Вавилонија

32°32′11″N 44°25′15″E / 32.53639° СГШ; 44.42083° ИГД / 32.53639; 44.42083

Стар век
Праисторија

Стар Близок Исток

Класична антика

Источна Азија

    Династија Шанг · Династија Џоу · Династија Чин · Династија Хан · Династија Џин

Историја на јужна Азија

    Долна Индија · Ведски период · Махаџанападас · Мауриска империја · Гуптска империја

Америка

Среден век
Вавилонија
Вавилон во времето на Хамураби
Вавилонија
Зигурат
Вавилонија
Хамурабиевиот законик
Вавилонија
Портата на Иштар
Вавилонија
Висечките градини во Вавилон

Вавилонија — семитска држава и културен регион во Месопотамија, денешен Ирак. Градот Вавилон бил мал град во склоп на оваа држава, а за време на Хамураби, во првата половина на 18 век п.н.е., станува голем главен град.During the reign of Hammurabi and afterwards, Babylonia was called Mât Akkadî "the country of Akkad" in Akkadian. Пропаѓањето на империјата на Ур, околу 2004 година пред н.е., претставува крај на историјата на Сумерите: во тој период во Месопотамија навлегуваат номадските народи Аморити и Семити од исток, кои се населиле на оваа територија и создале свои династии во повеќе градови, меѓу кои и во Вавилон, додека на север првпат создава држава еден друг Семитски народ, Асирците. По краткотрајната превласт на Асирците, настапило владеењето на шестиот крал од династијата во Вавилон, Хамураби (1792 — 1750 г. пред н.е.), кој ќе го објави познатиот Хамурабиев законик, пронајден во една гробница што денес се чува во музејот Лувр: оттогаш Вавилон станал средиште на Месопотамија, и покрај тоа што во него наизменично владееле Каситите, Асирците и Халдејците. Халдејците ја создале новата Вавилонска Империја, која ќе го достигне врвот на својата моќ и раскош за време на владеењето на Набукодоносор Втори (605 —562 г. п.н.е.), но подоцна ќе падне во рацете на Персиската Империја. Остатоците зачувани од Вавилон се токму од овој период, меѓу кои и прекрасната Порта на Иштар и една импозантна палата на чии тераси можеби се наоѓале познатите Висечки градини; во центарот на градот се наоѓало местото посветено на богот на Вавилон, Мардук, со зигуратот — Вавилонската кула од која, за жал, денес ништо не е зачувано.

Зигурат

Зигуратот бил храм што го сочинувале скалести тераси (три или седум) поврзани со рамнинки и скалила. Терасите биле направени од тули од непечена глина; ѕидовите биле направени од печени тули, а меѓу нив имало битумен. Традицијата на градење на вакви храмови ја зачувале сите народи кои потпаднале под власт на Месопотамија по Сумерите.

Хамурабиевиот законик

Текстот на Хамурабиевиот законик е напишан на надгробен споменик од црн базалт, висок 2,25 м. Над 49 реда текст, е прикажана сцена што го претставува разговорот меѓу Хамураби и Шамаш — богот на правдата, кој седи на престол. Записот се состои од 282 закона.

Портата на Иштар

Низ Портата на Иштар минувала процесијата при славењето на големиот празник - Нова година. Од оваа позната порта се зачувани најстарите делови, изградени од непечени тули, со релјефни декорации кои прикажуваат бикови и змејови.

Висечките градини

Висечките градини во Вавилон се едно од седумте светски чуда: според една легенда, ги изградилa кралицата Семирамида, но се смета дека, тие, веројатно, се дело на кралот Набукодоносор кој се оженил со Амити, ќерка на кралот на Меди Астијаге. За да ја потсетува кралицата на планини и шуми, Набукодоносор наредил во еден агол на кралската палата да се изградат скалести тераси со што била изградена градина со повеќе рамништа.

Наводи

Tags:

Вавилонија ЗигуратВавилонија Хамурабиевиот законикВавилонија Портата на ИштарВавилонија Висечките градиниВавилонија НаводиВавилонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Ванчо МихајловТрајко ВељаноскиБилјана ВанковскаОхридски топчест сунѓерПретседател на МакедонијаБосна и ХерцеговинаДемократска партија на Албанцитеr9bf6Слуз-цедење во грлотоКозјак (езеро)Список на политички партии во МакедонијаТурцијаЕпилепсијаШармери од осмоОливер СпасовскиБолести на белите дробовиСрпска странка во МакедонијаСтаромакедонски јазикКалендар на Велигденски датумиУстав на МакедонијаМорфологија на македонскиот јазикДекамеронЈудаизамСоветски СојузГоце ДелчевХари КостовЈаболковинаИсторија на македонскиот народСтоле ПоповАнгинаВанчо ШехтанскиБогородицаЗаушкиНАТООпштина АеродромГрупа МаестроНезависен политичарСвети Климент ОхридскиПросветителствоАлександар Митевски (пејач)СрбијаАутизамЕндометриозаСДСМОтоманска МакедонијаПовикот на дивинатаСојуз на Ромите од МакедонијаСвети ГеоргиСлезинаЛокални избори во Македонија (2000)ГемиџииКире КостадиновскиНародна Република МакедонијаНационалсоцијализамОдржлив развојБубамариОвчи сипанициЗнаме на МакедонијаРајко ЖинзифовОпштина Ѓорче ПетровМакедонски претседателски избори, 2014Локални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеАвтоимуна болестРак на дојкаРечник на стари македонски зборовиМалтаИталијаМиле ЈаневскиРевизор (комедија)Република КосовоИзбориШтипИзборна единица 4Антифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаЖелкиКултураБалкански рисКафеава мечка🡆 More