Карловац (хрватски: Karlovac) — град во Хрватска и административен центар на Карловачката жупанија.
Според резултатите од попис 2011 во градот живееле 55.705 жители, а во самото населено место живееле 46.833 жители.
Карловац Karlovac | ||
---|---|---|
Град | ||
Поглед на стариот дел Звиезда | ||
| ||
Местоположба во Хрватска | ||
Координати: 45°29′N 15°33′E / 45.483° СГШ; 15.550° ИГД | ||
Држава | Хрватска | |
Жупанија | Карловачка жупанија | |
Управа | ||
• Градоначалник | Дамир Јелиќ (ХДЗ) | |
Површина | ||
• Град | 401 км2 (155 ми2) | |
Надм. вис. | 112 м | |
Население (2011) | ||
• Град | 55.705 | |
• Густина | 140/км2 (360/ми2) | |
• Градскo | 46.833 | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски број | 47 000 | |
Повик. бр. | 047 | |
Мреж. место | karlovac.hr |
Карловац е град во Средна Хрватска, 56 км југозападно од Загреб и 130 км источно од Риека. И локациски и културно спаѓа во градови на Балканот.
Сместен е на динарскиот раб на Панонската Низина, а всушност со карловачкото подрачје почнува бреговитиот и планинскиот дел кон Медитеранот. Се наоѓа на раскрсница помеѓу важни сообраќајни и железнички правци од Загреб кон Риека и Сплит. Со многубројни паркови и зелени површини, знаменитост на Карловац се дури четири реки кои течат низ градот - Корана, Купа, Добра и Мрежница.
Помеѓу четири реки подигнат е во 16 век идеален ренесансен град во облик на шестокрака ѕвезда, поделена во 24 правилни просторни блокови. Поради одбрана од турските освојувачи, на 13 јули 1579 година започнала изградба на карловачката тврдина која била градена на имотот на владителската фамилија Зрински, под самиот стар град Дубовац. Со градбата управувал тогаш познатиот градител Мартин Гамбон. Самото име Карловац (Карлштат) градот го добил во чест на својот основач, австрискиот надвојвода Карло Хабсбуршки. Во XVIII и XIX век, градот бил важен трговски центар, додека кон крајот на 19 век прераснал и во индустриски и административен центар.
Тврдината е вистински бисер на тогашната градителска и фортификациска уметност. Се градат бедеми и бастиони, а во внатрешноста на тврдината, во самиот геометриски центар на старото градско јадро, прво се изградени воени и сакрални објекти. Така, на централниот ренесансен плоштад, во 1580 година е подигната црквата Света Троица.
Во 2005 година градот имал 60.395 жители. Според пописот од 2001 година, Карловац имал 59.395 жители, од кои 49.082 живеат во градското подрачје.
Демографијата на Карловац значително се променила после војната во 1990-тите. Многубројни српски фамилии го напуштиле Карловац во 1991 година, на почетокот на војната во Хрватска, а нивните домови ги населиле хрватски фамилии бегалци од другите делови на Хрватска и Босна и Херцеговина.
Етнички состав на Карловац во 2001 година:
82,83% од населението е католичко, 7,43% православно и 1,10% муслиманско.
„Карловац“ на Ризницата ? |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Карловац, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.