Козичино: село во Општина Кичево

Козичино — мало село во областа Рабетинкол, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Козичино
Козичино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед кон маалото Долно Козичино

Козичино во рамките на Македонија
Козичино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Козичино
Местоположба на Козичино во Македонија
Козичино на карта
Координати 41°31′58″N 21°5′22″E / 41.53278° СГШ; 21.08944° ИГД / 41.53278; 21.08944
Регион Козичино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југозападен
Општина Козичино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Кичево
Област Рабетинкол
Население 1 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6258
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12034
Надм. вис. 899 м
Козичино на општинската карта
Козичино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Козичино во рамките на општината
Козичино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Козичино на Ризницата

Географија и местоположба

Козичино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Куќа во маалото Горно Козичино

Селото се наоѓа во областа Рабетинкол, во крајниот источен дел на Кичевската Котлина и на територијата на Општина Кичево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Македонски Брод. Селото е ридско, на надморска височина од 899 метри. Од градот Кичево е оддалечено 12 километри.

Селото е сместено на двата брега во долината на Патејчка Река, лева притока на Рабетинска Река. Поголемиот дел од куќите се наоѓаат свртени кон северозапад. Околни села се: Светораче, Патец и Дупјани. Селото се наоѓа под планините Песјак и Кула.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Широка Нива, Голема Нива, Вис, Папрадница, Сама Бука, Чардак, Локва, Бозојца, Умник, Букоарен, Рамна Бука, Црквиште, Пејчиница, Евла, Кошарник, Стојкоа Куќа, Петка Нива, Равен, Лозница, Слогои, Кошари Шилеговски, Ретко Лаз, Присој, Падиње, Јаорје и Удаеник.

Селото е поделено на маалата Горно Козичино, Долно Козичино и Шилеговци, кои се доста одвоени едно од друго, поради што селото има разбиен тип. Најстаро и најголемо маало е Долно Козичино, кое е сместено покрај патот за Патец и каде се наоѓаат училиштето, црквата и гробиштата. Другите две маала се наоѓаат на левиот брег од Патејчка Река. Единствено во минатото селото можело да било поделено на Горно и Долно Маало.

Историја

Козичино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Остави за чување пари во срушена куќа во маалото Горно Козичино

Се претпоставува дека селото било создадено од монасите, кои живееле во манастирот „Св. Врачи“ (кој се наоѓал во селото Светораче, недалеку од селото Козичино), заедно со месното население кои бегајќи од непријателските војски нашло засолниште повисоко во планината.

Името на селото доаѓа од тоа што кога селото било населено биле донесени многу кози и овци од манастирот. На местото на денешното Средно Маало населението ги чувале јагнињата или народно кажано „шилежина“, затоа и денеска тоа маало се нарекува „Шилеговци“. Населението кое го населило Горното Маало го одбрало највисокото место на таа територија затоа и населбата се нарекува „Тумба“. А подоцна од регионот Малесија, Струшко, се населиле неколку семејства и таа населба се нарекува „Малезовци“.

Кога точно се случило основањето, мештаните не можат да кажат, но постои предание дека основањето се случило во исто време, кога се основани и другите околни села.

Во XIX век, Козичино било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Во 1903 година, селото било запалено од страна на Арбанасите од селото Шутово.

Селото неколкупати било палено и ограбувано во текот на Балканските војни при што дало и многу жртви.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 8,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 521 хектар, на оброботливото земјиште отпаѓаат 192 хектари, а на пасиштата 153 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948254—    
1953226−11.0%
1961188−16.8%
1971108−42.6%
198141−62.0%
ГодинаНас.±%
199124−41.5%
199422−8.3%
200217−22.7%
20211−94.1%

Според податоците од 1873 година, селото имало 25 домаќинства со 102 жители христијани (Македонци).

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Козичино имало 400 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Козичино имало 80 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Козичино се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Селото е мало и во 1961 година броело 188 жители, а во 1994 година само 22 жители, од кои 21 Македонец.

Според пописот од 2002 година, во селото Козичино живееле 17 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жители, Македонец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 400 80 254 226 188 108 41 24 22 17 1

Родови

Селото Козичино е населено со православни Македонци. Сите родови во селото се доселенички.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Мачугановци (13 к.), куќите им се во Долно Маало. Ова е најстар род во селото. Потекнуваат од предок кој дошол однекаде, во овој род постоел предокот Ѓоргија кој бил голем сточар и имал околу 250 овци, тој овците наесен ги продавал во Грција; Тумбаровци или Карадаковци (15 к.), гранка се од наведениот род Мачугановци, куќите им се во Долно Маало, додека во минатото живееле во Горно Маало; Шилеговци или Таневци (13 к.), куќите им се во маалото Шилеговци. Основачите на родот Шилеговци биле тројца браќа кои дошле од Закамен „во Охридско“ над маалото Шилеговци постои место Кошарани, кое луѓето од родот Шилеговци го викаат Закамен, како спомен на старината; и Малезановци (5 к.), куќите им се во Горно Маало доселени се од Малесија.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Шилеговци (13 к.), доселени се од околината на Бигорскиот манастир кај Дебар, или од Закамен. Некои подоцна се иселиле во Тетовско; Малезевци (3 к.), доселени се од Малесија; Крстановци (12 к.), потекнуваат од Крстан. Доселени се од Гостиварско; Боглевци (11 к.), и тие се од Гостиварско. Имаат иселеници во Баница кај Гостивар и во Белград.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Вранештица.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Орланци, во која покрај селото Козичино, се наоѓале и селата Дупјани, Крушица, Миокази, Орланци, Патец, Рабетино, Речани, Светораче и Челопеци. Козичино во периодот 1950-1952 се наоѓало во некогашната Општина Светораче, во која тогаш влегувале селата: Дупјани, Козичино, Крушица, Речани, Рабетино, Светораче и Патец.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0808 според Државната изборна комисија, сместено во селскиот дом. Во ова избирачко место е опфатено и селото Патец.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.

Личности

Личности родени во Козичино:

Културни и природни знаменитости

Козичино: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната селска црква „Св. Атанасиј“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
  • Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, изградена во периодот од 1883-1885 година. Иконостасот и иконите се дело на мијачките зографи.
    Реки

Иселеништво

Постари иселеници има во Белград, Обреновац, Нови Сад и Осиек, каде оделе како пекари. После Втората светска војна иселеници има во Кичево. Матичевци во постаро време се иселиле во селото Латово.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Козичино Географија и местоположбаКозичино ИсторијаКозичино СтопанствоКозичино НаселениеКозичино Самоуправа и политикаКозичино ЛичностиКозичино Културни и природни знаменитостиКозичино ИселеништвоКозичино ГалеријаКозичино НаводиКозичино ПоврзаноКозичино Надворешни врскиКозичиноКичевоОпштина КичевоРабетинкол

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Морфологија на македонскиот јазикДемир ХисарСрцева слабостСојуз на Ромите од МакедонијаБактерииМРП вакцинаЈудаизамЦијанобактерииБајкаОпштина КарпошЛалеДеменцијаГаличка свадбаОдбивање (физика)ДланкаФлејтаМекотелиЛожаниЛокални избори во Македонија (2009)Ѓорѓи АбаџиевДерматитВојдан ЧернодринскиФашизамХемиска индустријаДелењеСтрумицаИнфективна мононуклеозаТодор АлександровТутунНаум НаумовскиМјузиклГалилео ГалилејGmailПаралелограмМакедонска крвава свадбаШтрковиЖивотна срединаМарков манастирОпштина ПехчевоКалендар на Велигденски датумиСтрумички карневалИфтарИзборна единица 7ПсоријазаМали ВлајЗемјотресРевматоиден артритисФотосинтезаЃомлезеЏастин БиберПоплаваУставен суд на МакедонијаШенген-зонаНационални паркови во МакедонијаЏ. Р. Р. ТолкинКавадарциРоманијаОпштина Кисела ВодаМаркови Кули (Прилеп)Ајдучка треваПартија за целосна еманципација на РомитеПридавки во македонскиот јазикБели мугриКуранКалиштаПетар ПанКорупцијаГлаголи во македонскиот јазикСтар векПченкаЦрноризец ХрабарДелогождиКамилаБратиславаРадолиштаОпштина СарајРенесансаЕлектрична енергија🡆 More