Оздолени: село во Општина Дебрца

Оздолени — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.

Оздолени
Оздолени: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото Оздолени

Оздолени во рамките на Македонија
Оздолени: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Оздолени
Местоположба на Оздолени во Македонија
Оздолени на карта
Координати 41°19′54″N 20°51′1″E / 41.33167° СГШ; 20.85028° ИГД / 41.33167; 20.85028
Регион Оздолени: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Југозападен
Општина Оздолени: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Дебрца
Област Дебрца
Население 14 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6344
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19032
Надм. вис. 1.055 м
Слава Ѓурѓовден
Оздолени на општинската карта
Оздолени: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Оздолени во рамките на општината
Оздолени: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Оздолени на Ризницата

Потекло на името

Според искажувањата на постарите луѓе, селото Оздолени, името го добило според тоа што жителите на ова село се дојдени одоздола, односно од старата локација која се наоѓала на Брест.

Географија и местоположба

Селото Оздолени се наоѓа во Средна Дебрца, на 33 километри северно од градот Охрид, на 4 километри источно од магистралниот пат Охрид-Кичево-Скопје. Селото е сместено на 1.055 метри надморска височина, на западното подножје на Илинска Планина.

Од северната, источната и јужната страна е заградено со ридовите Бошков Рид (1.020 м.), Грагорец (1.111 м.), Љутики (1.150 м.) и Манчев Рид (910 м.), а од западната страна се простира Оздоленското Поле. Околни села се Слатино и Слатински Чифлик на север и североисток, Издеглавје на запад, Сошани на југоисток, Белчишта на југозапад, и Прострање на исток.

Историја

Кај постарите луѓе од селото Оздолени постои предание, кое се пренесувало од колено на колено дека селото порано се наоѓало на Брест. Се мисли дури и дека селото Издеглавје се наоѓало на таа локација, но по некое време се оделило и се преместило на Селиште, што се наоѓа северно од селото Издеглавје. Кога се случило тоа не се знае. Во пописниот дефтер од 1582 година се спомнува под името Издолени со 27 христијански семејства. На денешната локација селото го основале родовите Богдановци, Смилевци, Шишковци и Трпчевци кои дошле од Брест, тие некогаш чинеле еден род, но со тек на време се одродиле. За време на Илинденското востание селото дало многу борци, а како последица на аферата во Арбиново, за Дијарбекир биле заточени повеќе селани.

Селото дало активен придонес и во текот на Втората светска војна, па така постоела група од селани кои го организирале народот тоа биле: Љубе Смилески, Илија Гиноски, Темелко Стојаноски, Трајче Николески, Саве Николески, Најденко Богданоски, Тодор Тодороски, Ристо Смилески и Петре Петрески- Рапо од Слатински Чифлик. Од ова село во НОБ загинале: Ристо Шулески, Ванко Шулески и Јонче Стојаноски (во борбите со балистите кај Кленоец); Ристо Донески (загина во борбите со балистите кај Зајас) и Ѓоргија Тодороски (се разболе на Сремски Фронт и умре во Нови Сад).

Во XIX век, Оздолени се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948417—    
1953462+10.8%
1961409−11.5%
1971325−20.5%
1981187−42.5%
ГодинаНас.±%
199195−49.2%
199479−16.8%
200247−40.5%
202114−70.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Оздолени имало 200 жители, сите Македонци христијани. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Оздолени имало 216 жители.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Оздолени е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 26 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Оздолени живееле 47 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, од кои 12 Македонци и 2 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 216 417 462 409 325 187 95 79 47 14

Родови

Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1978 година, родови во селото се:

Родови во селото Оздолени се следните: Шишковци (6 к.) и Богдановци (4 к.), потекнуваат од ист предок, Трпчевци (11 к.) и Смилевци (3 к.), наведените 4 рода се староседелски кои живееле во раселеното село Брест; Гавриловци (5 к.), Марковци (2 к.) , потекнуваат од заеднички предок, кој дошол од некое село во околината на Пешкопеја, порано се викале Зенговци, го знаат следното родословие:, Јордан (жив на 56 г. во 1980 година) Ѓорѓија-Стеван-Гаврил-Сиљан-Зенго, кој се доселил околу 1800 година; Гроздановци (1 к.), доселени се однекаде.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Оздолени се:

  • Староседелци: Ѓорговци или Зенговци (19 к.), се делат на Гавриловци и Струмовци; Богдановци (12 к.), се делат на Смилевци, Шишковци и Танасковци; Јолевци (3 к.); Шулевци (9 к.); Неловци (1 к.) познати се како и Гроздановци и Трпчевци (6 к.).
  • Доселеници: Мијовци (8 к.), доселени се од некое село во мијачкиот крај, куќа купиле од Танасковци и се населиле.
  • Роми: Демировци (1 к.), доселени се во 1941 година од селото Белчишта.

Според поновите истражувања правени од Димитар Смилески, како родови од селото Оздолени се забележуваат:

  • Богдановци, Смилевци, Шишковци и Трпчевци, кои се сметаат за староседелци, и основачи на селото Оздолени;
  • Богоевци и Гиновци. тие се одвоиле од својот матичен род во селото Мешеишта, Шајновци. Нивно постаро потекло било од селото Големо Илино во Демирхисарско. Они се сметаат во најстарите доселеници во селото. Бранислав Русиќ пограшно ги сметал како деленици од староседелските родови;
  • Гавриловци, Ѓорговци и Марковци. Наведените родови во селото се доселиле некаде кон средината на XVIII век од денес раселениот град Закамен во струшка Малесија.
  • Мијовци (Глигуровци, Тодоровци и Доневци). тие во селото Оздолени се доселени од некое село во мијачкиот крај. Точното место каде живееле е непознато.
  • Шулевци (Настовци, Стојановци, Герасимовци, Мојсовци и Пројковци) доселени се многу одамна. Како место од каде се доселиле се знае некогашното село Катуница, кое постоело помеѓу Белчишта и Оздолени. Одредени членови на родот наведуваат дека уште постаро место на потекло е селото Пустец во Мала Преспа (денес во Албанија).
  • Гроздановци (Неделковци или Неловци) за нив се знае дека се доселени од мијачкиот крај. Поточно од некое место на планината Јама. На таа планина постоеле селата Лопушник и Лутово.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото влегувало во рамките на тогашната Општина Издеглавје, во која покрај селото Оздолени, се наоѓале и селата Издеглавје, Слатино, Слатински Чифлик и Сошани. Во периодот 1950-1952 година, селото Оздолени се наоѓало во некогашната Општина Слатински Чифлик, во која влегувале селата Издеглавје, Оздолени, Слатино, Слатински Чифлик и Сошани.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1326 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на задружен дом. Во ова избирачко место е опфатено и селото Слатински Чифлик.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Оздолени: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на црквата „Св. Ѓорѓи“ заедно со селските гробишта на влезот во селото Оздолени
    Цркви

Личности

Родени во Оздолени

  • Никодин Матев Гавриловски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Мицко Богданов Георгиевски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Стојан Донев Ѓоргоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Бимбил Марков Наумоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Најденко Потев Потески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Најденко Трајкоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Ванко Шулески — македонски партизан, учесник во НОБ.
  • Јонче Стојаноски — македонски партизан, учесник во НОБ.
  • Ристо Шулески — македонски партизан, учесник во НОБ.
  • Ристо Донески — македонски партизан, учесник во НОБ.
    Починати во Оздолени

Култура и спорт

Култура

Во ова село се снимаше телевизиската серија „Итар Пејо“.

Спорт

Кога се зборува за спорт во Оздолени пред сѐ се мисли на фудбалот како најпопуларен спорт. Фудбалот започнал да се игра помеѓу двете светски војни. Секаде каде што настапувал тимот на Оздолени, имал играчи од селото Оздолени, како и нешто од соседните помали села Сошани и Слатински Чифлик. Во првата генерација фудбалери кои играле за Оздолени може да се вбројат: Ристо Пројкоски, Војне Струмоски, Благоја Тодороски, Аргил Спироски, Анѓеле Маркоски, Наум Маркоски, Јордан Стојаноски, Саве Николески, Ѓорче Ристески, Ѓоре Ристески, Љубе Ристески, Бошко Богоески, Славе Богданоски и Димо Шишкоски. Втората генерација фудбалери во Оздолени ја сочинуваа воглавно следните младинци: Тефко Грозданоски, Насте Стојаноски, Милан Ѓоргоски, Петре Шишкоски, Зарко Струмоски, Љубе Симјаноски, Миле Тодороски, Никола Китески, Круме Китески, Душан Иљоски и Иван Иљоски.

Иселеништво

Во поодамнешно време во селото Осој отишол родот Ширговци, постари иселеници од Оздолени има и во селото Лактиње, таму е родот Балазовци; Лулевци се иселиле во Издеглавје; Ратајковци од Оздолени се иселиле во Слатински Чифлик, па од таму во Слатино; Неделковци се иселиле во Железнец, Железник, во Оздолени припаѓале на родот Гроздановци; Ориѓани се иселиле во Сопотница, Железник околу 1870 година, во Оздолени припаѓале на родот Вељановци (Пупановци); Сиљановци се иселиле во Манастирско Доленци, Кичевско; Ѓорговци се иселиле во Кадино Село, прилепско околу 1878 година кога се одвоиле од матичниот род Ѓорговци во Оздолени; Оздоленовци во постаро време се иселиле во Охрид.

Од 1950-тите години оздоленци се отидени по градовите. Иселеници има во Охрид, Скопје, Кичево, Струга, Гевгелија, Ресен, Тетово, Битола, Струмица, и др.

Надвор од Македонија највеќе се иселени во Австралија, а други се иселени во Белград, Бугарија, Франција, Германија, Холандија, САД, Швајцарија, Аргентина, Канада.

Од 1961 до 1991 година од селото се отселени преку 300 луѓе.

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1948:

  • од Ѓорговци иселеници има во: Кадино Село, Прилепско (едно семејство, од 1878 година) и во Сопотско, Преспа (едно семејство, од 1903 година)
  • од Богдановци иселеници има во САД (едно семејство, од 1908 г.), Бугарија (едно семејство, од 1918 г.) и во Белчишта (од 1925 година, како домазет)
  • од Јолевци иселеници има во Врбјани (од 1919 г., се иселил Вељан Јолески како домазет кај Ќемаловци)
  • од Шулевци иселеници има во Охрид (едно семејство, од 1925 г.)
  • од Трпчевци иселеници има во Бугарија (пет семејства, од 1903 г.)
  • од Мијовци иселеници има во Аргентина (едно семејство, од 1908 г.).

Неделковци (4 к.) се иселени во селото Железнец, Железник во 1741 г., Ориѓани (6 к.) се иселени во селото Сопотница, Железник во 1870 г.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Оздолени Потекло на иметоОздолени Географија и местоположбаОздолени ИсторијаОздолени НаселениеОздолени Самоуправа и политикаОздолени Културни и природни знаменитостиОздолени ЛичностиОздолени Култура и спортОздолени ИселеништвоОздолени ГалеријаОздолени ПоврзаноОздолени НаводиОздолени Надворешни врскиОздолениДебрцаОпштина ДебрцаОхрид

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Историја на македонскиот народЦрнила (драма)Ромски јазикЗанаетПолиграфМасовни медиумиДрагана МирковиќЗемја (планета)Витамин Б6ТашмаруништаДелогождиЛокални избори во Македонија (2021)Нова алтернативаОпераМузикаОпштина ПласницаСпартаЧорбаџи ТеодосСписок на македонски писателиПере ТошевПовикот на дивинатаБиотички факториМагнетна резонанцијаНачалник на Генералштабот на АРМДемократска ДесницаМакедонски парламентарни избори (2011)Сјогренов синдромВладимир ПутинЈустинијан IТројанска војнаМустафа IБошко СмаќоскиДанела АрсовскаОвчи сипанициАвстријаПодметКокино (наоѓалиште)Саат-кула (Битола)Список на цркви и манастири на Македонската православна цркваЛимфомЛимфен јазолОпштина КичевоИзет МеџитиКоле НеделковскиАлкалоид (претпријатие)Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоЛазар КолишевскиСписок на македонски народни поговоркиПиту ГулиЏорџ Гордон БајронНезависносложени реченици во македонскиот јазикСписок на реки во МакедонијаХипотироидизамФлебитисЉубе БошкоскиИзборна единица 7МислодеждаХрватски месециОпштина КумановоОбединето КралствоМатка (кањон)ХидроксидКога тргнав ЦветоКрв20000 милји под моретоТелефонАлександар Сергеевич ПушкинМакедонски ВласиГамеланПаралелограмСписок на градови во МакедонијаИсторија на христијанствотоДувачки инструментБитолаСтудена војнаМоралБрод (пловило)🡆 More