Селим II

Селим II (османски турски: ثانى Selīm-i sānī; турски: ثانى Selīm-i sānī; роден на 30 мај 1524 година - починал на 15 декември 1574 година) — единаесеттиот Султан на Отоманското Царство кој владеел во периодот од 1566 до 1574 година.

Познат е како Sarhoş Selim („Селим Пијаницата“). Тој бил син на Сулејман Величествениот и неговата сопруга Хурем султан.

Селим II
سليم ثانى
Султан на Отоманското Царство
Кајсери-Рум
Чувар на Двете Свети Џамии
Отомански калиф
Падишах
Селим II
11-ти Отомански султан (Падишах)
На престол7 септември 1566 – 15 декември 1574
Крунисување8 септември 1566
ПретходникСулејман I
НаследникМурат III
Роден(а)30 мај 1524
Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство
Починал(а)15 декември 1574
Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство
Почивалиште
Света Софија, Истанбул
СопружникНурбану султан
Децаsee подолу
Полно име
Селим Шах бин Сулејман Шах Хан
ДинастијаОсманлиска династија
ТаткоСулејман I
МајкаРокселана
Вероисповедислам
ТуграСелим II سليم ثانى's signature
Селим II
Султанот Селим II го прима персискиот амбасадор во Одрин во 1567 година.

Селим починал на 15 декември 1574 година и бил погребан во Света Софија.

Рани години

Селим е роден во Цариград како син на Сулејман Величествениот и неговата трета и најсакана жена Рокселана, родена ќерка на православниот свештеник а подоцна ослободена и легална сопруга на Сулејман. Во 1545 година во Конија се оженил Нурбану султан, мајка на Мурат III која подоцна станала првата жена која дејствувала како ко-регент во Османлиското Царство и период кој во историјата на земјата е познат Султанат на жените.

Конкуренција за престолот

Неговиот татко Сулејман имал пет сина кои достигнале зрелост. Неговиот втор син, Мехмед, починал од сипаници во 1543 година. По погубувањето на Мустафа и смртта на Џихангир (најмладиот брат кој страдал од исклучително лошо здравје) во 1553 година, останале само двајца кнезови како потенцијални наследници на престолот: Бајазит и Селим. Бајазит бил гувернер на Ќутахија а Селим бил гувернер на Маниса, два града на скоро еднакво растојание од престолнината Истанбул.

Сулејман бил во 60-тите години на својот живот, а конкуренцијата меѓу двајцата браќа над престолот била очигледна. Сулејман ги терал своите синови и решил да им ги смени работните позиции. Бајазит бил назначен да владее со Амасија а Селим со Конија, и двете провинции биле подалеку од Цариград, но сепак подеднакво оддалечени. Селим бргу го послушал на својот татко и веднаш се преселил во Конија, но на разочарување на неговиот татко, Бајазит го послушал дури по многу двоумење. Лутиот Сулејман го обвинил Бајазит дека е бунтовник и го поддржувал неговиот постар син Селим против Бајазит. Селим, во соработка со Мехмед-паша (идниот голем везир) и со дополнителна помош од татковата војска, го победил својот брат во граѓанската војна во Конија во мај 1559 година.

На тој начин, Селим останал единствениот наследник на отоманскиот престол.

Владеење

Карактер

Селим на отоманскиот престол се качил на 7 септември 1566 и владеел до неговата смрт на 15 декември 1574 година. Селим II бил првиот во серијата на т.н. слаби султани, кои владееле со Отоманското Царство повеќе од два века по смртта на Сулејман I. Селим II дошол на власт во време кога преобратените, нови немуслимански достоинственици на чело со големиот везир Мехмед-паша Соколовиќ, имале речиси потполна контрола над административниот апарат на Отоманското Царство. Османлиското Царство во периодот на опаѓање, кое започнало со владеењето на Селим II, сè уште било доволно силно за да се заштити од целосен колапс. По добивањето на војната со својот брат, Селим станал првиот султан кој немал активен воен интерес и кој сакал да се откаже од власта во корист на министрите и неговата сопруга Нурбану султан, под услов да биде оставен слободно да го помине својот раскошен живот. Поради начинот на живот, тој е познат како Селим Пијаницата.

Во западната историографија Селим обично е портретиран како исклучително распуштен владетел и во многу извори се тврдело дека корупцијата на неговиот двор довела до падот на моралот во општеството на Отоманското Царство воопшто. Овие извори обично доаѓаат до заклучок дека великодостојниците, предводени од Мехмед-паша Соколовиќ кој го спасил царството. Всушност, недостатокот на дисциплина како во дворот така и надвор од него била охрабрувана од Соколовиќ со цел тој да ја консолидира својата моќ, а сите постигнати победи биле само во оние години кога Селим успевал привремено да се ослободи од контролата или влијанието на Соколовиќ.

Селим е познат по тоа што и го вратил на Махидевран султан нејзиниот статус и богатство. Тој го изградил и гробот на неговиот најстар брат, Шехзаде Мустафа, кој бил погубен во 1553 година.

Настани

Во Цариград бил подготвен план за поврзување на Волга и Дон со канал за да се спротивстави на руската експанзија кон северната граница на Османлиите. Во летото 1569 година, голема сила составена од јаничари и коњаници биле испратени да го опсадат Астрахан и да ги започнат каналите, додека отоманската флота го опколила Азов. Руска армиска помош од 15 000 лица ги нападнала и ги уништила работниците и татарските сили испратени за нивна заштита. Османлиската флота тогаш била уништена од невреме. На почетокот на 1570 година, амбасадорите на Иван IV склучиле во Истанбул договор со кој биле обновени пријателските односи меѓу султанот и царот.

Селим успеал да го зазеде Јемен, Кипар, на далматинскиот брег на Хрватска и Тунис. Отоманската флота, по Битката на Превеза (1538) комплетно доминирала на Средоземно Море, но била поразена од комбинираната флота на христијански земји на Лепанто (1571). Сепак, во текот на годините Селим успеал да изгради нова флота, која им овозможила на Османлиите не само да ја вратат контролата над Средоземното Море, туку, исто така, и да ја сочуваат речиси до крајот на векот.

Во гладот од 1573 година, поради големата зима, земјоделците немале голем род. Селим им давал на луѓето храна и зеленчук во кујната за храна. Во април 1574 година, во печатницата на палатата Топкапи избувнал пожар и запалил многу простории, а починале и неколку готвачи и слугинки . Неколку дена подоцна, главниот на јаничарите, господарот на Истанбул и Мимар Синан ја утврдиле локацијата и големината на новите кујни по кое започнала нивната изградба.

Семејство

Првата и единствена сопруга на Селим, Нурбану султан, била венецијанка која била мајка на неговиот наследник Мурат III и три од неговите ќерки. Како Хасеки султан, таа примала 1.000 аспери на ден, додека останатите наложнички од понизок ранг, кои биле мајки на кнезовите, добивале по 40 аспери на ден. Селим и дал на Нурбану 110.000 дукати како мираз, надминувајќи ги 100.000 дукати што неговиот татко и ги подарил на неговата мајка Хурем султан. Според регистарот, Селим имал уште четири жени, а секоја од нив била мајка на принц. Аугуста Хамилтон запишува дека имал две илјади наложнички.

  • Наложнички
    • Нурбану султан, мајка на Мурат III;
    • Мајка на Шехзаде Мехмед;
    • Мајка на Шехзаде Мустафа;
    • Мајка на Шехзаде Сулејман;
    • Мајка на Шехзаде Абдула.
  • Синови

Селим имал седум синови:

Селим имал најмалку четири ќерки:

Извори

  • Finkel, Caroline, Osman's Dream, Basic Books, 2005.
  • Селим II  Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). „Selim“ . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Ancestry of Sultana Nur-Banu (Cecilia Venier-Baffo)
  • John Julius Norwich, A History of Venice (1989), ISBN 0-679-72197-5

Наводи

Надворешни врски

Селим II
Роден(а): 30 мај 1524 Починал(а): 15 декември 1574[aged 50]
Владејачки титули
Претходник
Сулејман I
Султан на Отоманското Царство
7 септември 1566 – 15 декември 1574
Наследник
Мурат III
Духовни титули
Претходник
Сулејман I
Калиф на Отоманскиот Калифат
7 септември 1566 – 15 декември 1574
Наследник
Мурат III

This article uses material from the Wiki Македонски article Селим II, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply. (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
#Wikipedia® is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.

Tags:

Рани години Селим II

Конкуренција за престолот Селим II

Владеење Селим II

15 декември

1524

1566

1574

30 мај

Османски турски јазик

Список на османлиски султани

Сулејман Величествениот

Турски јазик

Хурем султан

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Главна страницаКарлес ПуџдемонМакедонијаОче нашМајка ТерезаГригор ПрличевСкопјеДен на востанието на МакедонијаФудбалВиктор Иго1647 во музиката1664 во музиката1661 во музикатаСахелК21641 во музикатаПеколот (Божествена комедија)Силјан Штркот1637 во музикатаЈапонски јазициНауката во 1651 годинаСписок на македонски народни поговоркиФудбалско игралиштеДетски праваМихаел ШумахерБајадераХороскопски знациЖанрИталија на Олимписките игриТоше ПроескиЏузепе Гарибалди1636 во музикатаКинеско стандардно времеНауката во 1569 година112 п.н.е.ГомирјеАлександра ПријовиќАтентат врз Франц ФердинандАрхитектОрганизирањеДритан АбазовиќДански јазикИранГлаголСообраќајна мрежаБојан МаричиќУметноста во 1983 годинаМарија IПодгорциМесопотамија1945 во музикатаГеографија на МакедонијаАвтобиографија (Григор Прличев)1661 во уметностаСтрептококен фарингитисОперативен системДржавни празници во МакедонијаАндерс ЦорнИталијанска комуна1503 во музикатаБистра вода (серија)Џејмс МилнерСандра БулокАполо 11Прва светска војнаПаскал БаилЛов на тигриХрватски месециМакедонска азбукаТиндорфСписок на планини во МакедонијаГент-Вевелгем 2020Тврд дискГрадови во МакедонијаМакедонски јазикАвтомобилски регистарски таблички во Македонија🡆 More