Книга На Пророкот Авакум: книга од Библијата

Книгата на пророкот Авакум (хебрејски: חֲבַקּוּק‎) е една од книгите на Стариот завет, поточно еден од дванаесетте таканаречени мали пророци.

Авакум се прогласува самиот себеси за пророк во првиот стих на делото, и поради литургиската природа на неговата книга, постои мислење дека бил пророк во храмот. За Авакум нема други биографски информации; всушност од сите пророци на Стариот завет за него најмалку се знае.

Содржина

Главниот мотив на книгата е борбата да се има верба во правдољубив и морален Бог во ладнокрвен и суров свет, мотив кој се препознава уште од првите зборови на делото, каде што прокот го прашува Господ зошто неговите крици за помош не се одговорени. Делото е поделено на три дела, од кои првите два се составени од жалбите на Авакум и Божјите одговори на истите, додека третиот се состои од молитвата на Авакум.

Делото почнува со лелекот на Авакум кон Бога, каде што тој се жали за насилството и неправдата околу него, кои Бог не ги приметува и не ги поправа. Бог одговара дека наскоро тој ќе ги издигне суровите и немилосрдни Вавилонци, кои ќе го освојат светот и ќе го покорат Израел. Авакум го прашува Бог зошто би користел такви злобни алати, споредувајќи го Вавилон со рибар кој лови риби, кои ги симболизираат освоените народи и држави. Бог му наредува да го запише тоа што ќе го чуе при што му кажува дека Вавилонците, како сите царства кои угнетуваат други народи, ги очекува лоша судбина – како што тие ограбувале други држави, тие самите ќе бидат ограбени, како што тие пролевале крв, така и нивната ќе биде пролиена. Тој ги предупредува Вавилонците дека секој град изграден врз неправдата ќе биде разурнат и дека оној кој им нанесува срам и неправда на своите соседи и самиот ќе биде исполнет со срам. На крајот Бог го исмева идолопоклонството, реторички прашувајќи ги зошто зборат со камења и дрва кои немаат усти да одговорат. Третиот и последен дел на делото се состои од молитвата на Авакум, каде што тој ги опишува величественоста, но и стравот кој Бог ги буди во него, и ги опишува неговите дела и способности. Делото завршува така што Авакум изјавува дека дури и во неприлики тој ќе радува на Бога кој ќе му даде спасение.

Наводи

Tags:

Ерусалимски храмСв. пророк АвакумСтар заветХебрејски

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Опсада на Ерусалим (1187)Охридско ЕзероДонтов методСветско првенство во фудбал 2022Општина БосиловоМакедонски парламентарни избори (2014)КошаркаДемократијаСписок на градови во МакедонијаОхридТатарстанПрво заседание на АСНОМЛиберално-демократска партијаХартијаИзборна единица 3СмолаМариборЊујорк (град)Македонија (регион)Социјалистичка Федеративна Република ЈугославијаЗијадин СелаИзраелФудбалДискус хернијаХанзаВојните во ЈугославијаЕгипетЏезСократесЧорбаџи ТеодосКамера опскураСписок на повикувачки броеви на земјитеКамилаСписок на политички партии во МакедонијаМрзнењеЛист (ботаника)ВселенаСипанициРасејувањеМеѓународни празнициКавадарциГрадГаличицаГлаголи во македонскиот јазикКронова болестМорска водаРомантизамГодинаМали сипанициПингвинШенка КолозоваМамутиГуливеровите патувањаИндонезија28 мартФукоово нишалоМарлен ДитрихХерпесСидВојводство Парма и ПјаченцаПорше КајенЕлектромоторна силаФатаморганаПретседателски избори во САД (2016)Срцева слабостАнгкор ВатМаслинкаДесет Божји заповедиФинале на Светското првенство во фудбал 1998Список на острови во Средоземното МореКонстантин МиладиновЕндоскопХристијан МицкоскиГерманијаТајландЕгзистенцијализам🡆 More