשִׁיט Берешит Во почетокот Битие Бытїѐ Genesis Γένεσις
שְׁמוֹת Шемот Имиња Исход Исхо́дъ Exodus Ἔξοδος
וַיִּקְרָא Ваиикра И тој се вика Левит Левíтъ Leviticus Λευτικόν
בְּמִדְבַּר Бемидбар Во пустината Броеви Чи́сла Numeri Ἀριθμοί
דְּבָרִים Дварим Зборови Второзаконие Второзако́нїе Deuteronomium Δευτερονομιον

Наводи

Tags:

ЈудаизамБиблијаБитие (библиска книга)БроевиВторозакониеГрчки јазикИсход (библиска книга)ЛевитХебрејски јазикХристијанство

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ДекамеронБитка кај Мечкин КаменНАТОХепатит ЦМакедонски денарЗмијаРадовишТартифМинистер за финансии на МакедонијаПоделба на гласовите во македонскиот јазикСписок на македонски зборови од турско потеклоСписок на главни градови во светотШтипЉубиша ГеоргиевскиГригор ПрличевВооружена престрелка во Куманово (2015)КипарАнтичка МакедонијаМакедонија (регион)Македонија во металното времеДржавни празници во БугаријаМасакр во СребреницаНадреден знакКрвна групаМакедонски претседателски избори (2014)Општина КрушевоДафина СтојаноскаОикофобијаГрадинарствоСлуз-цедење во грлотоБалканска приказна (ТВ-серија)Атентат врз Киро ГлигоровБели мугриРеферендум во Македонија (2004)Споменка (книга)Рак на желудникАнгинаПреспански договорМакедонијаБугарски возРистиќева палатаМакедонска крвава свадбаЈордан Хаџи Константинов-ЏинотМакедонски претседателски избори, 1994Венко ФилипчеСписок на Влади на МакедонијаТурцијаАлтернатива (политичка партија)Движење БесаИнтеграСкратеници во македонскиот јазикЗагадување на водатаХрватскаКриптовалутаЉупчо ЈордановскиЉубчо ГеоргиевскиСрпска странка во МакедонијаМехмед-паша СоколовиќОпштина Ѓорче ПетровПравоаголникГоце ДелчевОпштина КарбинциРечник на стари македонски зборовиДемократски сили на РомитеЌемане (македонско)ГемиџииМакедонски парламентарни избори (2020)ИнтернетБугаријаСлезинаСписок на градови во МакедонијаПат околу светот за 80 денаЏезАнална фисураРимско ЦарствоРевматоиден артритисОпштини во МакедонијаТамбура (македонска)🡆 More