Кичевско Орланци: село во Општина Кичево

Орланци — мало село во областа Рабетинкол, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Орланци
Кичевско Орланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед кон селото на местото каде се двои асфалтниот пат за двете маала

Орланци во рамките на Македонија
Кичевско Орланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Орланци
Местоположба на Орланци во Македонија
Орланци на карта
Координати 41°30′12″N 21°2′21″E / 41.50333° СГШ; 21.03917° ИГД / 41.50333; 21.03917
Регион Кичевско Орланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југозападен
Општина Кичевско Орланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Кичево
Област Рабетинкол
Население 17 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6258
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12050
Надм. вис. 700 м
Слава Свети Никола (летен и зимен)
Орланци на општинската карта
Кичевско Орланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Орланци во рамките на општината
Кичевско Орланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Орланци на Ризницата

Географија и местоположба

Кичевско Орланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Средиштето во Средно Маало

Селото се наоѓа во Кичевската Котлина, во областа Рабетинкол, во источниот дел на територијата на Општина Кичево. Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри. Од градот Кичево е оддалечено 7 километри и лежи во подножјето на планината Челоица.

Селото е познато во Кичевско, сместено во подножјето на југоисточната падина на масивот Голи Рид. Околни села се: Челопеци, Речани и Крушица.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Старец, Димоа Нива, Гарански Рид, Мело Ливада, Мала Ливада, Филипои Колиби, Јели, Ограѓе, Ливади, Средно Поле, Црн Лаг, Река, Слатина, Клукоо, Кошари, Орници, Песок, Поток, Станишец, Банско, Душец, Садајне, Орница, Црквиче и Попоо Гумно.

Селото има разреден тип. Поделено е на Предно, Средно и Долно Маало. Првото е во североисточниот дел, а последното во југозападниот дел. Роднинските куќи се групирани и се поблиску една до друга.

Историја

Орланци спаѓа во старите населби во Кичевско. Под истото име се споменува во втората половина на XV век, кога било поголемо од денес и броело 97 словенско-христијански куќи. Селото во тоа време се наоѓало 2 километри северно од денешната положба, сместено на планинската падина во месноста Мала Ливада. Мештаните се префрлиле на денешната положба во првата половина на XIX век.

Во месноста Селиште се наоѓаат остатоци од срушен храм, каде мештаните се собираат на Св. Ѓорѓи (посен). Слаби остатоци има и јужно од Орланци, каде се наоѓа црквиште и мештаните одат на Атанасовден. На месноста Попоо Гумно се наоѓаат стари гробови.

Во XIX век, Орланци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Кичевско Орланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Селото изобилува со стари зачувани куќи
Кичевско Орланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на Долно Маало

Атарот зафаќа простор од 12,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 732 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 212 хектари, а на пасиштата 168 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

За време на отоманскиот период, селаните сами ја поседувале земјата. По заминувањето на Турците, селаните збогатени од печалбите купувале плодна почва во рамнината околу Треска, во атарите на торбешките села.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948514—    
1953474−7.8%
1961392−17.3%
1971281−28.3%
1981151−46.3%
ГодинаНас.±%
199183−45.0%
199476−8.4%
200237−51.3%
202117−54.1%

Според податоците од 1873 година, селото Орланци имало 48 домаќинства со 184 жители христијани (Македонци).

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 640 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Орланци имало 800 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Орланци се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 100 куќи.

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Орланци:

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
98 170 153 42 195 181 242 423

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.

Селото преминало од средно во мало село, коешто во 1961 година броело 392 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 76 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Орланци живееле 37 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 14 Македонци и 3 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 640 800 514 474 392 281 151 83 76 37 17

Родови

Во селото Орланци живеат Македонци, христијани. Во селото има староседелски и доселенички родови.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

  • Староседелци: Печурковци (9 к.), Кензовци (4 к.), Поповци (4 к.), Богдановци (3 к.), Грујовци (3 к.), Радевци (3 к.), Трајковци (3 к.), Белевци (3 к.), Грубановци (3 к.), Миајлевци (2 к.), Прпачовци (2 к.), Мојсовци (2 к.), Шабановци (2 к.), Најдевци (2 к.), Симјановци (1 к.), Цекеровци (1 к.), Шилковци (1 к.), Мутавџиовци (1 к.), Митревци (1 к.), Стојановци (1 к.) и Илијовци (1 к.);
  • Доселеници: Николовци (5 к.) и Музаревци (3 к.), доселени се од селото Кладник; Тутунџиовци (2 к.), доселени се од селото Русјаци, основачот на родот бил домазет; Поп-Симјановци (1 к.), доселени се од Речани; Куслевци (8 к.), Јаневци (4 к.), Новаковци (1 к.), Мирчевци (1 к.) и Чупаревци (1 к.), доселени се однекаде; Стрезовци (4 к.), доселени се од селото Сретково, Гостиварско; Калевци (3 к.), доселени се од областа Матија во Албанија. Сосема се иселени родовите Колевци и Сиљановци.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:

  • Староседелци: Печуровци (10 к.), Грубановци (3 к.), Спасеновци (3 к.), Поповци (4 к.), од нив потекнува владиката Козма Пречистански, Мирчевци (2 к.), Чупчевци (2 к.), Влајковци (2 к.), Радевци (14 к.), Муовци (1 к.), помеѓу нив има домазет од Босна, Пашовци (1 к.) и Горевци (6 к.), помеѓу нив има домазет од селото Челопеци (од Грујовци).
  • Доселеници: Мутавџијовци (2 к.), доселени се пред 400 години од селото Кладник; Џанчевци (3 к.), доселени се од селото Стрелци; Мијаилевци (3 к.), доселени се пред околу 300 години од селото Кладник; Поп Ѓорѓевци (2 к.), доселени се пред околу 300 години од селото Лешница, па затоа ги викаат Шопки; Музаревци (2 к.), доселени се пред околу 300 години од некое село Кошино во Порече (веројатно Прилепско); Стреовци (22 к.), доселени се пред околу 500 години од селото Сретково кај Гостивар; Калевци (3 к.), доселени се пред околу 400 години од областа Матија во Албанија; Белевци (5 к.), доселени се од селото Кладник; Клумчаровци (1 к.), доселени се пред околу 250 години од селото Речани и Куслевци (15 к.), доселени се пред околу 400 години од некое село Речани кај Битола (?).

Општествени установи

Кичевско Орланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поранешното основно училиште „Маршал Тито“
  • Поранешно основно училиште „Маршал Тито“

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Вранештица.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната истоимена општина, во која покрај селото Орланци, се наоѓале и селата Дупјани, Козичино, Крушица, Миокази, Патец, Рабетино, Речани, Светораче и Челопеци. Во периодот 1950-1952, селото влегувало во рамки на некогашната Општина Челопеци, заедно со селата Лисичани, Миокази, Орланци и Челопеци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0809 според Државната изборна комисија, сместено во селскиот дом.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Кичевско Орланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Селската црква „Св. Никола“ во Предно Маало
Кичевско Орланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Селската црква „Св. Недела“ во Долно Маало
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
  • Црква „Свети Никола" — изградена во 1872 година. Поради тоа што Турците ја запалиле, во целост изгорела во 1903 година. Обновена е во 1908 година, во нејзиниот поранешен изглед, црквата претставува масонска градба. Иконостасот, кој е пренесен од старата црква, е изработен во периодот помеѓу 1882-1885 година.
  • Црква „Свети Недела" — градена на темели од постара црква, која потекнува од 1938/39 година. Осветена на 7 август 2005 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

Во минатото се бележи дека селото имало 12 цркви и манастири. Од нив се зачувани само гореспоменатите две. Меѓу оние за кои се знае дека се урнати се: „Св. Атанасиј“, за која се верува дека била средновековна, но без точен датум на изградба; манастирот „Св. Богородица“ и црквата „Св. Ѓорѓи“.

Личности

    Родени во или по потекло од Орланци
  • Петре Ангеле Белев — (1821-1894) — член на ВМРО
  • Козма Дебарски (околу 1835-1918) — духовник, дебарски митрополит
  • Јанакија Белев (1866-1813) — трговец и револуционер
  • Крсто Стефанов (?-1911) — духовник
  • Насте Печурков (?-?) — револуционер
  • Јоше Белев (?-1907) — член на ВМРО
  • Димитрија Ѓорески — македонски револуционер од ВМОРО
  • Генко Мијаилески — македонски револуционер од ВМОРО
  • Вељан Стојчески — македонски револуционер од ВМОРО
  • Мијајло Стреоски — македонски револуционер од ВМОРО
  • Трајче Стреоски — народен херој, убиен од бугарскиот фашистички окупатор во 1943 г.
  • Санде Алексоски (1924-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
  • Санде Белески (1922-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
  • Мито Ѓорѓиjоски (1922-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
  • Слободан Лазаревски (р. 1939) — максилофацијален хирург

Иселеништво

Од селото се имаат иселено бројни жители. Најмногу иселувања се забележани во Белград и Земун, каде по Втората светска војна се иселиле 30 домаќинства. Сосем се имаат иселено родовите Колевци и Силјановци. Родот Поповци во кичевското село Русјаци е доселен од Орланци.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Кичевско Орланци Географија и местоположбаКичевско Орланци ИсторијаКичевско Орланци СтопанствоКичевско Орланци НаселениеКичевско Орланци Општествени установиКичевско Орланци Самоуправа и политикаКичевско Орланци Културни и природни знаменитостиКичевско Орланци ЛичностиКичевско Орланци ИселеништвоКичевско Орланци ГалеријаКичевско Орланци НаводиКичевско Орланци ПоврзаноКичевско Орланци Надворешни врскиКичевско ОрланциКичевоОпштина КичевоРабетинкол

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Ернест ХемингвејОпштина КарпошАна ФранкСписок на пеперутки во МакедонијаЛевица (политичка партија)Јустинијан IСписок на македонски филмовиСоцијалистичка Република МакедонијаРоднински односиТодор АлександровМакедонска крвава свадбаЛионел МесиАпозиција во македонскиот јазикСкратеници во македонскиот јазикЦирозаАрмија на МакедонијаМултипла склерозаВранаЛетно сметање на времетоДора БакојаниАлександар Сергеевич ПушкинОпштина Маврово и РостушеБојан (роман)Политички системИфтарПоезијаБубрежен каменМатичен млечЛимфен јазолЗлатоХајди (роман)Петар Поп АрсовОпштина ОхридБудизамСписок на реки во МакедонијаМоралЖивотниРоманЗагребДванаесет АпостолиЦрна ГораВизантијаЛокални избори во Македонија (2021)Периоден систем на елементитеПолип на маткатаАли АхметиЧовечко телоПопис на населението во Македонија (2021)МислодеждаМјузиклДанела АрсовскаШенген-зонаИзборна единица 6Општина КончеЃурѓовденРадождаСтар заветСлаткаристикаКатерина ТаневаНова алтернативаПустинаСмртност на доенчињаРак на грлоТројанска војнаАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаБратиславаМагнетЈудаизамЕкосистемДабТокиоГлаголски прирокМакедонскиОпштина ВиницаЛехово (Леринско)АлжирЗнаме на МакедонијаБиблијаМакедонски Власи🡆 More