Обична Ѕвингалка

Обична ѕвингалка или снегар (науч. Fringilla coelebs) — честа и широкораспространета мала врапчевидна птица од семејството на ѕвингалките (Fringillidae).

Обична ѕвингалка
Обична Ѕвингалка
Мажјак
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Ѕвингалки
Род: Fringilla
Вид: Обична ѕвингалка
Научен назив
Fringilla coelebs
Linnaeus, 1758
Обична Ѕвингалка

     Лето      Постојан жител      Зима      Населен
     canariensis      spodiogenys

Распространета е низ цела Европа, вклучувајќи ја и Македонија, низ Азија до Сибир и во северна Африка.

Таксономија и систематизација

Оваа птица за првпат е опишана од Linnaeus, 1758, во десеттото издание на неговата „Систем на природата“ под нејзиното сегашно научно име. Fringilla е латински збор за ѕвингалка, а coelebs значи неженет или самец. Се издвојуваат поголем број подвидови во зависност од шарките и разликите во боите. Тие се поделени во три поголеми групи: coelebs групата, со птици во Европа и Азија; spondiogenys групата - во северна Африка и canariensis групата - на Канарски Острови.

Обична Ѕвингалка 
Мажјак
    coelebs групата:
    spondiogenys групата:
  • F. c. africana, J. Levaillant, 1850, Мароко до северозападен Тунис и Либија;
  • F. c. spodiogenys, Bonaparte, 1841, источен Тунис и северозападна Либија;
    canariensis групата

Опис

Обична Ѕвингалка 
Женка

Обичната ѕвингалка е долга околу 14.5 см, има распон на крилјата 24.5-28.5 см и тежи околу 18-29 грама. Возрасниот мажјак има црно чело и синосива круна и тил. Над опашката е светломаслинавозелен, а грбот е кафеав. Страните на главата, грлото и градите се бледа ’рѓацрвена боја која преоѓа во светла кремаворозова на стомакот. Опашката е темносивоцрна. На црните крилја има бела лента, а секундарните пердуви се црни, но обрабени со кремавобело.

Возрасните женки се многу побледи од мажјаците. Главата и поголемиот дел одозгора е сивкавокафеав, а долните делови се посветли. Над опашката и долниот дел од грбот се бледомаслинавозелени. Младенчињата се слични со женките.

Песната на обичната ѕвингалка е моќна и позната. Мажјакот обично има 2-3 различни типа песни, а постојат и различни типови во зависност од областа.

Обична Ѕвингалка 
Мажјак јаде гесеница
Обична Ѕвингалка 
Fringilla coelebs moreletti - Јајца

Британецот Вилијам Торп, во својата влијателна студија, ги утврдувал влијанијата врз пеењето на овие птици. Па, така, заклучил дека ако младенчињата во еден критичен период од животот не научат од повозрасен да пеат, тие никогаш нема да ја научат песната соодветно. Исто така, го утврдил и влијанието на тестостеронот. Без него (со кастрација) птицата воопшто не пее, а со вбризгување дополнителна количина, таа пее и во ноември, кога вообичаено не го прави тоа.

Поведение

Обичната ѕвингалка се размножува во шумите каде летните температури во јули се меѓу 12 и 30 °C. Таа не е преселница во поумерените области на нејзиниот опсег, но од посеверните, сепак, зиме се движи понајуг. Формира мали и непостојани јата вон сезоната на парење, понекогаш мешани со планинската ѕвингалка.

Основната храна на оваа птица се семињата, но за разлика од другите ѕвингалки, младенчињата ги хранат исклучиво со инсекти, како и возрасните за време на сезоната на парење.

Размножување

Полова зрелост достигнуваат на едногодишна возраст. Претежно се моногамни. Почетокот на сезоната на парење зависи од температурите, и започнува порано понајуг, а подоцна понасевер. Гнездото го гради само женката и обично го сместува на чатал од грмушката или дрвото на неколку метри од земја. Тоа е длабока чашка направена од гранчиња и тревки, однадвор со мов и трева, па лишаи и пајаживи, а внатре послано со ситни коренчиња и пердувчиња. Леглото има најчесто 4-5 јајца, нежни и сјајни и во многу различни бои. Од светлосинозелени до светлоцрвени со виолетовокафеави точки, линии и дамки. Ги инкубира само женката во период од 10 до 16 дена. Потоа ги грее уште 6 дена додека не почнат да се оперјуваат и за тоа време ги хранат обата родитела, најмногу со гасеници. Уште три недели зависат од родителите кои им носат храна. Овие птици ретко имаат второ легло, но ако го имаат, тоа е во ново гнездо.

Статус

Обичната ѕвингалка е широкораспространета на околу 7 милиони км². Само во Европа има околу 130-240 милиони пара, а вкупната популација изнесува околу 530 - 1.400 милиони единки. Нема показатели дека таа опаѓа. Затоа, според Црвениот список на МСЗП ова е вид со најмала загриженост од изумирање.

Наводи

Надворешни врски


Tags:

Обична Ѕвингалка Таксономија и систематизацијаОбична Ѕвингалка ОписОбична Ѕвингалка ПоведениеОбична Ѕвингалка СтатусОбична Ѕвингалка НаводиОбична Ѕвингалка Надворешни врскиОбична ЅвингалкаАзијаАфрикаБиномна номенклатураВрапчевидниЕвропаМакедонијаСемејство (биологија)Сибир

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Вујко ВањаКрал МаркоКочаниРустем-пашаИстанбулСписок на држави по населениеДекарСемирамидини висечки градиниЅвезда од КутлешЗанаетчиство во Старата скопска чаршијаЕрусалимПресметување на датумот на ВелигденСписок на султани на Османлиското ЦарствоСтобиДен на шегатаПлаошникКуратицаБожествена комедијаРК ВардарФинскаРак на грлоМакедонски претседателски избори (2019)Животна срединаЕскимиВитамин Б6КонтрацепцијаБелградИгор ЏамбазовПетар ГеоргиевскиПолово пренослива болестМакедонска граматикаОвулацијаСвета ГораТинитусСонцеРисто ШишковСтара скопска чаршијаВласиМакедонија во металното времеШпанијаЕлениСловачкаВагинален исцедокБаза (хемија)Онлајн покерХуманизам и ренесансаИсламБалетБања БанскоСкржавецот (драма од Плаут)АнтарктикТрубаСписок на македонски народни поговоркиДелењеГорјан ПетревскиИндијаАвстралијаПреспанско ЕзероСофоклеВелесГарванот (поема)Антонио ВивалдиРевматоиден артритис2005 во архитектуратаТоше ПроескиСкопски аквадуктФотосинтезаОбединето КралствоКрвотокИндустријаКоњОдисејаТумор на мозокЗанаетЛавБалкански ПолуостровПрво заседание на АСНОМ🡆 More