Општествена Географија

Општествената географија — дел од хуманата географија која е најблиско поврзана со општествената теорија општо, а особено со социологијата, занимавајќи се со поврзаноста на општествените појави со нејзините просторни компоненти.

Иако терминот сам по себе има традиција од повеќе од 100 години, сè уште нема консензус во однос на неговата содржина. Во 1968 година, Ан Бутимер посочи дека „со некои забележителни исклучоци“, (...), општествената географија може да се смета како поле создадено и култивирано од страна на неколку одделни научни лица, а не академска традиција создадена во рамките на некои конкретни школи“. Оттогаш, и покрај некои повици за приближување сосредоточени претежно врз структурата и агенциската дебата,, нејзината методолошка, теориска и тописка разнообразност се распространила дури и повеќе, водејќи кон многубројни дефиниции за општествената географија, па затоа современите научници на таа дисциплина идентификуваат мноштво на различни општествени географии. Сепак, како што забележал Бено Верлен, овие различни перцепции не се ништо друго освен различни одговори на истите две (збир од) прашања, кои се однесуваат на просторниот состав на општеството, од една страна, и на просторното изразување на општествените процеси, од друга страна.

Различните концепции на општествената географија исто така се преклопуваат со други подполиња на географијата и, нешто послабо, со социологијата. Кога терминот се појавил во англоамерикансата традиција во текот на 1960-тите години, тој главно се користел како синоним за потрага по шеми (модели) во распоредот на општествените групи, со што бил тесно поврзан со урбаната географија и урбаната социологија. Во 1970-тите години, фокусот на дебата во американската хумана географија бил врз политичко-економските процеси (иако имало значително голем број на извештаи за феноменолошките перспективи на општествената географија), додека во 1990, географската мисла била под значително влијание на „културниот пресврт“. И во двата случаи, според Нил Смит, овие гледишта „се покажаа како надмоќни во однос на општественото гледиште“. Во американската традиција, концептот на културна географија има значително повпечатлива историја отколку општествената географија и опфаќа истражувачки полиња кои би се концептирале како „општествени“ секаде. Спротивно на тоа, во некои континентални европски традиции, општествената географија била и сè уште се смета како еден пристап кон хуманата географија, а не како нејзина поддисциплина, или дури и како еднаква со хуманата географија .

Историја

Пред Втората светска војна

Терминот „општествена географија“ потекнува од Франција, каде бил употребен истовремено и од географот Елисе Реклу и од социолозите од школата Ле Пле, најверојатно независно еден од друг. Всушност, првата докажана примена на терминот потекнува од еден критички осврт на книгата на Реклу Нова универзална географија од 1884 година, напишан од Пол де Русје, член на школата Ле Плеи. Самиот Реклу го користел изразот во неколку писма, првото од 1895 година, и во неговото последно дело од 1905 година. Првиот човек кој го применил терминот како дел од наслов од публикација бил Едмонд Демолин, друг член на школата Ле Плеи, чиишто напис Општествената географија на Франција бил објавен во 1896 и 1897 година. По смртта на Реклу, како и главните пропагатори на школата Ле Плеи, и со завртувањето на Емил Диркем од неговиот најран концепт за социјална морфологија, Пл Видал де ла Блаш, кој запиша дека географијата „е наука за места, а не наука за луѓе“ , остана највлијателната фигура во француската географија. Еден од неговите студенти, Камил Вало, ја напиша книгата во два тома, Општествена географија објавена во 1908 и 1911 година. Жан Бруне, еден од Видаловите највлијателни следбеници, вклучи доза на (просторни) интеракции помеѓу групите во неговата четирикратна структура на хуманата географија. Меѓутоа, сè до Втората светска војна, не било развиена никаква нова теориска рамка за општествената географија, што довело до концентрирање врз описната рурална и регионална географија. Сепак, делата на Видал влијаеа врз историската школа на Анал, кој исто така бил наклонет кон руралното, заедно со современите географи, а Диркемовиот концепт за општествена морфологија подоцна бил развиен и поставен во врска со општествената географија од страна на социолозите Марсел Мос и Морис Холбакс.

Првото лице во англо-американската традиција кои го употребило изразот „општествена географија“ бил Џорџ Вилсон Хоук, чиј напис Проучувањето на општествената географија бил објавен во 1907 година, иако не постојат за него некакви индикации дека имал академско влијание. Сепак, делото на Ле Плеи било пренесено во Британија од Патрик Геде и Ендру Џон Хербертсон. Перси М. Роксби, поранешен студент на Хербертсон, во 1930 година ја посочил општествената географија како една од четирите главни гранки на хуманата географија. Само за контраст, со американската академска географија во тоа време доминирала Берклиевата школа на културна географија, предводена од Карл О. Соер, додека просторната распореденост на општествените групи веќе ја имало проучувано чикашката школа на социологијата. Харлен Х. Бароуз, географ од универзитетот во Чикаго, сепак ја сметал општествената географија за една од трите главни гранки на географијата.

Друг предводен концепт кој ги комбинирал елементите на социологијата и географијата бил оној основан од холандскиот социолог Себалд Рудолф Штајмец и неговата амстердамска школа на социографија. Сепак, нејзе и недостигал конкретна тема на проучување, бидејќи истата претставувало комбинација од географијата и етнографијата, создадена како најконкретен пандан на прилично теориската социологија. За разлика од тоа, Утрехтовата школа на општествена географија, која се појави во раните 1930-ти години, се стремеше кон проучување на односите помеѓу општествените групи и нивните животни простори.

Повоен период

Континентална Европа

Во географијата на германскиот јазик, овој фокус на врската помеѓу општествените групи и пејзажот, била дополнително развиена од Хас Бобек и Волфганг Хартке, по Втората светска војна. За Бобек, групите Lebensformen (форми на живот), формирани како од општествените фактори така и од пејзажот, биле во жижата на социолошко-географските анализи. Со сличен пристап, Хартке го сметал пејзажот за извор на показатели или укажувачи на однесувањето на некоја одредена општествена група. Најдобро познат пример за ова бил концептот на општествен човек, односно, напуштањето на ралото како показател на промени во сферата на работни места и оддалечување од земјоделието.

Иако француската општествена географија имал големо влијание, особено врз идеите на Хартке, таква одделна школа не била формирана во рамките на француската хумана географија. Сепак, Алберт Демангеон го поплочил патот за неколку уште посистематски концептуализации на ова поле со неговата (посмртно објавена) мисла дека општествените групи треба да бидат во центарот на хуманата географска анализа. Таа задача ја спровеле Пјер Жорж и Максимилијан Сор, меѓу другите. Тогаш марксист, Жоржовиот став бил под влијание на општествено-економското начело, но без толкувањето на структуралистите кое можеше да се најде во делата на некои од француските социолози од тоа време. Сепак, еден друг француски марксист, социологот Анри Лефевр, кој го вовел концептот на општествено производство на простор. Тој пишувал за тоа и слични теми уште од 1930 година , но целосно го развил истото во 1974 година. Сор разви една шема на општеството поврзана со еколошката идеја на живеалиштето, која била употребена во еден урбан контекст од социологот Пол-Хенри Чомбарт де Лове. За холандскиот географ Кристијан ван Пасен, светот се состои од општествено-просторни ентитети на различни скали формирани од она што тој го нарекувал „син-еколошки комплекс“, идеја која била под влијание на егзистенционализмот.

Еден поаналитички, еколошки пристап врз хуманата географија бил оној развиен од Едгар Кант, во неговата родна Естонија во 1930 година, а подоцна на универзитетот Лунд. Тој пристапот го нарече „антропо-екологија“. Неговата свесноста за времената димензија на општествениот живот би водела кон формирање на временска географија, преку делата на Торстен Хегерстранд и Свен Годлунд.

Поврзано

Наводи


Tags:

Општествена Географија ИсторијаОпштествена Географија ПоврзаноОпштествена Географија НаводиОпштествена Географија1968Социологија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Ревматоиден артритисМакедонски претседателски избори, 2014Спор за името помеѓу Македонија и ГрцијаМакедонски пасошДесница (политика)Список на тегоби и болки на стапалатаРак на грло на маткаФиброаденомБозелОпштина КарпошСрпска странка во МакедонијаЛимфен јазолБилјана ВанковскаМакедонијаРак на панкреасотАртрозаДаниел ДефоАвстралијаЗоран ЗаевТетовоГрипМакедонски парламентарни избори (1990)Македонска револуционерна организацијаТетанусЦар СамоилРечник на стари македонски зборовиСписок на архаични зборови во македонскиот јазикПавел ШатевЃурѓовденВодноАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаАрбен ЏафериОпштина ПласницаКоле НеделковскиОфталмологијаМакедонски парламентарни избори (2008)Тимчо МуцунскиНепроштеноСлавко ЈаневскиДискус хернијаВласиЉубиша ГеоргиевскиВелесКарлес ПуџдемонСтрумицаОкситоцинKлиндамицинБобан ТрајковскиВлада на Димитар КовачевскиАнтибиотикДен на независноста на МакедонијаБојан ЈовановскиДанела АрсовскаЦветнициМакедонциМакедонски парламентарни избори, 2014Општина Ѓорче ПетровПреспански договорБранко ЦрвенковскиСкопски земјотрес (1963)Рак (болест)Втора влада на Бранко ЦрвенковскиПремиер на МакедонијаСистемски лупус еритематозусВлада на Оливер СпасовскиДемократска алтернативаНародна Република КинаТеодосиј СинаитскиКалеш АнѓаДијалекти на македонскиот јазикИсторија на македонскиот народЧовечко телоЗа наша МакедонијаХипотироидизамПрва влада на Зоран ЗаевКрушевска РепубликаМасакр кај Вејце🡆 More