Лесково: село во Општина Демир Хисар

Лесково — напуштено село во Општина Демир Хисар, во областа Железник.

Денес во него има остатоци од неколку куќи, црква и селска чешма.

Лесково
Лесково во рамките на Македонија
Лесково: Географија и местоположба, Историја, Население
Лесково
Местоположба на Лесково во Македонија
Лесково на карта
Координати 41°13′19″N 21°07′14″E / 41.22194° СГШ; 21.12056° ИГД / 41.22194; 21.12056
Регион Пелагониски
Општина Демир Хисар
Население 0 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 10019
Надм. вис. 1.000 м
Слава Илинден
Лесково на општинската карта
Лесково: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Лесково во рамките на општината
Лесково: Географија и местоположба, Историја, Население Лесково на Ризницата

Географија и местоположба

Ова е типично планинско и село, сместено на тешко пристапна положба на ридот Илиница. Атарот му зафаќа површина од 8,4 км2 и лежи на надморска височина од 1.000 м.

Историја

Во XIX век Лесково било наполно македонско село во Демирхисарската нахија на Битолската каза. Црквата „Св. Илија“ е од XIX век.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948322—    
1953320−0.6%
1961215−32.8%
197167−68.8%
19811−98.5%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Лесково (Лѣсково) имало 260 жители, сите Македонци христијани.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лесково се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 53 куќи.

Целото население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лесково живееле 280 Македонци под егзархијата.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 г. четворица лесковчани се земени во Македонско-одринските чети.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Во 1953 г. селото броело 320 жители, за во 1971 г. да се намали на само 67. Напуштено е некаде по 1981 г., кога, според пописот од таа година, имало само еден жител.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 260 280 322 320 215 67 1 0 0 0 0

Родови

Лесково е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци: Ѓорговци (4 к.); Огненовци со Грујовци (5 к.); Димовци (6 к.); Станковци (1 к.); Џмурковци со Савевци и Новевци (4 к.); Младеновци (1 к.); Кузмановци со Стевановци и Јоновци (12 к.); Нечовци со Мирчевци и Мицковци (7 к.)
  • Доселеници: Терзијовци (3 к.) потекнуваат од домазет. доселени се однекаде; Зенговци (8 к.) доселени се од селото Прострање кај Кичево. Го знаат следното родословие: Тасе (жив на 65 г. во 1952 година) Крсте-Стојче-Петко, кој се доселил во селото.

Културни знаменитости

  • Црква „Св. Илија“ — селска црква од XIX век, обновена во 1980 г.
  • селска чешма, обновена во 1991 г.
  • Споменик на паднатите борци од НОБ

Археолошки наоѓалишта

Околу селото можат да се сретнат следниве археолошки наоѓалишта кои сведочат за неговото средновековно минато:

  • Илиница — остатоци од старата средновековна црква посветена на св. Илија, 1,5 км источно од селото
  • Ѓурѓа — остатоци од средновековна црква посветена на св. Ѓорѓи, 1 км западно од селото
  • Манастириште — грамадни остатоци од средновековна црква, 1,5 км јужно од селото

Личности

  • Александар Андоновски (р. 1 март 1939) — математичар, универзитетски професор
  • Диле Ѓоргиов Андоновски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Ристе Кузманов Илиовски — македонски револуционер од ВМОРО.

Иселеништво

До 1952 година иселеници од селото имало во Романија (1 семејство), Битола (2 семејства) и во Крушево (1 семејство).

Посилен бран на иселување има после 1960 година кон Демир Хисар, Битола и др. Селото се смета како напуштено уште од 1981 година, кога последен пат е забележан 1 жител.

Занимливости

Македонскиот писател Горјан Петревски, дејствието на романот „Вечниот ветар“ го сместува во Лесково, во шеесеттите години на минатиот век.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Лесково Географија и местоположбаЛесково ИсторијаЛесково НаселениеЛесково Културни знаменитостиЛесково Археолошки наоѓалиштаЛесково ЛичностиЛесково ИселеништвоЛесково ЗанимливостиЛесково НаводиЛесково Надворешни врскиЛесковоЖелезникОпштина Демир Хисар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЛожаниАлександар Сергеевич ПушкинСмоларски ВодопадКултураКорабРазловечко востаниеПискупштинаИзборна единица 7Кирил ПејчиновиќРисто СтефановскиШтрковиВладимир ПутинЕкологијаФотосинтезаЕврејски празнициДемир ХисарСписок на градови во Македонија по населениеПланетите во астрологијатаСписок на планини во МакедонијаАлександар III МакедонскиПовикувачки броеви во МакедонијаПисмоОпштини во МакедонијаНационален парк ГаличицаМаркови Кули (Прилеп)Принцезата на зрно грашокГоран БреговиќТелевизијаБлаже КонескиМакедонски пасошБогородичната црква во ПаризХипертензијаБраќа МиладиновциОбединето КралствоШеќерна приказнаСтарословенска азбукаПроста реченицаПневмонијаСписок на македонски писателиМитМРП вакцинаТодор АлександровРепродуктивен системСкопско КалеОпштина ЛозовоОпштина Маврово и РостушеРак (болест)Европска УнијаЃорѓи КолозовКактусиОпштина Демир ХисарЦрно семе (роман)Ѓорѓи АбаџиевЛазар Ристовски (глумец)Општина РесенСрпска кирилична азбукаАтрибут во македонскиот јазикСтрушки вечери на поезијатаТоплинаГлаголицаТешкото (песна)Армија на МакедонијаПоплаваШведскаМакедонска револуционерна организацијаБрзина на светлинатаОдбојкаХипотироидизамМагнетНикола КаревРак на грло на маткаФолклорЖивко МукаетовКуранОмов законЕдгар Алан ПоМорфологија на македонскиот јазик🡆 More