Отворен формат за документи или ОДФ (ODF од OASIS Open Document Format) за канцелариски апликации, е формат на податотеки кој се користи за опишување на електронски документи како што се мемоари, извештаи, книги, табели, дијаграми, презентации и обработување на текст.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Овие стандарди се развиени од техничкиот комитет на Организацијата за унапредување на стандардите за структуирани информации и се засноваат на XML форматот првично направен и имплементиран во OpenOffice.org канцеларискиот пакет. ОДФ е OASIS стандард и е објавен како меѓународен ISO и IEC стандард рефериран како ISO/IEC 26300:2006.
Стандардот за ОДФ ги исполнува бараните дефиниции за отворен стандард, што значи дека спецификацијата за овој формат е слободна и достапна за секого со можност за целосно имплементирање.
Најчесто употребуваните наставки за податотеки кои се користат за ОДФ се:
ОДФ податотека може да биде секоја XML податотека која користи
Постојат сеопфатни и различни примери на ОДФ документи кои се достапни како пакет или одделно лиценцирани под Creative Commons Attribution 2.5 лиценцата.
Отворениот стандард за документи е развиен од Техничкиот комитет (ТК) на Организацијата за унапредување на стандардите за структуирани информации кој спаѓа во конзорциумот на OASIS. ОДФ-ТК има членови од различни компании и индивидуалци со исти права како и останатите. Процесот на стандардизирање вклучува многу од членовите на развивачките тимови на различни канцелариски пакети и слични групации за документи. Првиот официјален ОДФ-ТК состанок каде се дискутираше стандардот се одржа во 2002 на 16 декември. OASIS го одобри ОДФ како нивен стандард на 1 мај 2005. OASIS ги достави спецификациите за ОДФ на Техничкиот комитет при ISO/IEC на 16 ноември 2005, според правилата на Јавно достапните спецификации.
По шест месечен период на сеопфатно прегледување, на 3 мај 2006, ОДФ едногласно беше усвоен со гласање во наведените институции со опсежно присуство, по што спецификациите за Отворениот формат за документи беше "одобрен како ISO и IEC меѓународен стандард".
По одговорите на сите коментари поврзани со гласањето, ОДФ остана да биде издаден и од страна на ISO, што и официјално е направено на 30 ноември 2006г.
Италијанската организација за стандардизација UNI, го прифати форматот на 25 јануари, 2007г.
Понатамошната работа врз стандардизирањето на ОДФ вклучува:
Софтвер
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Отворен формат за документи, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.