Откривање На Америка

Пред 15 век Европејците воопшто не знаеле за постоењето на Америка.

Значајниот пораст на европското население создал услови Европејците да бараат нови земји за колонизација или за трговија. Првите авантуристи започнале со ширење на егзотични приказни за чудни светови, носејќи од таму егзотични блага. Така, во потрага по нов пат за Индија, на 3 август 1492 година италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо, во име на шпанскиот кралски двор, со бродовите Санта Марија, Ниња и Пинта тргнал на долгоочекуваното пронаоѓање на морскиот пат за Индија. Тој најпрвин ги открил Канарските Острови од каде што на 6 септември тргнал на пет неделно патување по Атлантскиот Океан. Тој на копно стасал на 12 октомври 1492 кога морнарот Родриго де Тријана го здогледал копното.

Патувањата на Кристофер Колумбо
Откривање На Америка
The Four Voyages of Columbus
Други имињаОткривање на Америка; Патувањата на Кристофер Колумбо; Откривање на Америка од Колумбо; Откривање на Америка; Откривање на Новиот Свет
УчеснициКристофер Колумбо и членови на екипажот
МестоАмерика
Датум1492 - 1503
ИсходЕвропско истражување на Америка

Колумбо сметал дека стигнал до Индија, па затоа луѓето што ги нашол таму ги нарекол Индијанци. Тие го пречекале Колумбо со најголеми почести, а тој тоа го искористил, па на враќање во Шпанија ги наполнил бродовите со богатство.

Шпанска колонизација

Првите шпански колонисти, кои Колумбо ги довел со себе на своето второ патување, се населувале крај Карибите. Шпанците кои сакале да преземат експедиција во Новиот Свет, морале да добијат дозвола од Круната и да му платат на монархот една петтина од секое богатство собрано во новите колонии, а притоа колонизаторите сами ги финансирале своите експедиции. Првите шпански колонисти во Америка биле заинтересирани само за експлоатација на златото и среброто, и успевале во тоа. Шпанската тврдина изградена во 1565 година во Сент Аугустин на Флорида, станала првата постојана европска населба во денешните Соединети Држави.

Шпанците биле првите Европејци кои стигнале до Апалачките Планини, до реката Мисисипи, Големиот Кањон и до прериите западно од Мисисипи. Во 1540 година, Де Сото презел истражувачка експедиција, а Франциско Васкес де Коронадо повел 2.000 Шпанци и Индијанци од Мексико низ денешната граница меѓу Аризона и Мексико и стигнал до централен Канзас.

Покрај Сент Аугустин, Шпанците ги основале и градовите Санта Фе, Албукерк, Сан Антонио, Тусон, Сан Диего, Лос Анџелес и Сан Франциско.

Холандска колонизација

Холанѓаните во 17 век ја основале својата колонија наречена Нова Холандија, на источниот брег од Северна Америка. Опфаќала делови од денешен Њу Џерси, Њујорк, Конектикат, Делавер и Пенсилванија. Главен град бил Нов Амстердам, кој се наоѓал на јужниот дел од островот Менхетен, крај Њујоршкиот Залив, кој потоа е прекрстен во Њујорк.

Француска колонизација

Територијата која ја колонизирале Французите во Северна Америка во 1712 година (пред договорот од Ултрех) се протегала од Њу Фаундленд до Роки Маунтаин, и од заливот Хадсон до заливот Мексико. Територијата била поделена на пет колонии, секоја со своја администрација: Канада, Акадија, Хадсон, Њуфаундленд и Луизијана.

Англиска колонизација

Првиот документиран контакт на Англија со Новиот Свет дошол само пет години по шпанскиот. Во 1497 година, Џон Кебот отпловил до североисточниот брег на Северна Америка под покровителство на кралот Хенри VII. Но, поминале речиси сто години пред Англичаните да направат сериозни напори за да основата колонии. На некои Англичани Новиот Свет им изгледал привлечно, бидејќи нудел нешто што во Англија тешко се наоѓало: земја.

Поврзано

Наводи

Tags:

Откривање На Америка Шпанска колонизацијаОткривање На Америка Холандска колонизацијаОткривање На Америка Француска колонизацијаОткривање На Америка Англиска колонизацијаОткривање На Америка ПоврзаноОткривање На Америка НаводиОткривање На Америка12 октомври14923 август6 септемвриАтлантски ОкеанЕвропаИндијаКанарски ОстровиКристофер КолумбоПинтаРодриго де Тријана

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

АнархизамГрб на МакедонијаИндијаВелики вторникЈордан ПлевнешЕрман ШабанБалканска приказна (ТВ-серија)Баталјон за специјални намениОпштина ИлинденПсихологија на личностаВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаОбединети нацииОпштина КривогаштаниЛибанЦистична фиброзаИлуминатиСвети Кипријан СлепченскиПоштенски броеви во МакедонијаОпштина РосоманТенко цревоСловенечки јазикВештачка интелигенцијаТомо ШијакФК ЧелсиДоксициклинБорис ТрајковскиБедија БеговскаРечник на стари македонски зборовиСтрасна седмицаПравопис и правоговор на македонскиот јазикЕстрогенЧетврта влада на Никола ГруевскиМаловиштеМозочно крвавењеРизница (Викимедија)Бегство од ШошенкВардарСписок на македонски народни поговоркиТувански јазикОпштина ТетовоБубрегРоднински односиБосна и ХерцеговинаБродец (Скопско)АвстралијаЗаздравување на ранаРамоКичевоГеографија на МакедонијаИлинденско востаниеБогданциТреска (состојба)ISBNОпштина СопиштеМара БуневаМасакр во СребреницаБиблијаАкутен трансверзален миелитисВелики четвртокТестостеронМакедонци-муслиманиВлада на МакедонијаМенопаузаБалкански ПолуостровАваскуларна некрозаВенко ФилипчеАлександар ШехтанскиСписок на држави во светотВикипедија на македонски јазикСписок на езера во МакедонијаМарија АнтоанетаМарокоАлцхајмерова болестКокино (наоѓалиште)Сојуз на комунистите на Македонија🡆 More