Куршумли Ан: ан во Скопје, Македонија

Куршумли ан — поранешен ан во Старата скопска чаршија од османлиско време, кој денес се користи за одржување на културни збиднувања.

Куршумли Ан: Место, Први податоци, Функции на местото
Внатрешноста на Куршумли ан
Куршумли Ан: Место, Први податоци, Функции на местото
Надворешноста на анот
Куршумли Ан: Место, Први податоци, Функции на местото
Куршумли-ан по земјотресот во Скопје од 1963 година.

Место

Куршумли ан се наоѓа на левиот брег на реката Вардар во некогашна железарска чаршија во Скопје во дворот на Музејот на Македонија. Изграден е во првата половина на XIV век.

Први податоци

Сигурни податоци за подигањето на анот не постојат, но се мисли дека на основите на некоја стара зграда Турците го доѕидале и го приспособиле за карван-сарај, по угледот на некои такви анови градени на исток. Во изворите се споменува како задолжбина на Мула Муследин Оџа, син на Абдул Гани во 1550 г, кој бил дворски научник на султанот Селим II.

Функции на местото

Куршумли ан од своето постоење ја менувал својата функција, отпрвин бил ан сè до 1787 г. кога бил претворен во затвор. Во него биле затворени многу македонски револуционери особено по Виничката афера. Од 1904 г. до 1914 г. служел повторно како ан. По својот надворешен и внатрешен изглед не се оделува од останатите типизирани карван-сараи кои постоеле во градските центри.

Уредување на анот

Куршумли ан делува импозантно со декоративно градените ѕидови и малите куполи во форма на пирамиди со благо издадени страни кои секогаш биле покриени со олово (куршум) по што го добил и своето име. Главниот велз се наоѓа на јужната страна. Над влезната врата е изграден трем со куполест покрив. Многубројните квадратни столбови, поврзани со лакови на приземјето и катот создаваат интимен амбиент со дворот и шарванот во него. Приземните простории служеле како магацин на стоки а катовите како соби за одмор. Во вториот дел на анот биле изградени простории за сместување на добитокот. Овој дел имал посебен влез од источната страна. Во најново време неговите простории се користат како лапидариум на Музејот на Македонија.

Поврзано

Надворешни врски

42°0′11″N 21°26′13″E / 42.00306° СГШ; 21.43694° ИГД / 42.00306; 21.43694

Tags:

Куршумли Ан МестоКуршумли Ан Први податоциКуршумли Ан Функции на местотоКуршумли Ан Уредување на анотКуршумли Ан ПоврзаноКуршумли Ан Надворешни врскиКуршумли АнАнОтоманско ЦарствоСтара скопска чаршија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

МаргаринКантарионДеменцијаЦелијакијаКукушНенад СтојановскиРК ВардарМакедонски парламентарни избори (1990)Антифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаДесет Божји заповедиДржавни празници во БугаријаКристијано РоналдоМакедонски БродМалдивиЛав (хороскопски знак)Свети Наум (манастир)ЕмпатијаСилви БендМаловиштеВитаминкаЦрна РекаОпштина Гази БабаВооружена престрелка во Куманово (2015)Меѓународен ден на трудотМасакр кај КарпалакИзборна единица 4Кронова болестДвижење за национално единство на Турците во МакедонијаДубаиСписок на реки во МакедонијаЛатински јазикГолеми и мали (роман)Пајак (пејач)Список на држави и територии во ЕвропаПресметување на датумот на ВелигденСенфИзборна единица 8Прохор Пчински (манастир)Јоаким КрчовскиАдТајната вечера (фреска)Системски лупус еритематозусСуруткаИзраелЕеестек ЛК СкопјеПетровденКичевоЗаздравување на ранаСтрасна седмицаАлександар III МакедонскиЧовекКрф (град)Список на градови во РусијаПонтиј ПилатАрхангел МихаилОхридска пастрмкаВаташаСамоилово ЦарствоПанко Брашнаров4 мај (починале)Човечко телоВелесСараевоКоста ВујиќПрва светска војнаМасакр кај ВејцеСолунАвстралијаЗалив на КоскитеХристијан МицкоскиПанкреасМите ГроздановДарко КаевскиЈордан МитевУпад во Собранието на Македонија (2017)Република Македонија🡆 More