Орбитална Резонанца

Во небесната механика, орбитална резонанца се јавува кога телата кои орбитираат вршат меѓусебно редовно, периодично гравитациско влијание, обично затоа што нивните орбитални периоди се поврзани со однос на мали цели броеви.

Најчесто, оваа врска се наоѓа помеѓу неколку тела. Физичкиот принцип зад орбиталната резонанца е сличен на концептот на туркање дете на нишалка, при што орбитата и нишалката имаат природна честота, а телото што „турка“ делува со периодично повторување за да има кумулативен ефект врз движењето. Орбиталните резонанци во голема мера го подобруваат взаемното гравитациско влијание на телата (т.е. нивната способност меѓусебно да ги менуваат или ограничуваат орбитите). Во повеќето случаи, ова предизвикува нестабилно взаемно дејство, во кое телата разменуваат импулс и ги менуваат орбитите сè додека резонанцата ја снема. Во одредени усови, резонантниот систем може да биде самокорегирачки и на тој начин да стане стабилен. Вакви примери се 1:2:4 резонанцата меѓу месечините на Јупитер Ганимед, Европа и Ија, и 2:3 резонанцата помеѓу Плутон и Нептун. Нестабилните резонанци на Сатурновите внатрешни месечини ги предизвикуваат јазовите кај Сатурновите прстени. Посебниот случај на резонанца 1:1 помеѓу тела со слични орбитални пречници предизвикува големите тела од Сончевиот Систем најчесто да ги исфрлаат другите тела со кои ја споделуваат орбитата; ова е дел од многу пообемниот процес на расчистување на соседството, ефект што се користи во сегашната дефиниција за планета.

Орбитална Резонанца
Лапласовата резонанца со три тела поставена за трите Галилееви месечини на Јупитер. При конјункција нивната боја накратко се менува. Има две врзувања Ија-Европа (зелена) и три Ија-Ганимед (сива) за една конјункција на Европа-Ганимед (магента). Овој дијаграм не е во размер.

Соодносот на бинарна резонанца во оваа статија треба да се толкува како однос на бројот на револуции завршени во ист временски интервал, а не како однос меѓу орбиталните периоди, што би бил реципрочен однос. Така, погоре опишаниот однос од 2:3 значи дека Плутон двапати кружи околу Сонцето за времето што му е потребно на Нептун да направи три круга. При резонанца меѓу три или повеќе тела, може да се користат двата типа на однос, а типот на односот ќе биде наведен.

Историја

По откривањето на Њутновиот закон за универзална гравитација во 17 век, многу математичари се преокупирале за стабилноста на Сончевиот Систем, меѓу кои и Пјер Симон Лаплас. Стабилните орбити кои се јавуваат при приближување со две тела го занемаруваат влијанието на другите тела. Ефектот од овие дополнителни взаемни дејства врз стабилноста на Сончевиот Систем е многу мал, но на почетокот не било познато дали при можна кумулација на ефектот на подолг рок тој може значително да ги промени параметрите на орбитата и да доведе до сосема поинаква конфигурација или дали некои други стабилизирачки фактори може да ја сочуваат конфигурацијата на орбитите на планетите.

Лаплас ги понудил првите одговори и ја објаснил поврзаната орбита на галилеевите месечини (види подолу). Пред Њутн, исто така имало разгледување на соодносите и пропорциите во орбиталните движења, во она што се нарекувало „музика на сферите“ или музика на универзумот.

Статијата за резонантните дејства ја опишува резонанцата во општото опкружување. Главна цел на проучувањето на динамичките системи е да се открие и да се опише многу поедноставен модел на системот на врзување. Аналогно на тоа, кај орбиталната резонанца поголемо тело врши периодичен гравитациски удар врз помало тело, додека тоа минува покрај него. Местата во орбитата каде се врши ударот се наречени Арнолдови јазици.

Видови на резонанца

Орбитална Резонанца 
Големата полуоска на резонантните заднептунски тела (црвено) се збиени на места на резонанции со низок цел број со Нептун (вертикални црвени ленти горе), во споредба со кубевано телата (сино) и нерезонантните (или не се знае дека се резонантни) расеани тела (сиво).
Орбитална Резонанца 
Табела за распоредот на големите полуоски на астероидите, која ги прикажуваКерквудовите јазови во кои орбитите се дестабилизирани од резонанцата со Јупитер
Орбитална Резонанца 
Бранови со спирална густина кај Сатурновите прстени под влијание на резонанците од внатрешните месечини. Ваквите бранови се шират од планетата (горе лево). Многуте бранови на средина се резултат од 6:5 резонанцата со Јанус.
Орбитална Резонанца 
Титановото прстенче во Колумбовиот јаз кај Ц прстенот на Сатурн (на средина) и наклонетите орбити на резонантните честички во свиен бран веднаш до него има апсидни и нодални прецесии, во пропорција со Титановото средно движење.

Орбиталната резонанца може да:

  • содржи еден или комбинација од орбитални параметри (на пр. ексцентричност во однос со главна полуоска, или орбитално занесување во однос со наклонот).
  • влијае на секој временски рок, од краткорочен, во кој се споредуваат орбиталните периоди, до секуларен, за мерења од 104 до 106 години.
  • доведе до долгорочно стабилизирање на орбитите или да биде причина за нивна дестабилизација.

Орбитална резонанца на средно движење се јавува кога две тела имаат периоди на обиколка кои се во меѓусебен однос од цел број. Во зависност од околностите, ова може или да ја стабилизира или да ја дестабилизира орбитата. Стабилизација се јавува кога двете тела се движат на синхронизиран начин при што никогаш не се доближуваат мегу себе. На пример:

  • Орбитите на Плутон и плутината се стабилни, и покрај тоа што ја пресекуваат орбитата на многу поголемиот Нептун, затоа што се во 2:3 резонанца со него. Резонанцата им овозможува секогаш кога ќе се приближуат до перихелот и орбитата на Нептун, Нептун да е постојано оддалечен (во просек една четвртина од неговата орбита). Другите (во многу поголем број) тела кои ја пресекуваат орбитата на Нептун, а не биле во резонанца биле исфрлени од тој регион поради силните растројувања од Нептун. Исто така, има помали, но значајни групи на резонантни заднептунски тела кои имаат 1:1 (Нептунските тројанци), 3:5, 4:7, 1:2 (тутини) и 2:5 резонанца меѓу другите, во однос на Нептун. .
  • Во астероидниот појас на растојание од преку 3,5 AЕ од Сонцето, во 3:2, 4:3 и 1:1 резонанците со Јупитер се наоѓаат групи на астероиди (Хилдовото семејство, неколкуте Туле астероиди и многуте тројански астероиди).

Орбиталните резонанции исто така може да дестабилизираат една од орбитите. Овој процес може да се искористи за да се најдат енергетски ефикасни начини за деорбитирање на вселенските летала. За малите тела, дестабилизацијата е всушност многу поверојатна. На пример:

  • Во астероидниот појас на оддалеченост од 3,5 AЕ од Сонцето, основните резонанци на средно движење со Јупитер се местата на јазови во присуството на астероиди, Керквудови јазови (најзабележителни се во 4:1, 3:1, 5:2, 7:3 и 2:1 резонанцата). Астероидите се исфрлани од овие скоро празни појаси поради повторливите растројувања. Сепак, сè уште има привремено присуство на астероиди во близина на овие резонанции. На пример, астероидите од Алиндското семејство се блиску до 3:1 резонанцата, при што нивната орбитална занесеност постојано се зголемува со дејството на Јупитер додека конечно не се сретнат со внатрешна планета која ги исфрла од резонанцата.
  • Во Сатурновите прстени, Касини јазот е празнина помеѓу внатрешниот прстен Б и надворешниот прстен А кој настанал поради чистење предизвикано од 2:1 резонанца со месечината Мимант. (Поточно, местото на резонанца е Хајгенсовиот јаз, кој е надворешната граница на прстенот Б).
  • Кај Сатурновите прстеви, Енке и Килер јазовите во Прстенот А се расчистуваат со 1:1 резонанции со месечинките Пан и Дафнис, соодветно. Надворешниот раб на прстенот А се одржува со дестабилизирачка 7:6 резонанца со месечината Јанус .

Повеќето тела кои се во резонанца орбитираат во иста насока; сепак, повратниот астероид 514107 Каепаокакаавела изгледа дека е во стабилна (за најмалку милион години) 1:−1 резонанца со Јупитер. Исто така, пронајдени се неколку повратни дамоклоиди кои се привремено заробени во резонанца на средно движење со Јупитер или Сатурн. Ваквите орбитални интеракции се послаби од интеракциите помеѓу телата кои орбитираат во иста насока.

Лапласовата резонанца е резонанца на три тела со однос 1:2:4 на орбиталниот период (еквивалентно на односот на орбитите 4:2:1). Терминот името го добил по Пјер Симон Лаплас кој ја открил ваквата резонанца кај месечините на Јупитер: Ија, Европа и Ганимед. Сега се применува и за други резонанци со 3 тела со еднакви соодноси, како и за онаа помеѓу вонсончевите планети Глизе 876 ц, б и e. Резонанците со три тела кои имаат друг однос на целите броеви се означени како „Лапласоидна“ или „Лапласов тип“.

Линдбладoвата резонанца поттикнува спирални бранови во галаксиите (каде што ѕвездите се принудени од спиралните краци) и во Сатурновите прстените (каде честичките во прстените честички се принудени од Сатурновите месечините).

Секуларна резонанца се јавува кога прецесијата на две орбити е синхронизирана (обично прецесија на перихелот или нагорниот јазол). Мало тело во секуларна резонанца со многу поголемо (на пр. планета) ќе врши прецесија на исто ниво како и големото тело. По многу долго време (милион години) секуларната резонанца ќе ја промени ексцентричноста и наклонетоста на малото тело.

Познати се секуларните резонанци со Сатурн. Резонанца помеѓу прецесијата на вртежната оска на Сатурн и прецесијата на орбиталната оска на Нептун (и двете имаат период од околу 1,87 милион години) се смета дека е веројатната причина на големиот осен наклон на Сатурн (26,7°). На почетокот, Сатурн веројатно имал наклон сличен на оној на Јупитер (3,1°). Со постепеното исцрпување на Кајперовиот Појас се намалила стапката на прецесија на орбитата на Нептун; и на крајот, честотите со Сатурн се совпаднале, а осната прецесија на Сатурн била заробена во резонантна орбита, што довело до зголемување на наклонот на Сатурн. (Аголниот импулс на орбитата на Нептун е за 104 пати поголем од брзината на ротација на Сатурн и така доминира во интеракцијата.)

Секуларната резонанца на перихелот помеѓу астероидите и Сатурн (ν6 = gg6 ) го одредува обликот на астероидниот појас (бројот „6“ во равенката значи дека Сатурн шестата планета од Сонцето). На астероидите кои му се приближуваат полека им се зголемува орбиталното занесување сè додека не станат марсопресекувачи, и тогаш тие обично се исфрлаат од астероидниот појас по нивно доближување до Марс. Оваа резонанца ги одредува внатрешните и „страничните“ граници на астероидниот појас на околу 2 ае, и неговиот наклон од околу 20°.

Симулациите навеле дека евентуалното формирање на секуларна резонанца на перихелот помеѓу Меркур и Јупитер (g1 = g5) може во голема мера да го зголеми занесувањето на Меркур и можеби да го дестабилизира внатрешниот Сончев Систем (по неколку милијарди години).

Титановото прстенче во Сатурновиот Ц прстен е последица на друг тип на резонанца во која стапката на апсидна прецесија на една орбита се совпаѓа со брзината на кружење на друга. Надворешниот крај на овој занесен прстен секогаш покажува кон главната месечина на Сатурн, Титан.

Козаиева резонанца се јавува кога наклонетоста и занесувањето на нарушена орбита осцилираат синхроно (се зголемува занесувањето додека истовремено се намалува наклонот и обратно). Оваа резонанца се однесува само на тела со орбити со висок наклон; како последица на тоа, таквите орбити имаат тенденција да бидат нестабилни, бидејќи зголемувањето на занесот би значело намалување на перицентарот, што обично доведува до судир или (за големи месечини) уништување од плимните сили.

Резонанца на средно движење во Сончевиот Систем

Орбитална Резонанца 
Приказ на претпоставената резонанца на Хаумеја од 7:12 со Нептун во ротирачка рамка. Нептун се наоѓа во сината точка во долниот десен дел. Променливото орбитално порамнување на Хаумеја во однос на Нептун периодично се менува (либрира), со што се зачувува резонанцата.

Постојат само неколку познати резонанции на средно движење (РСС) во Сончевиот Систем меѓу планети, џуџести планети или поголеми сателити (а многу повеќе кај астероиди, планетарни прстени, внатрешни месечини и помали тела од Кајперовиот Појас, вклучувајќи ги и многуте можни џуџести планети).

Исто така, се верува дека Хаумеја е во 7:12 резонанца со Нептун, и 225088 Гунггунг е во 3:10 резонанца со Нептун.

Целите броеви меѓу периодите кријат посложени односи:

  • точката на конјункција може да осцилира (да либрира) околу рамнотежната точка дефинирана со резонанцата.
  • при занесување различно од нула, орбиталните јазли или периапсидите може да се оддалечат (краток период поврзан со резонанца, а не со секуларната прецесија).

За илустрација на ова, ако ја разгледаме познатата 2:1 резонанца на Ија-Европа. Ако орбиталните периоди се во ваков однос, средното движење Орбитална Резонанца  (реципрочна на орбиталните периоди, често се изразува во степени на ден) ќе го задоволи следново:

    Орбитална Резонанца 

Но откако ќе ги замениме со фактичките вредности ќе се добие −0,7395° на ден−1, вредност која значително се разликува од нула.

Всушност, резонанцата е совршена, но има и перијова (точката најблиску до Јупитер) прецесија (Орбитална Резонанца ). Точната равенка (дел од Лапласовите равенки) е:

    Орбитална Резонанца 

Со други зборови, точно е дека средното движење на Ија е двојно од она на Европа, ако се земе предвид перијовата прецесија. Горенаведените парови го задоволуваат истиот тип на равенка со исклучок на резонанцата меѓу Мимант и Тетида. Во овој случај, резонанцијата ја задоволува равенката

    Орбитална Резонанца 

Точката на конјункција либрира околу точката која се наоѓа на еднакво растојамие меѓу јазлите на двете месечини.

Лапласова резонанца

Орбитална Резонанца 
Илустрација на резонанцата меѓу Ија–Европа–Ганимед. Од центарот кон надвор: Ија (жолта), Европа (сива) и Ганимед (темна)

Лапласовата резонанца за Ија-Европа-Ганимед ја има следнава поврзаност што ја блокира орбиталната фаза на месечините:

    Орбитална Резонанца 

каде Орбитална Резонанца  се средните должини на месечините (вториот знак за еднакво го игнорира либрирањето).

При ваков однос е невозможно да има тројна конјункција. (За разлика од тоа, Лапласовата резонанца во системот на Глизе 876 е поврзана со една тројна конјункција за една обиколка на најоддалечената планета, игнорирајќи ја либрацијата.) Графикотонот ги илустрира позициите на месечините по 1, 2 и 3 Io периоди. Орбитална Резонанца  либлира околу 180° со амплитуда од 0,03°.

Пример за друга „Лапласоидна“ резонанца е таа на Плотоновите месечини: Стикс, Никс и Хидра

    Орбитална Резонанца 

Таа ги изразува орбиталните периоди за Стикс, Никта и Хидра, соодветно, кои се во приближен сооднос од 18:22:33; соодветниот однос на орбитите е 11:9:6. Врз основа на односот на синодските периоди, постојат 5 врзувања меѓу Стикс и Хидра и 3 врзувања меѓу Никта и Хидра на секои 2 врзувања меѓу Стикс и Никта. Како и кај резонанцата на Галилевите месечини, тројните врзувања се оневозможени. Орбитална Резонанца  либлира за околу 180° со амплитуда од најмалку 10°.

Плутино резонанци

Џуџестата планета Плутон се движи по орбита во која има многу од резонанци со Нептун . Такви се:

  • Резонанца на средно движење од 2:3
  • Резонанца на перихелот (либрација од околу 90°), при што се одржува перихелот над еклиптиката
  • Резонанца на должината на перихелот во однос на резонанцата на Нептун

Како последица на овие резонанци се јавува одвојување од најмалку 30 AЕ кога Плутон ќе ја пресече орбитата на Нептун. Минималното одвојување помеѓу двете тела севкупно е 17 АЕ, додека минималното одвојување помеѓу Плутон и Уран е само 11 АЕ.

Следното најголемо тело во слична 2:3 резонанца со Нептун, наречено плутино, е џуџестата планета Орк. Орк има орбита со сличен наклон и занесување како Плутон. Но, и двете тела се ограничени поради споствената меѓусебна резонанца со Нептун секогаш да бидат во спротивни фази од нивните орбити; Затоа, Орк понекогаш се опишува како „анти-Плутон“.

Орбитална Резонанца 
Приказ на резонанцата меѓу Нептуновите месечини Најада (чие што орбитално движење е прикажано со црвено) и Таласа, која коорбитира со Најада

Најада:Таласа 73:69 резонанца

Највнатрешната месечина на Нептун, Најада, е во 73:69 резонанца од четврти ред со следната надворешна месечина, Таласа. Додека кружи околу Нептун, понаклонетата Најада последователно ја минува Таласа двапати одозгора, а потоа двапати одоздола, во циклус кој се повторува на секои ~21,5 Земјини денови. Двете месечини се околу 3540 км оддалечени кога се разминуваат. Иако нивните орбитални полупречници се разликуваат само за 1850 км, Најада се лула ~2800 км над или под орбиталната рамнина на Таласа при разминувањето. Оваа резонанца ги стабилизира орбитите преку максимизирање на одвојувањето при конјункција, но невообичаена е за улогата што ја игра орбиталната наклонетост во олеснувањето на ова избегнување кога занесувањата се минимални.

Резонанца на средно движење меѓу вонсончеви планети

Орбитална Резонанца 
Резонантен планетарен систем од две планети со однос на орбитата 1:2

Иако не се откриени многу вонсончеви планетарни системи кои имаат планети во резонанца на средно движење, откриен е ланец од пет резонантни планети и седум скоро резонантни планети. Симулациите покажале дека за време на создавањето на планетарниот систем, појавата на резонантни ланци на планетарни ембриони е предпочитана поради присуството на првобитниот гасен диск. Штом тој гасот ќе го снема, 90-95% од тие ланци ќе станат нестабилни како одговор на ниската честота на забележаните резонантни синџири.

  • Како што споменавме претходно, Глизе 876 e, б и ц се во Лапласова резонанца, со сооднос на периоди 4:2:1 (124,3, 61,1 и 30,0 дена). Во овој случај, Орбитална Резонанца  либлира со амплитуда од 40° ± 13° и резонанцата го следи временскиот просек:
    Орбитална Резонанца 

Случаите на вонсончеви планети блиску до 1:2 резонанца на средно движење се прилично чести. Шеснаесет проценти од системите пронајдени преку методот на премин имаат ваков резонантен однос (со однос на периоди во опсегот од 1,83-2,18), а исто така и една шестина од планетарните системи кои се одликуваат со Доплерова спектроскопија (во овој случај има потесен опсег на односот на периодот). Поради тоа што однесувањето на овие системи е непознато, процентуалната застапеност веројатно ќе биде повисока. Севкупно, околу една третина од системите што се одликуваат со радијална брзина се чини дека имаат неколку планети блиску до споредливост. Многу повообичаено е пар од планети да имаат сооднос на орбиталниот период за неколку проценти поголем од односот на резонанца на средно движење. Се предвидувало дека ова е така кога има значајни плимни забрзувања со ѕвездата.

Случајни „приближни“ соодноси на средно движење

Орбитална Резонанца 
Приказ на астероидот Палада во скоро 18:7 резонанца со Јупитер во ротирачка рамка (кликнете за анимација). Јупитер (розовата јамка горе лево) е речиси неподвижен. Поместувањето на орбиталното порамнување на Палада во однос на Јупитер со тек на време постојано се зголемува; тој никогаш не го менува курсот (т.е. нема либрација).
Орбитална Резонанца 
Приказ на скоро 8:13 резонанцата меѓуЗемја:Венера. Земјата стои во средината на неротирачка рамка, внатрешните врзувања на Венера што следат во текот на осум Земјини години имаат пентаграмски образец (колкава што е разликата помеѓу броевите во односот).
Орбитална Резонанца 
Дијаграм на орбитите на четирите мали надворешни месечини на Плутон, кои се во низа од скоро 3:4:5:6 резонанци во однос на периодот на Плутоновиот голем внатрешен сателит Харон. Месечините Стикс, Никта и Хидра исто така имаат вистинска резонанца од 3 тела.

Некогаш се посочуваат односи од цели броеви помеѓу орбиталните честоти на планетите или големите месечини. Сепак, тие немаат динамичка значајност затоа што нема соодветна прецесија на перихелот или друга либрација за да има совршена резонанца. Ваквите блиски резонанци се динамички незначителни дури и ако неусогласеноста е прилично мала бидејќи (за разлика од вистинската резонанца) по секој циклус релативната положба на телата се менува. Кога се упросечени во астрономски кратки временски размери, нивната релативна положба е случајна, исто како и телата што не се ни блиску до резонанца. На пример, орбитите на Земјата и Венера, имаат речиси иста конфигурација по 8 орбити на Земјата и 13 орбити на Венера. Односот е 0,61518624, што е разлика од само 0,032% од совршена 8:13 резонанца. Неусогласеноста по 8 години е само 1,5° од орбиталното движење на Венера. Сепак, ова е доволно за Венера и Земјата да се наоѓаат во релативно спротивна конфигурација (од почетната) на секои 120 такви циклуси, што е 960 години. Затоа, во временски размери од илјадници години (мал размер според астрономските стандарди), нивната релативна позиција е случајна.

Постоењето на блиска резонанца може да укажува дека порано постоела совршена резонанца или дека системот се развива кон таква резонанца во иднина.

Примери за случајно совпаѓање на орбиталните честоти се:

Примери за случајни орбиталните честоти
(Однос) и тела Несовпаѓање по еден циклус Период на настан Веројатност
Планети
(9:23) ВенераМеркур 4.0° 200 г 0.19
(8:13) ЗемјаВенера 1.5° 1000 г 0.065
(243:395) Земја-Венера 0.8° 50,000 г 0.68
(1:3) Марс-Венера 20.6° 20 г 0.11
(1:2) Марс-Земја 42.9° 8 г 0.24
(1:12) Јупитер-Земја 49.1° 40 г 0.28
(2:5) Сатурн-Јупитер 12.8° 800 г 0.13
(1:7) Уран-Јупитер 31.1° 500 г 0.18
(7:20) Уран-Саурн 5.7° 20,000 г 0.20
(5:28) Нептун-Сатурн 1.9° 80,000 г 0.052
(1:2) Нептун-Уран 14.0° 2000 г 0.078
Систем на Марс
(1:4) Дејмос-Фобос 14.9° 0.04 г 0.083
Големи астероиди
(1:1) ПаладаЦерера 0.7° 1000 г 0.0039
(7:18) Јупитер-Палада 0.10° 100,000 г 0.0040
Систем на 87 Силвија
(17:45) Ромул–Рем 0.7° 40 г 0.067
Систем на Јупитер
(1:6) Ија-Метида 0.6° 2 г 0.0031
(3:5) АмалтејаAдрастеја 3.9° 0.2 г 0.064
(3:7) КалистаГанимед 0.7° 30 г 0.012
Систем на Јупитер
(2:3) ЕнкеладМимант 33.2° 0.04 г 0.33
(2:3) ДионаTетида 36.2° 0.07 г 0.36
(3:5) Реја–Диона 17.1° 0.4 г 0.26
(2:7) Титан–Реја 21.0° 0.7 г 0.22
(1:5) Јапет–Титан 9.2° 4 г 0.051
Поголеми кентаури
(3:4) УранХариклo 4.5° 10,000 г 0.073
Систем на Уран
(3:5) Розалинда–Корделија 0.22° 4 г 0.0037
(1:3) УмбриелМиранда 24.5° 0.08 г 0.14
(3:5) УмбриелАриел 24.2° 0.3 г 0.35
(1:2) Титанија–Умбриел 36.3° 0.1 г 0.20
(2:3) Оберон–Титанија 33.4° 0.4 yг 0.34
Систем на Нептун
(1:20) ТритонНајада 13.5° 0.2 г 0.075
(1:2) ПротејЛариса 8.4° 0.07 г 0.047
(5:6) Протеј–Хипокамп 2.1° 1 г 0.057
Систем на Плутон
(1:3) СтиксХарон 58.5° 0.2 y 0.33
(1:4) НиктаХарон 39.1° 0.3 y 0.22
(1:5) КерберХарон 9.2° 2 y 0.05
(1:6) –Харон 6.6° 3 y 0.037
Систем на Хаумеја
(3:8) ХијакаНамака 42.5° 2 y 0.55

 Најмалку веројатен орбитален однос во списокот е онаа помеѓу Ија и Метида, а потоа следат оние помеѓу Розалинда и Корделија, Палада и Церера, Јупитер и Палада, Калисто и Ганимед, и Хидра и Харон, соодветно.

Можни поранешни резонанци на средно движење

Поранешната резонанца помеѓу Јупитер и Сатурн можеби одиграла клучна улога во раната историја на Сончевиот Систем. Моделот Ница од 2004 година од Алесандро Морбидели од Опсерваторијата на Азурниот брег во Ница наведува дека постоењето на 1:2 резонанца помеѓу Јупитер и Сатурн (поради интеракциите со планезималите што ги натерало да се преселат навнатре и нанадвор, соодветно) создало гравитациско притискање кое ги придвижило Уран и Нептун во подалечни орбити и во некои сценарија ги натерало да си ги сменат местата, со што би се удвоило растојанието на Нептун од Сонцето. Исфрлањето на тела од прото-Кајперовиот Појас поради придвижувањето на Нептун нанадвор може да го објасни Доцното тешко бомбардирање 600 милиони години по формирањето на Сончевиот Систем и потеклото на тројанските астероиди на Јупитер. Надворешната преселба на Нептун, исто така, може да ги објасни некои од сегашните негови резонанци (особено резонанцијата 2:5) со тела од Кајперовиот Појас.

Иако Сатурновите месечини со средна големина Диона и Тетида сега не се ни блиску до совршената 2:3 резонанца, тие можеби биле во таква резонанца во раниот Сончев Систем. Ова би довело до орбитално занесување и плимно загревање кое што можеби ја загреало внатрешноста на Тетида доволно за да се формира подземен океан. Мрзнењето на океанот што следело откако месечините истапиле од резонанцата можно е да ги создало големите напрегања по што се создал огромниот систем од тектонски ровови на Итака Хазма на Тетида.

Сателитскиот систем на Уран е многу поразличен од оние на Јупитер и Сатурн затоа што нема прецизни резонанци меѓу поголемите месечини, додека поголемиот дел од поголемите месечини на Јупитер (3 од 4-те најголеми) и на Сатурн (6 од 8-те најголеми) се во резонанца на средно движење. Во сите три сателитски системи, месечините веројатно биле заробени во резонанци на средно движење во минатото бидејќи нивните орбити се менувале поради намалувањето на плимната сила (процес со кој сателитите добиваат орбитална енергија за сметка на вртежната енергија на примарното тело, што влијае непропорционално врз внатрешните месечини). Меѓутоа, во системот на Уран, поради помалата заобленост на планетата и поголемата релативна големина на нејзините сателити, полесно им е да истапат од резонанца на средно движење. Помалата заобленост на примарното тело го менува неговото гравитациско поле на начин што различните можни резонанции се поблиску распоредени една до друга. Поголемата релативна големина на сателитот ја зголемува силата при нивните интеракции. Двата фактора доведуваат до похаотично орбитално однесување при резонанци на средно движење. Истапувањето од резонанца може да биде поврзано со вклучување во секундарна резонанца и/или зголемување на орбиталната занесеност или наклонетост предизвикано од плимниот развој.

Резонанците на средно движење кои веројатно порано постоеле во системот на Уран се: (3:5) Ариел-Миранда, (1:3) Умбриел-Миранда, (3:5) Умбриел-Ариел и (1:4) Титанија-Ариел. Доказите за таквите поранешни резонанции се во релативно високата занесеност на орбитите на внатрешните сателити на Уран и високата орбитална наклонетост на Миранда. Поранешното орбитално занесување поврзано со резонанците (1:3) Умбриел-Миранда и (1:4) Титанија-Ариел можеби довеле до плимно загревање на внатрешноста на Миранда и Ариел, соодветно. Миранда веројатно истапила од нејзината резонанца со Амбриел преку секундарна резонанца, и се верува дека начинот на ова истапување објаснува зошто нејзината орбитална наклонетост е за 10 пати поголема од онаа на другите правилни Уранови месечини (види природни сателити на Уран).

Слично како кај Миранда, се смета дека сегашните наклони на Јупитеровите месечини Амалтеја и Теба наведуваат на поранешно истапување од 3:1 и 4:2 резонанца со Ија, соодветно.

Се смета дека правилните месечини на Нептун, Протеј и Лариса, поминале низ 1:2 резонанца пред неколку стотици милиони години; оттогаш месечините се оддалечиле една од друга бидејќи Протеј е вон синхроната орбита, а Лариса е во неа. Се смета дека оваа резонанца ја поттикнало занесеноста на двете месечини до тој степен што оттогаш не се вратиле целосно во првобитна состојба.

Во случајот со сателитите на Плутон, предложено е дека сегашните приближни резонанци се остатоци од претходна совршена резонанца која била нарушена од плимното придушување на занесувањето на орбитата на Харон.

Намака, помалата внатрешна месечина на џуџестата планета Хаумеја, има една десетина од масата на поголемата надворешна месечина, Хијака. Намака врти околу Хаумеја за 18 дена во занесена, оскулирачка орбита, а од 2008 година е наклонета 13° од Хијака. Со текот на времето, системот требало да биде плимно исфрлен во покружна орбита. Месечините можеби биле вклучени и потоа неколку пати истапиле од орбитална резонанца. Тие веројатно релативно неодамна поминале низ 3:1 резонанца, сега се во или приближна 8:3 резонанца. Орбитата на Намака е силно растројувана, со тековна прецесија од околу -6,5° годишно.

Поврзано

  • Арнолдов јазик
  • 3753 Крутин
  • 1685 Торо
  • Споредливост (астрономија)
  • Дермотов закон - емпириска формула за орбиталниот период на главните сателити кои кружат околу планетите во Сончевиот Систем.
  • Потковичеста орбита
  • Козаиев ефект - орбитални резонанци во бинарен систем вознемирени од далечно трето тело под одредени услови
  • Лагранжова точка - Точка во која се врамнотежуваат гравитациските влијанија на две големи тела
  • Синхроно вртење - Кога едно тело е свртено само со една страна кон телото околу кое орбитира. Таков случај е Месечината која цело време е свртена само со една страна кон Земјата.
  • Резонантен заднептунец - заднептунско тело во орбитална резонанција со планетата Нептун.
  • Плимна резонанца

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Орбитална Резонанца ИсторијаОрбитална Резонанца Видови на резонанцаОрбитална Резонанца Резонанца на средно движење во Сончевиот СистемОрбитална Резонанца Резонанца на средно движење меѓу вонсончеви планетиОрбитална Резонанца Случајни „приближни“ соодноси на средно движењеОрбитална Резонанца Можни поранешни резонанци на средно движењеОрбитална Резонанца ПоврзаноОрбитална Резонанца НаводиОрбитална Резонанца Надворешни врскиОрбитална РезонанцаГанимедГравитацијаДефиниција на планетаЕвропа (месечина)Импулс (механика)Ија (месечина)Небесна механикаНептунНишалкаОрбитаОрбитален периодПланетарен системПлутон (џуџеста планета)Сатурн (планета)Сатурнови прстениЦел број

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина БрвеницаЛила СтојановскаСписок на држави по населениеОслободителна народна армијаПневмонијаЦрни и жолтиЛазар КолишевскиДаме ГруевКукурекБлагој ХанџискиМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаЉупчо ГеоргиевскиИлко СтефановскиШизофренијаМето Јовановски (глумец)Тумор на мозокХекторЕвхаристијаПростатаАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. ГаврилКрал МаркоВенко ФилипчеКарлес ПуџдемонФуросемидМакедонијаСвети ГеоргиПетар Поп АрсовРак на усна празнинаВизантијаПартија за движење на Турците во МакедонијаПустецC++Димитар АпасиевЛевица (политика)АнархизамРоманијаСписок на политички партии во МакедонијаСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваТрескавецПрва светска војнаСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаК-15Кралство ЈугославијаХристово РождествоМеморија (музичка група)Нова социјалдемократска партијаРаботничка партијаБугаријаБрадикардијаОдисејаЛетен јоргованТомина неделаЈосиф СталинОпштина ДојранМоника ЗајковаМавровицаВооружена престрелка во Куманово (2015)Загадување на водатаДојранФудбалска федерација на МакедонијаТрговецот од СолунСнежана КиселичкаКокошкаПрва македонска фудбалска лигаКирил ПејчиновиќШар ПланинаВикипедијаКарло ВеликиВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)ХалкидикЈугославијаИсламот во ЕстонијаПопис на населението во Македонија (2021)Алтернатива (политичка партија)ЈудејаМакедонски претседателски избори (2019)🡆 More