Одделот за економски и социјални работи на Обединетите нации (ОЕСР ОН) е дел од секретаријатот на Обединетите Нации, одговорен за контрола на најважните самити и конференции на ОН, и исто така работи за Економскиот и социјален совет и Вториот и Третиот комитет на Генералното собрание на Обединетите нации.
Потоа, Одделот за економски и социјални работи на ОН им помага на земјите ширум светот во одредувањето на агендата и донесувањето на одлуки со цел да ги задоволи нивните економски, општествени и еколошки предизвици. Ја поттикнуваа и поддржува меѓународната соработка за да го потпомогне развојот за сите земји. Со обезбедувањето на широк спектар на аналитички производи, политички совети и техничка помош, Одделот за економски и социјални работи на ОН ефикасно ги пренесува глобалните задолженија од економската, општествената и еколошката сфера во национални политики и дејствувања и продолжува да има главна улога во набљудувачкиот процес кон меѓународни договорени развојни цели. Исто така, овој оддел е дел од Групата за развој на ОН.
Одделот за економски и социјални работи на ОН е дел од Секретаријатот на ОН кој е основан преку редовни пресметани придонеси од земјите-членки. Одделот се реорганизира во неговата денешна форма во 1997 година. Генералениот потсекретар за економски и социјални работи го советува Генералниот секретар за општествен, економски и одржлив развој и ги одржува главните партнерства со владите, агенциите на ОН и организации за граѓанското општество. На чело на овој оддел е Ву Хонгбу кој ја презеде оваа функција како Генерален потсекретар за економски и социјални работи на 1 август 2012 година, по неговото назначување од Генералниот секретар Бан Ки Мун на 31 мај 2012 година. Исто така, Генералниот потсекретар за економски и социјални работи заседава со Извршниот комитет за економски и социјални работи, мрежата на Секретаријатот на ОН за заедничко планирање и поттикнување на развој. Во водењето и управувањето на Одделот за економски и социјални работи (ОЕСР), Генералниот потсекретар ја има поддршката од Помошниот генерален секретар за економски развој, Помошниот генерален секретар за политичко управување и меѓуагенциски работи и од Помошниот генерален секретар и специјалниот советник на Генералниот секретар за родови прашања и унапредување на жените.
Мисијата на Одделот за економски и социјални работи на ОН да поддржува развој за сите, особено за најранливите, ја одразува најважната грижа за праведност и еднаквост во сите земји, мали и големи, развиени и во развивање. Ја нагласува потребата за сите владини акционери, ОН и други меѓународни организации, граѓанското општество и приватниот сектор да си ја извршат обврската за подобрување на економската и општествена добросостојба. Праведното учество на сите луѓе и нации е она што ги прави ОН единствени и и ја дава на агендата за развој нејзината универзална законитост.
Одделот за економски и социјални работи на ОН работи во три главни меѓусебно поврзани области:
Во 2012 година, поради зголемениот товар на одржување на зголемениот број конференции, вклучувајќи ја и Милениумската декларација, одделот се прошири и доби нова канцеларија за Помошен генерален секретар. Седиштето на Одделот за економски и социјални работи на ОН е во Њујорк, но има важна помошна канцеларија во Рим (Италија) која управува со усогласувањето на Италијанската асоцијација и програмите за Млади професионални директори.
Поради важноста ОН да се придржуваат до економските и социјални работи, овој Оддел содржи неколку важни оддели како што се: Одделот за политички развој, Канцеларијата за финансирање на развојот, Одделот за одржлив развој, Одделот за општествен развој, Одделот за јавна администрација, Одделот за статистика и Одделот за население. И овој оддел е дел од Групата за развој на ОН.
Анализа на политиката за развој: Одделот за анализа и политика за развој е основа за развивањето на економијата во Одделот за економски и социјални работи и единицата за главни развојни истражувања во ОН. Главните функции на овој оддел се набљудување на светската економска и општествена ситуација, поддржување на управувањето на макроекономската политика и анализирање на развојните трендови за подобрување на извршувањето на Агендата за развој на ОН.
Одржлив развој: Одделот за одржлив развој ги олеснува преговорите, градењето на консензус и донесувањето на одлуки на меѓувладино ниво кое служи како важен секретаријат на Комисијата за одржлив развој на ОН. Одделот работи на спроведување на Агендата 21, Јоханесбургшкиот план за спроведување, Програмата од Барбадос за дејствување и Стратегијата од Мауритиус за одржлив развој на малите островски земји во развој. Спроведува истражувања и презема анализи за да го извести донесувањето на политики за одржливиот развој. Понатаму, овој Оддел обезбедува градење на капацитетите во земјите во развој и транзициски земји директно и преку Центарот за регионален развој на ОН.
Јавната администрација и управување со развојот: Одделот за Јавна администрација и управување со развојот им помага на земјите да ги изградат и зајакнат нивните јавни установи. Им помага на владите да ги унапредат реформите во јавниот сектор и да го подобрат квалитетот на јавниот сервис за набавка. Нудејќи активности за градење на капацитети, поттикнување на ширењето на знаење и обезбедување на обука и алатки достапни на интернет, овој Оддел ги штити ефикасните, делотворните и граѓански насочени јавни сервиси кои се основани врз принципите на транспарентност, одговорност и граѓанско учество.
Статистика: Одделот за статистика на Одделот за економски и социјални работи е светски центар за податоци од сите области, давајќи му на светот статистички информации собрани од целиот систем на ОН. Го управува и олеснува развивањето на светскиот статистички систем и служи како секретаријат на Комисија за статистика на Обединетите нации. Овој оддел настојува да ги развие статистичките стандарди и норми за глобални статистички активности и ги поддржува напорите на земјите да ги зајакнат нивните национални статистички системи. Одделот има сеопфатно издание за технички прирачници и статистички информации.
Финансирање за развој: Канцеларијата за финансирање на развој обезбедува поддршка за постојана контрола на договори и задолженија кои се содржани во Монтрејскиот консензус и Декларацијата од Доха. Го поддржува обемниот меѓвладин процес со учество на сите релевантни акционери, внимава на клучните области од домашната мобилизација на ресурси, прилив на приватни инвестиции, меѓународна трговија, официјална развојна помош, надворешни долгови и глобалниот финансиски и економски систем и архитектура.
Економскиот и социјален совет (ЕСС) за поддршка и управување: Канцеларијата на Екомонскиот и социјален совет (ЕСС) за поддршка и управување обезбедува важна поддршка и го промовира консензусот на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации и Генералното собрание. Главна одговорност на оваа канцеларија е да ја поддржи Годишната министерска ревизија на Економскиот и социјален совет и Форумот за развојна соработка за да обезбеди севкупен квалитативен преглед на напредокот во воведувањето на Милениумските развојни цели. Глобалните подготвителни состаноци, регионалните советувања и националните прегледи се важни елементи за овој процес да обезбеди суштински преглед на министерско ниво и квалитет и дијалог насочен кон дејствување врз прашањата за развој на соработката. Канцеларијата активно ги ангажира агенциите на ОН и граѓанското општество да планираат заеднички насоки за дејствување. Исто така, Канцеларијата советува за зајакнувањето на врската меѓу Економскиот и социјален совет и Комисијата за градење на мирот со цел да придонесе до координиран, поврзан и обединет пристап до повоено градење на мирот.
Население: Одделот за население на Одделот за економски и социјални работи е светски водач во демографските истражувања. Подготвува проценки и прогнозирања за работи како што се вкупното население, фертилитет, морталитет, миграции и урбанизација, кои служат како препорака за системот на ОН, многу влади на држави, академии, медиуми и корпорациски корисници низ светот. Одделот е важен секретаријат на Комисијата за население и развој и оттука го набљудува спроведувањето на Програмата за дејствување на Меѓународната конференција за население и развој од 1994 година и нејзините дополнителни задолженија. Таа подготвува неколку показатели кои се поврзани со целите за репродуктивното здравје на Милениумските развојни цели и учествува во советувањето на Генералното собрание во областа на меѓународна миграција и развој.
Општествена политика и развој: Одделот за општествена политика и развој им помага на владите и граѓанското општествените организации да создадат општествени политики кои поттикнуваат повеќе сигурни, праведни, слободни и хармонични општества. Одделот работи со развојните партнери за да го поттикне реализирањето на „општество за сите“, каде што сите членови, вклучувајќи и постари лица, млади, лица со хендикеп, месно население и други често маргинализирани групи да имаат исто мислење и исто учество. Обезбедува основна поддршка и одржување за Комисијата за општествен развој, Постојаниот форум за локални прашања на ОН и Конференцијата за државни партии до Конвенцијата за права на лицата со хендикеп.
Шуми: Форумот на Секретаријатот за шуми на ОН е фокусна точка на Одделот за економски и социјални работи за сите прашања од политиката за шумите. Обезбедува важна поддршка за двегодишните сесии на Форумот, подготвува технички извештаи и аналитички студии и дијалози за шумите за да се подобри соработката и координацијата на прашања за шумите. Обезбедува детален и поврзан приказ на шумите што опфаќа економски, социјални и еколошки аспекти. Во 2009 година, Секретаријалот доби дозвола да започне олеснителен процес кој ќе им помогне на земјите во мобилизирање на финансирањето за оддржливо управување со шумите.
2012
2011
2010
2009
2008
2006
2005
2004
2003
2002
2001
2000
1999
1996
1995
1994
1993
1992
1990
Областа на невладини организации на Одделот за економски и социјални работи на ОН е фокусна точка во Секретаријатот на ОН за невладини организации во советодавен статус со Економскиот и социјален совет (ЕСС) и за невладините организации кои бараат статус. Одделот за економски и социјални работи на ОН соработува со 3400 невладини организации кои се во советодавен статус со Економскиот и социјален совет (ЕСС) и сите други невладини организации кои сакаат да соработуваат со ОН. Според областа на невладини организации, нејзините цели се следниве:
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Оддел за економски и социјални работи на Обединетите нации, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.