Нидвалден

Кантонот Нидвалден, исто така Кантон Нидвалд (германски: Kanton Nidwalden) е кантон на Швајцарија.

Сместено е во средиштето на Швајцарија. Населението е 40.278 (во 2007 година) од кои 4.046 (или 10%) се странци. Главниот град е Штанс.

Нидвалден
Кантон
Грб на Нидвалден

Местоположба во Швајцарија
ПрестолнинаШтанс
единици11 општини
Управа
 • ИзвршнаРегиерунгсрат (7)
 • ЗаконодавнаЛандрат (60)
Површина
 • Вкупна275,84 км2 (10,650 ми2)
Население (декември 2018)
 • Вкупно43,223
 • Густина160/км2 (400/ми2)
ISO 3166CH-NW
Највисока точка2,901 м: Ротштокли
Најниска точка434 м: Езеро Луцерн
Примен1291 година
Јазицигермански
Мреж. местоnw.ch

Географија

Нидвалден 
Баналпзее

Нидвалден се наоѓа во средината на Швајцарија. На север се граничи со Езерото Луцерн (Вирвалдштатерзее), на сите други насоки со планинскиот венец (Урнерските Алпи). Областа на кантонот е 276,1 км2 од кои околу 40% е населено или користено за земјоделство. Шумите зафаќаат околу една третина од кантонот, а околу една четвртина се сметаат за непродуктивни (планини или ледници).

Општини

Постојат единаесет општини: Бекенрид, Буохс, Даленвил, Еметен, Енетбирген, Енетмоос, Хергисвил, Обердорф, Штанс, Штанштад и Волфеншисен. Главниот град е Штанс.

Економија

До 20 век, во Нидвалден преовладувало земјоделството. Говедата и сирењето се извезувале главно во северна Италија. Околу 1500 година, многу луѓе во Нидвалден работеле како платеници-војници.

Од средината на 19 век, наваму, трговијата, индустријата и туризмот добиле интензитет. Како и да е, до средината на 20 век земјоделството доминирало во кантонот. Денес голем број мали и средни бизниси доминираат во економијата. Најголем работодавец е конструкторот на авиони „Пилатус“. Малите и средни бизниси работат во широк спектар на области. Многумина се специјализирани во машинска конструкција, медицинска опрема, меѓународна трговија, оптика и електроника.

Традиционалните области како што се шумарството и земјоделството сè уште се од важност. Земјоделството е специјализирано за сточарство и млечни производи. Фармите сè уште ги водат поединечни семејства.

Во последниве години, Нидвалден станува сè повеќе вообичаено место за живеење и работа. Ова е предизвикано од нејзините ниски даноци, неговата средишна локација помеѓу Цирих и Милано, и неговата природна околина. [ кога?[ оригинално истражување?

Туризам

Нидвалден 
Врвот на Штансерхорн кој ги покажува ресторанот и жичарницата

Поради својата планинска географија, туризмот е важен во Нидвалден. Езерото и планините привлекуваат многу туристи, и во текот на зимата и во текот на летото. Најголемите одморалишта вклучуваат Клевеналп, Штансерхорн (планина), регионот околу Баналп и Биргеншток .

Култура

Традиционалната култура во Нидвалден била сочувана од многу мештански организации. Има традиционална музика, јодлање, танци, театри и фестивали. Исто така, има голем број на современи културни настани, како концерти и галерии.

Белешки и наводи

Надворешни врски

Tags:

Нидвалден ГеографијаНидвалден ОпштиниНидвалден ЕкономијаНидвалден КултураНидвалден Белешки и наводиНидвалден Надворешни врскиНидвалденГермански јазикКантони во ШвајцаријаШвајцарија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ГликемијаБременостСојуз на Ромите од МакедонијаЉупчо ГеоргиевскиРак на грло на маткаМакедонски КонцептТЕЦ „Неготино“ИстанбулСашо ОрдановскиСоцијалистичка партија на МакедонијаВесна БендевскаЛеукемијаМладост (езеро)Општина ДолнениЦирозаИмер СелманиФранческо ПетраркаКозјак (езеро)ГариСписок на градови во ГерманијаБедија БеговскаИгор КостескиПитагорова теоремаЖелкиВитамин Б6ТетанусАлександар III МакедонскиДебарБелгијаРевматоиден артритисStaphylococcus aureusНикола ПопоскиВлада на Оливер СпасовскиХИВПоткастШармери од осмоМачкаЛокални избори во Македонија (2000)Изборни единици во МакедонијаЦветнициМинистер за здравство на МакедонијаГаличицаГорјан ПетревскиРодина МакедонијаГоран СтефановскиПавел ШатевОтоманска МакедонијаНебо од ванила (филм)Павле АрсоскиЦрвени крвни зрнцаОпштина КарпошВодаМиле ЈаневскиТодор СкаловскиАјдучка треваРисто КрлеСифилисМакедонски претседателски избори (2024)Цар СамоилРак на дојкаДУИКорупцијаБроеви во македонскиот јазикЗНАМОпштина АеродромМолдавијаЕстрогенСтругаКандидРепублика КосовоСолунКожичка на пенисХомеопатијаРимМомчило Бајагиќ-БајагаКошаркаСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Даут Харадинај🡆 More