Карбуница: село во Општина Кичево

Карбуница — мало село во областа Долно Кичево, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Карбуница
Карбуница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед кон Карбуница

Карбуница во рамките на Македонија
Карбуница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Карбуница
Местоположба на Карбуница во Македонија
Карбуница на карта
Координати 41°27′51″N 20°58′41″E / 41.46417° СГШ; 20.97806° ИГД / 41.46417; 20.97806
Регион Карбуница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југозападен
Општина Карбуница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Кичево
Област Долно Кичево
Население 29 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6258
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12029
Надм. вис. 677 м
Карбуница на општинската карта
Карбуница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Карбуница во рамките на општината
Карбуница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Карбуница на Ризницата

Географија и местоположба

Карбуница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Сретселото со споменикот од НОБ

Селото се наоѓа во областа Долно Кичево, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, недалеку од регионалниот пат Кичево-Македонски Брод. Селото е ридско, на надморска височина од 740 метри. Од градот Кичево е оддалечено 8 километри.

Селото изобилува со водни ресурси. Околни села се: Староец, Кладник, Србјани и други.

Месностите во низинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Филипово Мовче, Барејца, Кашејца, Каланско Плење, Зелен Пат, Пречница, Ставреј Чешми и Лакушица. Месностите во планинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Дробаци, Рид, Калањи, Калањска Црква, Станко Рид, Чука, Пилатица, Ѓурѓејца и Бука.

Селото има збиен тип. Постојат три маала: Горно, Средно и Долно. Во маалата, роднинските куќи се групирани и поблиску една до друга.

Историја

Карбуница спаѓа во старите населби во Кичевско. Под истото име се споменува во втората половина на XV век, кога броело 20 словенско-христијански куќи, во кои живееле 18 семејства и 2 неженети, сите христијани.

Преданието говори дека североисточно од денешното село, на пониско земјиште, се наоѓало посебно македонско село наречено Калањи. Во историските податоци, тоа се споменува во втората половина на XV век, кога имало 16 куќи. Денес, месноста на тоа село се нарекува Каланско Плење. Подоцна, се префрлиле од таму на месноста Калањи. Мештаните пренесуваат дека и тоа село било напуштено поради бројни арбанашки напади од околните села: Староец, Србјани и Кичево. Во местото Калањи, една месност е наречена Каланска Црква. Остатоци од црква се сретнуваат и на местото Богоројца.

На атарот на селото постојат старини и од подалечното минато.

Во XIX век, Карбуница било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

За време на Илинденското востание, на 4 август 1903 година, во селото се водела една од битките помеѓу македонските востаници и османлиската војска и башибозук. Селото било брането од востанички одред од 200 востаници, предводени од војводата Арсо Мицков. Околу 8 часот наутро, еден баталјон од околу 800 османлиски војници и башибозукот од околните албански села го нападнале селото. По четвртиот обид го зазеле. Борбите се пренеле на месноста Ѓурѓејца, каде што пристигнале уште 500 востаници. Османлиската војска добила засилување од кичевскиот гарнизон и албанскиот башибозук. По силниот напад на востаниците, османлиските сили и башибозукот се разбегале. Востаниците учествувале со 700 борци, а имале 30 загинати. Османлиските сили и башибозукот (околу 1.500 вооружени лица) имале 120 загинати.

Во текот на Втората светска војна, во 1944 година селото било запалено од страна на муслиманите од околните кичевски села.

Стопанство

Карбуница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Споменик во селото
Карбуница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Спомен-чешмата на НОБ

Атарот зафаќа простор од 11,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 563 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 390 хектари, а на пасиштата 126 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948312—    
1953285−8.7%
1961240−15.8%
1971176−26.7%
1981113−35.8%
ГодинаНас.±%
199188−22.1%
199481−8.0%
200242−48.1%
202129−31.0%

Според податоците од 1873 година, селото имало 37 домаќинства со 140 жители христијани (Македонци).

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Карбуница имало 515 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Карбуница имало 600 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Карбуница се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 50 куќи.

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Карбуница:

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
77 70 63 24 87 177 192 369

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.

Карбуница е мало село, коешто во 1961 година броело 240 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 81 жител, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Карбуница живееле 42 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, од кои 26 Македонци, 1 Србин и 2 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 515 600 312 285 240 176 113 88 81 42 29

Родови

Карбуница е македонско православно село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Деспотовци (18 к.) и Шумчевци (8 к.), потекнуваат од ист предок и доселени се од некое село во Порече; Станковци (15 к.), Таневци (7 к.), Ѓоргијовци (3 к.) и Кршковци (2 к.), потекнуваат од ист предок, и доселени се од некое село во Охридско.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Чекмановци (6 к.), Јанкуловци (5 к.), Филиповци (2 к.), Стојановци (4 к.), Поповци (8 к.) и Тинталевци (2 к.) староседелски родови; Лангазовци (4 к.), доселени се од Лангаза во Грција; Велчевци (2 к.), доселени се од Охридско; Шумковци (2 к.), доселени се од чифлик во Речани; Лаловци (3 к.), исто потекло како и Шумковци; Кршковци (6 к.), доселени се од Русјаци; Жакеровци (2 к.), доселени се од Слатино, Дебрца; Крагујевци (2 к.), доселени се од Речани; Мојсовци (1 к.) и тие се од Речани; Стефановци (1 к.), доселени се од Србица; Саздановци (4 к.), доселени се од Речани, каде им се род Шумковци; Трпевци (1 к.), доселени се од Охридско; Стара-Кравовци (9 к.), доселени се од Староец; Јоановци (2 к.) и тие се од Речани, каде им се род Шумковци; Боглевци (2 к.), доселени се од Србица, каде имаат роднини Стојановци; Миленковци (1 к.) и Шумјаковци (5 к.), доселени се однекаде.

Општествени установи

Карбуница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поранешното основно училиште во селото
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Вранештица.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Староец, во која покрај селото Карбуница, се наоѓале и селата Атишта, Бигор Доленци, Вранештица и Староец. Општината Староец постоела и во периодот 1950-1952, во која тогаш влегувале селата: Атишта, Вранештица, Карбуница и Староец.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0806 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на селскиот дом.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 36 гласачи.

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Карбуница: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната селска црква „Св. Никола“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
  • Црква „Св. Никола“ — главна селска црква, изградена во 1862 година, од кога потекнува и иконостасот. Во 1938 година направена е надградба, кога се насликани и иконите од горниот ред на иконостасот, кои се дело на иконописци од Галичник.
    Споменици
  • Споменик на НОБ на сретсело
  • Спомен-чешма на НОБ
  • Спомен-плоча на Ѓурѓејца за крвавата битка гради в гради

Личности

Личности родени во Карбуница:

Култура и спорт

За селото е испеана песната „Не оди Сефер село Карбуница“.

Иселеништво

Големи иселувања од селото се забележани по Втората светска војна. Најголем дел од нив во пониското село Староец (26 к.), додека другите во градот Кичево, но и на други места.

Постари иселувања имало од родовите Кршковци (5 к.) и Петревци (2 к.) во Србјани; Кузмановци (2 к.) во Раштани и Попоски (3 к.) и Митаноски (1 к.) во Јабука кај Панчево.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Карбуница Географија и местоположбаКарбуница ИсторијаКарбуница СтопанствоКарбуница НаселениеКарбуница Општествени установиКарбуница Самоуправа и политикаКарбуница Културни и природни знаменитостиКарбуница ЛичностиКарбуница Култура и спортКарбуница ИселеништвоКарбуница ГалеријаКарбуница НаводиКарбуница ПоврзаноКарбуница Надворешни врскиКарбуницаКичевијаКичевоОпштина Кичево

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Прво заседание на АСНОМКирилицаПисмоКатица ЌулавковаКоле ЧашулеПроста реченицаРобинзон КрусоМустафа IСкопско КалеФашизамАутизамПрост бројСеверна АмерикаШенген-зонаКочо РацинТаџикистанНаум НаумовскиЈоаким КрчовскиСложена реченицаРоднински односиВикинзиТетовоМетодија Андонов-ЧентоНовак ЃоковиќОпштина КичевоСтојанче АнгеловСписок на хемиски елементиСтруен ударПериоден систем на елементитеСтрептококен фарингитисИстанбулЧленконогиБогородицаСтранствувањето на Чајлд ХаролдПенис (човек)ФизикаТромбоцитопенијаВртоглавицаМакедонија во Втората светска војнаМоралЛазар Ристовски (глумец)Јордан Хаџи Константинов-ЏинотАјкулаТелефонЛидија ДимковскаЉубовЖолчкаСтобиИсторијаМакедонски народни инструментиМагнетАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаСписок на македонски писателиМакедонски парламентарни избори, 2008ЗаграчаниПринцезата на зрно грашокОхридско ЕзероЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеПеперугиСтевчо ЈакимовскиОтоманска МакедонијаСтар заветСписок на главни градови во светотСтар векЖелудникСлаткаристикаДерматитКрвен притисокСреброЕп за ГилгамешЃорче ПетровКарлес ПуџдемонАнтичка МакедонијаСпоменка (книга)НАТОЖаба’Ржаново (Струшко)Правоаголник🡆 More