Николиќ (изворно: Николич) — село во Општина Дојран, во непосредна близина на Дојранското Езеро.
Николиќ | |
Воздушен поглед на селото Николиќ | |
Николиќ на карта | |
Координати 41°15′46″N 22°44′47″E / 41.26278° СГШ; 22.74639° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Дојран |
Население | 520 жит. (поп. 2021)
|
Пошт. бр. | 1485 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 06018 |
Надм. вис. | 205 м |
Николиќ на општинската карта Атарот на Николиќ во рамките на општината | |
Николиќ на Ризницата |
Името на селото првпат е споменато во XVI век во турски документи. Името се поврзува со личното име Николич, а Николич исто така било турски изговор за Николица.
Селото се наоѓа на крајниот североисточен дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар се допира со државната гранична линија со Грција. Исто така, селото е сместено на северниот брег на Дојранското Езеро. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 205 метри. Оддалечено е 12,5 километри северно од општинскиот центар Стар Дојран, 19,5 километри североисточно од Богданци и 29,5 километри североисточно од Гевгелија.
Селото се наоѓа во подножјето на планината Боска.
До селото води асфалтен пат, кој се води како посебен крак на регионалниот пат 1105.
Подрачјето на Николиќ е населено барем од доцната антика, за што сведочат остатоци од населба на наоѓалиштето Лагер.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.
Атарот на селото зафаќа простор од 14,6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 767 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 406 хектари, додека на пасиштата 175 хектари.
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Во него работат услужни објекти.
Веднаш до самото село, меѓу последните куќи, се наоѓа фабриката „Дојран Стил“, која произведува најразлични челични производи.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото Николиќ имало 21 домаќинство со 74 жители христијани.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Николиќ живееле 160 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Николиќ имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 25 до 50 Турци.
Селото е средно по големина, со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година Николиќ броело 427 жители, од кои 398 биле Македонци, а 24 жители Срби, додека во 1994 година, бројот се зголемил на 529 жители, од кои 513 биле Македонци, а 15 жители Срби.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 541 жител, од кои 527 Македонци, 13 Срби и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 520 жители, од кои 498 Македонци, 11 Срби и 11 лица без податоци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160 | 200 | 320 | 343 | 427 | 470 | 521 | 540 | 529 | 541 | 520 |
На крајот од XIX век, Николиќ било чисто македонско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дојран, во која покрај селото Николиќ се наоѓале селата Ѓопчели, Нов Дојран, Сретеново, Стар Дојран, Фурка, Црничани и Чаушли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Нов Дојран, во која влегувале селата Ѓопчели, Николиќ, Стар Дојран, Сретеново, Фурка, Чаушли и Црничани.
Во селото постои избирачкото место бр. 0382 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 440 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 437 гласачи.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Николиќ, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.