Нова Земја: руски архипелаг во Северноледениот Океан

Нова Земја (руски: Новая Земля) — архипелаг во Северноледениот Океан во северна Русија, чиј ’рт Флисингски е најисточната точка во Европа.

Архипелагот претставува реон во состав на Архангелската област и урбан округ на општинско ниво. Населението брои 2.429 жители (2010), од кои 1.972 живеат во административниот центар Белушја Губа.

Нова Земја
руски: Но́вая Земля́
Нова Земја: Природна околина, Поврзано, Наводи
Карта на Нова Земја
Географија
МестоСеверноледен Океан
Координати74°N 56°E / 74° СГШ; 56° ИГД / 74; 56
Поголеми острови2
Површина90.650 км2
Највисоко издигнување1.547 м
Управување
Федерален субјектАрхангелска област
Најголема населбаБелушја Губа (pop. 1,972)
Демографија
Население2,429 (2010)


Нова Земја во рамките на Русија
Нова Земја: Природна околина, Поврзано, Наводи
Местоположба на Нова Земја во рамките на Русија
Нова Земја: Природна околина, Поврзано, Наводи
Грбот на Нова Земја

Домородното население се состоело од 50–300 Ненци, што се занимавале претежно со риболов, лов со стапици, чување ирваси и лов на бели мечки и фоки. Живееле на островите од 1872 до 1950-тите, по што биле преселени на копното поради атомските проби.

Архипелагот се состои од два главни острова (Северен и Јужен) одделени со тесниот Маточкинов Проток и повеќе мали островчиња. Зафаќа вкупна површина од 90.650 км2 и ги двои Баренцовото и Карското Море.

За време на Студената војна, на овие острови се изведувале разни значајни воени вежби и проби, командувани од базата во Рогачево. Војската е присутна и денес. На 30 октомври 1961 г. тука е фрлена познатата „Цар-бомба“ — најсилната пукната атомска бомба во историјата.

Природна околина

Нова Земја е продолжеток на северниот дел на Урал, па затоа внатрешноста на островите е сосем планинска. Меѓу Јужниот Остров и копното се протега протокот Карска Врата. Планините достигнуваат надморска височина од 1.547 м. На Северниот Остров има поголем број на ледници, додека пак јужниот се одликува со тундра. Природните ресурси се застапени со бакар, олово и цинк.

Екологијата е ограничена од суровата клима, но сепак подрачјето има разновиден жив свет. Меѓу позабележителните жители на островите е белата мечка, чија популација околу Баренцовото Море е генетски различна од оние на други места.

Поврзано

Наводи

  • Предлошка:RussiaAdmMunRef/ark/admlaw
  • Предлошка:RussiaAdmMunRef/ark/munlist

Надворешни врски

Tags:

Нова Земја Природна околинаНова Земја ПоврзаноНова Земја НаводиНова Земја Надворешни врскиНова ЗемјаАдминистративен центарАрхангелска областАрхипелагЕвропаРусијаРуски јазикСеверноледен ОкеанФлисингски’рт

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ФранцијаСписок на државни знамињаХазби ЛикаАнета МицевскаАфионВооружена престрелка во Куманово (2015)КантарионМакедонска азбукаЛиберална партија на МакедонијаПетар Поп АрсовДвижење БесаКожичка на пенисМакедонски КонцептЛокални избори во Македонија (2013)Горан МинчевСкриеносеменициТрета влада на Никола ГруевскиХристијанствоМакедонски претседателски избори (2024)Вила ВодноСоединети Американски ДржавиДаут ХарадинајСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаВтора влада на Бранко ЦрвенковскиЗаздравување на ранаМакедонски парламентарни избори (2016)Дојранско ЕзероПретседател на МакедонијаМавровоРак на грло на маткаВладимир ПутинКочо РацинФудбалГлаголицаАнтониа ГиговскаОслободителна Народна АрмијаБилјана ВанковскаНародна Република МакедонијаЧовечки папиломен вирусСписок на тегоби и болки на стапалатаОпштина БрвеницаЏезСкратеници во македонскиот јазикДанте АлигиериБисера Костадиновска-СтојчевскаМакедонски парламентарни избори (2008)Уставен суд на МакедонијаМијациКалиум перманганатСилвио ПиколоминиОпштина Ѓорче ПетровКарлес ПуџдемонИшијасАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаЗборник на МиладиновциСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001Јордан МијалковГеографија на МакедонијаРастенијаИзборна единица 2Лазарова саботаПечалбариЧинови на полицијата во МакедонијаМакпетролЗнаме на МакедонијаАдријана АлачкиМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаБорислав КрмовДУИБескрајна приказнаКрушевска РепубликаЧетврта влада на Никола ГруевскиИнтеграАлшарМакедонски парламентарни избори (2014)Македонски претседателски избори (2014)Кирил ПејчиновиќРодина Македонија🡆 More