Кјушу

Кјушу (јап.

„деевет покраини“) е трет остров по големина во Јапонија и традиционален регион. Историското име на подрачјето е Сајкајдо (西海道, „западноморско коло“), што се однесува на Кјушу и околните острови.

Кјушу
Познат и како 九州
Кјушу
Регионот Кјушу и неговите префектури во рамките на Јапонија
Географија
Местоисточна Азија
АрхипелагЈапонски Архипелаг
Површина35.640 км2
Подреденост по површина37
Највисоко издигнување1.788 м
Највисока точкаКуџу
Управување
Јапонија
ПрефектуриКагошима, Кумамото, Мијазаки, Нагасаки, Оита, Сага, Фукуока
Најголема населбаФукуока
Демографија
Население13.231.995
Густина332,38 /km2 (86.086 /sq mi)
Етнички групиЈапонци

Во 2006, Кјушу имал 13.231.995 жители и зафаќал површина од 35.640 км2.

Географија

Островот е планински, со извесни вулкански подрачја. На него се наоѓа најактивниот вулкан во земјата, Асо (1.591 м). Други обележја на тектонска активност се бројните топли извори, од кои најпознатите се во Бепу (источен брег) и кај планината Асо, во средишниот дел на островот.

Името Кјушу доаѓа од деветте стари покраини на областа Сајкајдо: Чикузен, Чикуго, Хизен, Хиго, Бузен, Бунго, Хјуга, Осуми и Сацума.

Денешниот регион Кјушу (九州地方, Кјушу-чихо) е политички утврден (но неадминистративен) регион кој се состои од 7 префектури на самиот остров и Окинава на југ:

Како остров на 37-мо место во светот по површина, Кјушу е помал од Шпицберг, но поголем од Тајван. По население го зазема 13-тото место, помалку населен од Борнео, но повеќе од Куба.

Стопанство

Делови од Кјушу се одликуваат со суптропска клима, особено префектурите Мијазаки и Кагошима. Најважни земјоделски производи се оризот, чајот, тутунот, слаткиот компир и сојата, како и одгледувањето на буба за свила. Покрај ова, островот е познат по разни видови на порцелан, како што се аритскиот, имарскиот, сацумскиот и карацуанскиот. Тешката индустрија е концентрирана на северот околу Фукуока, Китакјуши, Нагасаки и Оита и е застапена со производството на хемикалии, автомобили, полупроводници и обработката на метали.

Во 2010, вработеноста на висококвалификуваната работна сила била најниска во земјата, со 88,9%.

Покрај вулканското подрачје на југот, во северниот дел има значајни топли извори околу Бепу. Во овие извори се живеалиште на извесни екстремофилски микроорганизми, кои опстануваат на крајно високи температури.

Поврзано

Наводи

33°N 131°E / 33° СГШ; 131° ИГД / 33; 131

Tags:

Кјушу ГеографијаКјушу СтопанствоКјушу ПоврзаноКјушу НаводиКјушуЈап.ЈапонијаОстровРегиони во Јапонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

РамазанСредоземно МореКристијано РоналдоХрватски месециСузан АкбелгеПолски јазикЦрни и жолтиБолести и аномалии на очитеЈужна АмерикаСвето Римско ЦарствоСложена реченицаЕлектрицитетРепродуктивен системФилозофијаХартијаНР КинаКонтинентЕлектрична струјаПарацетамолИзборна единица 6СмолаЕкологијаРајко ЖинзифовПисмоБроеви во македонскиот јазикПоштенски броеви во МакедонијаГеографија на МакедонијаСилаЗаушкиЗијадин СелаЛозје (книга)Прво заседание на АСНОМВолгоградска областЕл-ФатихаДезире КлариВелесВелики петокФинале на Светското првенство во фудбал 1998Историја на Евреите во ГрузијаРомео и ЈулијаМихаил БулгаковГрузијаБудизамСолунски атентатиЖивко Чинго20 векГаличицаСтобиКочаниПолип на маткатаПад на Цариград (1453)Македонија (регион)КапинаМејозаЛуголов растворСтево ПендаровскиЕлектромоторна силаПчелиЏеј РамадановскиТурцијаСостојба на материјатаТигарСоединети Американски ДржавиРелигијаАББАВирусКуоминтангЗазански јазикГустина на населениеКочо РацинИлузијаПовикот на дивинатаЕрман ШабанИзборна единица 7Вакцина против тетанус🡆 More