Општина Чучер-Сандево: локална самоуправа во Македонија

Општина Чучер-Сандево (српски: Општина Чучер-Сандево) — општина во Северна Македонија основана во 1996 година.

Центар на општината е селото Чучер-Сандево. Ова е рурална општина сместена под падините на Скопска Црна Гора. Населена е со население од мешан етнички состав, предоминантно Македонци и Срби. На север и запад се граничи со Република Србија, на југ и исток со Град Скопје, а на североисток со Општина Липково.

Општина Чучер-Сандево
Општина
Знаме на Општина Чучер-СандевоГрб на Општина Чучер-Сандево
ДржаваМакедонија
СедиштеЧучер-Сандево
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникСашко Комненовиќ
Површина
 • Вкупна240,78 км2 (92,97 ми2)
Население (2021)
 • Вкупно9.200
 • Густина38/км2 (99/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+02
Регистарски табличкиSK
Мреж. местоcucersandevo.gov.mk
Општина Чучер-Сандево: Географија, Историја, Стопанство
Карта на Општина Чучер-Сандево со селските атари.
Општина Чучер-Сандево: Географија, Историја, Стопанство
Демографска карта на општина Чучер-Сандево со селските атари.
Општина Чучер-Сандево: Географија, Историја, Стопанство
Седиштето на општината, привремено во селото Кучевиште

Географија

Општинатата Чучер-Сандево се наоѓа на падините на Скопска Црна Гора, на север од Скопје. Таа зафаќа површина од 235 км2 и има 8.493 жители.

Во состав на општината има повеќе села, од кои најголеми се Бразда, Глуво, Сандево, Мирковци, Чучер, Бањане, Горњане, Кучевиште, Побожје и други. Покрај овие населени места, во општината има и три поголеми викенд населби: Бродец, Сенора и Голиово.

Историја

Општината како посебна единица на локалната самоуправа била формирана во 1996 година. Во атарот на селото се наоѓа изворот на стариот римски водовод со кој преку аквадуктот се снабдувале со вода римските касарни.

Името на Сандево е добиено од народниот херој од Втората светска војна, Александар Урдаревски-Санде.

Во селото Чучер е родена познатата уметничка Зорка Ацковиќ-Метикош, изведувач на македонски народни песни и ора, која преку својата работа во познатиот македонски ансамбл за народни песни и ора „Танец“, придонела за негување и зачувување на македонското национално културно богатство.

Општината е богата и со многубројни манастири и цркви како што се св. Илија, св. Никита, св. Троица, св. Арангел. За љубителите на планините и убавата природа тука е и планината Скопска Црна Гора која нуди безброј трим патеки за планинарење и излетнички места.

Стопанство

Во општината како најразвиена стопанска гранка е земјоделието, потоа рудникот Бањани, како и повеќе приватни фирми: браварски, тулани, столарски, градежни стоваришта, ресторани, трговија и др.

Демографија

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, Општина Чучер-Сандево брои 8.493 жители, чиј состав го сочинуваат:

Вероисповед Вкупно
православни 6.428
муслимани 1.954
католици 8
протестанти 0
останати 103
Јазик Вкупно
македонски 5.431
албански 1.944
турски 0
ромски 24
влашки 10
српски 1.005
бошњачки 0
останати 79

Општествени установи

Во Општината Чучер-Сандево се наоѓаат следните основни училишта:

    Во основното училиште Кирил и Методиј (со едно подрачно училиште) учат вкупно 253 ученици во 18 паралелки. Наставата се одвива во две смени, и се следи на два јазика, на македонски јазик и на српски јазик.
    Тоа се наоѓа во Сандево, а го сочинуваат и две подрачни училишта, во Долно Блаце и во Горно Блаце. Училиштето „Александар Урдаревски“ е изградено во 1963 година. Подрачното училиште во Долно Блаце е изградено во 1979, а во Горно Блаце во 1951. Вкупниот број на ученици кои го посетуваат ова училиште е 438, од прво до осмо одделение. Наставата се одвива во две смени во централното и една смена во подрачните училишта со вкупно 37 вработени (наставен и ненаставен кадар). Во основното училиште „Александар Урдаревски“ (со двете подрачни училишта) учат вкупно 438 ученици во 24 паралелки.
  • ОУ „Михаљ Грамено“
    • ПОУ „Михаљ Грамено“ - Tанушевци
    Во основното училиште „Михаљ Грамено“ (со двете подрачни училишта) учат вкупно 215 ученици во 15 паралелки.

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Чучер-Сандево е Јован Пејковски кој бил реизбран како независен кандидат на локалните избори од 2017 година за трет мандат од четири години. Советот на општина Чучер-Сандево е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

Општина Чучер-Сандево: Географија, Историја, Стопанство 
  СДСМ: 3 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 2 места
  ДУИ: 1 место
  АА: 1 место
  Независни: 4 места

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Секоја година во август во село Глуво се одржува Меморијален турнир Љубомир Рајчевски-Рајче во чест на истоимениот долгогодишен фудбалер на ФК Вардар. Главен покровител на турнирот се граѓаните на село Глуво.

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Општина Чучер-Сандево ГеографијаОпштина Чучер-Сандево ИсторијаОпштина Чучер-Сандево СтопанствоОпштина Чучер-Сандево ДемографијаОпштина Чучер-Сандево Општествени установиОпштина Чучер-Сандево Самоуправа и политикаОпштина Чучер-Сандево Редовни настаниОпштина Чучер-Сандево ЛичностиОпштина Чучер-Сандево Култура и спортОпштина Чучер-Сандево ИселеништвоОпштина Чучер-Сандево НаводиОпштина Чучер-Сандево Надворешни врскиОпштина Чучер-Сандево1996Град СкопјеМакедонциОпштинаОпштина ЛипковоРепублика СрбијаСеверна МакедонијаСкопска Црна ГораСрбиСрпски јазикЧучер-Сандево

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ГостиварЛозје (книга)Македонски парламентарни избори (2014)Законодавна властСојуз на комунистите на МакедонијаЃорѓија СајкоскиОпштина ЖелиноДенес над МакедонијаЈордан КамчевОпштина Ѓорче ПетровБозелПсихологија на личностаСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001Гоце ДелчевЧарлс IIIТапанПресметување на датумот на ВелигденВтора влада на Зоран ЗаевМладост (езеро)Теодосиј СинаитскиКожичка на пенисДраган Павловиќ ЛатасБорис ТрајковскиКомунизамОвчи сипанициОпштина Кисела ВодаГариАзот (област)ГрцијаБисера Костадиновска-СтојчевскаСудска властРимско ЦарствоМакедонски КонцептИзборна единица 7Среден клеточен волуменРусијаХалк банкаХипертензијаМетотрексатЖелкиБорис ПисториусРомео и ЈулијаНационални паркови во МакедонијаОмепразолИзет МеџитиКичевоКамен мост (Скопје)Христо Татарчев27 априлОпштина ТетовоВанчо МихајловМасакр кај ВејцеМојот звукВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаЗНАМГеографија на МакедонијаОпштина ЧашкаПтициЛеќаСкопјеХазби ЛикаЕдинствена МакедонијаПанонски легендиКошаркаЈордан Хаџи Константинов-ЏинотНепроштеноБубрежна инфекцијаАна ФранкМогорчеМеѓународен аеродром СкопјеКоле НеделковскиВолфганг Амадеус МоцартМомчило Бајагиќ-БајагаБистрица (Велешко)Чир на желудникотМакедонски парламентарни избори (2024)🡆 More