Новосељане: село во Општина Куманово

Новосељане — село во Општина Куманово, во областа Овче Поле, во околината на градот Куманово.

Новосељане
Новосељане: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Воздушен поглед на селото Новосељане

Новосељане во рамките на Македонија
Новосељане: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја
Новосељане
Местоположба на Новосељане во Македонија
Новосељане на карта
Координати 42°3′52″N 21°51′14″E / 42.06444° СГШ; 21.85389° ИГД / 42.06444; 21.85389
Регион Новосељане: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Североисточен
Општина Новосељане: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Куманово
Област Овче Поле
Население 20 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1304
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17069
Надм. вис. 350 м
Слава Спасовден
Новосељане на општинската карта
Новосељане: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Новосељане во рамките на општината
Новосељане: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Новосељане на Ризницата

Потекло и значење на името

Новосељане: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Воздушен поглед на селото

Името на селото е релативно ново и се поврзува со ојконимот Ново Село и додавката -јане.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Куманово, од левата страна на патот Куманово-Свети Николе од каде е оддалечено неколку километри. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 350 метри. Од градот Куманово, селото е оддалечено 20 километри. Селото се наоѓа во западните падини на планината Манговица.

До селото води земјен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1204 во близина на селото Скачковце.

Селото се наоѓа во плитката долина на Новосељанскиот Поток. Како самата долина, така и селото, е издолжено во насока југ-север. Околни села се Косматац, Зубовце, Скачковце и други. Во минатото, мештаните водата за пиење ја добивале од бунари, кои биле малку на број.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Страна, Средни Рид, Мургашки Дол, Пировина, Келчева Страна, Котлино, Лозјишта, Јазбина, Стамболин Чукар, Селиште или Старо Село.

Новосељане има разбиен тип и е поделено на многу маала, како што се Коњушанско, Карадачко, Клецанско, Куранско, Батреинско, Шмерско, Дупинско и Ѓурланско.

Историја

Подрачјето на Новосељане е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Жути Камен - Чилак на 1,5 км северно од селото.

Месноста Селиште или Старо Село се наоѓа во северниот дел на селото, на патот за селото Зубовце. Народното предание наведува дека таму некогаш се наоѓал почетокот на денешното село. Предците на старите родови Шмерци, Батреинци, Клецанци и Шишиндини таму имале куќи.

Меѓутоа, пред околу 1870 година, мештаните го напуштиле Селиште и направиле нови куќи на местото каде биле нивните трла. Тогаш, во селото дошле и доселеници од кумановското село Коњух и од селата во околината на Крива Паланка.

Околу 1920 година, во селото се населиле нови жители од селата во околината на Крива Паланка.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 7,6 км2, при што преовладуваат обработливите површини со површина од 616 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 118 хектари, додека шуми нема.

Во основа, селото има полјоделска функција.

Поради добрата земја, Новосељане за време на отоманскиот период било изразено чифлигарско село. Целото селско население работело на чифлиците, кои биле во посед на кумановските Турци, а само неколку домаќинства имале малку своја земја. Чифлигарските кули биле срушени во 1912 година.

По 1959 година, единственото пасиште во месноста Јазбина со површина од 300 хектари, било одземено од страна на државната власт и доделено на користење на земјоделската задруга од селото Клечевце, поради што населението останало без пасишта за својата стока и со тоа нивната бројка се намалила.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948338—    
1953399+18.0%
1961465+16.5%
1971421−9.5%
1981210−50.1%
ГодинаНас.±%
1991110−47.6%
199486−21.8%
200246−46.5%
202120−56.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Новосељане живееле 220 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Новосељане имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Поради емиграција на населението, селото преминало од средно во мало село по големина. Така, во 1961 година селото броело 465, а во 1994 година 86 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Новосељане живееле 46 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 19 Македонци и 1 лице без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 220 176 338 399 465 421 210 110 86 46 20

Родови

Новосељане е македонско село.

Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Шмерци (15 к.), Батреинци (6 к.), Клецанци (5 к.) и Шишиндини (3 к.), порано куќите им се наоѓале во месноста Старо Село.
  • Доселеници: Коњушанци (12 к.), доселени се од селото Коњух во XIX век; Гулинци (4 к.) и Куранци (5 к.), доселени се во 1920 година од селото Гулинци во Кривопаланечко; Ѓурлаци (5 к.), Карадагчани (4 к.) и Дупинци (8 к.), доселени се во 1920 година од селото Станча во Кривопаланечко.

Иселеништво

Се знае за иселениот род Новоселци (4 к.), кои се иселиле во кумановското село Димонце.

Во поново време, голем дел од населението е отселено во најблискиот град Куманово, а мал дел е во Канада, Австралија и Америка.

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Новосељане било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Куманово, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Клечевце.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово. Селото припаѓало на некогашната општина Клечевце во периодот од 1955 до 1962 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Клечевце, во која покрај селото Новосељане, се наоѓале и селата Бељаковце, Довезенце, Зубовце, Јачинце, Клечевце, Косматац и Мургаш. Во периодот 1950-1952 година селото било дел од некогашната Општина Клечевце, во која влегувале селата Зубовце, Клечевце, Косматац и Новосељане.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1138 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 16 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
    Цркви

Редовни настани

    Селски слави

Личности

    Родени во или по потекло од Новосељане

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Новосељане Потекло и значење на иметоНовосељане Географија и местоположбаНовосељане ИсторијаНовосељане СтопанствоНовосељане НаселениеНовосељане Општествени установиНовосељане Самоуправа и политикаНовосељане Културни и природни знаменитостиНовосељане Редовни настаниНовосељане ЛичностиНовосељане ПоврзаноНовосељане НаводиНовосељане Надворешни врскиНовосељанеКумановоОвче ПолеОпштина Куманово

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на градови во Македонија по населениеВилијам ШекспирСписок на змии во МакедонијаСојузници во Првата светска војнаБујар ОсманиБРИКСГемиџииМакедонски парламентарни избори, 2008Филип II МакедонскиМакедонски парламентарни избори, 2002Македонски АлбанциКорозијаВесна БендевскаLa Liga 2Ајфелова кулаЛокални избори во Македонија (1996)Речник на стари македонски зборовиЛевица (политичка партија)Партија за движење на Турците во МакедонијаМетодија Андонов-ЧентоСлуз-цедење во грлотоМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаПитом пелинИзборна единица 8Пенис (човек)Римско ЦарствоБисера Костадиновска-СтојчевскаЈордан Хаџи Константинов-ЏинотВојдан ЧернодринскиДропкаЈудаизамВевчаниЗнаме на МакедонијаПрва балканска војнаМакедонија (регион)Општина КарпошНепалБорис ТрајковскиГрузијаБраќа МиладиновциУстав на МакедонијаГоран СтефановскиКожичка на пенисВасил ТупурковскиГрцијаМладотурска револуцијаЛарингитисМакедонски јазикУрологијаУкраинаГрипДржавни празници во МакедонијаГрб на МакедонијаНова алтернативаПрва влада на Никола ГруевскиТестостеронВлада на Македонија од 1992Автомобилски регистарски таблички во МакедонијаДемократски сојузДиво месо (драма)Паркинсонова болестПарадоксот на ДиогенБраиловоОхридски рамковен договорМарјан БожиновскиПавле Арсоски’РбетнициДемократска алтернативаАзотЕгејска МакедонијаПрилепСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаГеографија на ГрцијаЃорге ИвановГорјан ПетревскиОпштина Студеничани🡆 More