Кајзер

Кајзер (германски: Kaiser) — германска титула со значење „цар“ (цар), со женски еквивалент Kaiserin, „царица“.

На германски зборот не е ограничен на владетели на Германското, Австриското или Светото Римско Царство, туку генерички еквивалент на цар, за владетели на други царства. На пример царот на Кина на германски се нарекува Chinesischer Kaiser или Kaiser von China.

Кајзер
Двоен портрет на кајзерите Вилхелм I на Германија (лево) и Франц Јосиф I на Австроунгарија (десно)

Историја на зборот

Зборот кајзер доаѓа од римската титула цезар („Кајсар“ според класичниот латински изговор), со словенскиот еквивалент цар. Ова е суверена монархиска титула од највисок ранг.

Германска историја и претходница на титулата

Оваа римска царска титула за првпат се возобновува во Франкиското Царство by Карл Велики во 800, како хегемон на католичкиот Запад - со тоа воспоставувајќи се на исто ниво со Византиското Царство и Муслиманскиот калифат. Кога царството се поделило по пат на наследства, тоа почнало да се поврзува со источното („германско“) кралство. Царевите на Светото Римско Царство (9621806) („Прв Германски Рајх“, која сега бил изборна монархија) себеси се нарекувале Кајзер, додека комбинирајќи ја оваа царска титула со титулата Римски крал (која назначениот наследник ја добивал пред крунисувањето); овие владетели се гледале себеси како продолжение на римските цареви и затоа користеле таква титула.

Владетелите на Австроунгарското Царство (1804-1918), од Хабсбурговците, кои почнувајќи од 1440 г. биле цареви на Светото Римско Царство ја користеле титулата Кајзер, иако биле формално избирани.

Меѓутоа на македонски и највеќето други јазици, непреведената титула се однесува на царевите на Германското Царство (18711918) („Вториот Рајх“) кое канцеларот Бизмарк вешто го создал од две федерации од многу мали принципати (Kleinstaaterei) кои ја сочинувале Германија, сржта на некогашното Свето Римско Царство.

Германското Царство имало три кајзера. Сите биле од династијата Хоенцолерни, кои веќе владееле со голем дел од Германија како кралеви на Прусија, воено најголемата германска сила, пред да станат цареви. Тие се:

Поврзано

Tags:

Австриско ЦарствоГермански јазикГерманско ЦарствоКинески царСвето Римско ЦарствоЦар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Стале ПоповКошаркаКирил ПејчиновиќФранцуска заедницаМихаил БулгаковЈоаким КрчовскиИндонезијаЕвропаХиџраЧовекови праваКурдиХристијанствоОпштина КичевоАкутен панкреатитКристијано РоналдоСобриМножењеЈужна АмерикаАбу ДабиСписок на реки во МакедонијаСписок на држави и територии по површинаЕнзимПретседател на МакедонијаТексасПредмет (граматика)БаснаМозочен ударЗаушкиСјогренов синдромБрајковциМалезијаАјкулаМораво рокчеМалтаПетар Поп АрсовПере ТошевКарло I АнжујскиРепублика КримМакедонска крвава свадбаЗНАМРак (болест)Чинови на полицијата во МакедонијаЦар Едип (драма од Софокле)Знаме на МакедонијаМарокоДискус хернијаПипи Долгиот ЧорапСинонимСтругаСтудена војнаВикипедијаСрцева слабостШар ПланинаЕпикаМакедонски народни инструментиАцо Шопов20 векНР КинаЛи КеќангВардарБогородицаДишењеСонцеПорше КајенВодаАтомЕрман ШабанЏанлујџи БуфонПлоштинаТодор СкаловскиЕндоскопГорјан ПетревскиРак на простатаАтинаКинетичка енергијаЏо БајденМаксим Димитриевски🡆 More