Кичевско Извор: село во Општина Кичево

Извор — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Извор
Кичевско Извор: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото од патот кон Кленоец

Извор во рамките на Македонија
Кичевско Извор: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Извор
Местоположба на Извор во Македонија
Извор на карта
Координати 41°28′40″N 20°49′12″E / 41.47778° СГШ; 20.82000° ИГД / 41.47778; 20.82000
Регион Кичевско Извор: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југозападен
Општина Кичевско Извор: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Кичево
Област Копачка
Население 11 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6261
Повик. бр. 045
Шифра на КО
Извор на општинската карта
Кичевско Извор: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Извор во рамките на општината
Кичевско Извор: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Извор на Ризницата

Географија и местоположба

Кичевско Извор: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед кон изворот на реката Треска

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на самиот пат Кичево-Охрид, во изворишното сливно подрачје на реката Треска. Селото е рамничарско, на надморска височина од 745 метри. Од градот Кичево е оддалечено 14 километри.

Младото село Извор се наоѓа на патот Кичево-Охрид и на некогашното железничка линија со тесен колосек до Охрид. Основано е во горниот дел на долината на Треска, околу врелото Извор, по кого го добило и името. Земјиштето на кое е основано селото било атар на соседното планинско село Душегубица.

Селото се наоѓа во областа Горна Копачка, на реката Треска.

Историја

Селото било основано по Втората светска војна, околу некогашната железничка станица на пругата Кичево-Охрид.

По капитулацијата на Италија во Втората светска војна кај селото се воделе борби меѓу партизанските единици и фашистичката војска. На 5 октомври 1943 година борбата траела цел ден, по што поголем дел од фашистичките војски биле протерани од селото и од Кичево. За време на борбите селото Извор е палено неколкупати. Најжестоките борби за ослободување на кичевскиот регион, а со тоа и на селото Извор се воделе во мај 1944 година.

На 26 ноември 1943 година, во селото е создаден Првиот косовски народноослободителен баталјон „Рамиз Садику“.

Стопанство

Селото нема сопствен атар, туку го потпаѓа под атарот на селата Горна и Долна Душегубица, поради што нема одделни катастарски податоци.

Во минатото, во селото постоело сточарската задруга „Копачка“ со околу 4.500 овци. Зиме овците биле носени во селата Витанци и во Попадија.

Откако започнала изградбата на автопатот Кичево-Охрид, во селото се наоѓа базата на кинеските работници од претпријатието „Синохидро“, кои го градат автопатот.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194855—    
195395+72.7%
1961163+71.6%
1971132−19.0%
198193−29.5%
ГодинаНас.±%
199157−38.7%
199452−8.8%
200249−5.8%
202111−77.6%

Во 1961 година, селото броело 163 жители, главно, доселени од околните места, а во 1994 година имало само 52 жители, од кои 50 Македонци и двајца Срби.

Според пописот од 2002 година, во селото Извор живееле 49 жители, од кои 48 Македонци и 1 Србин.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 10 Македонци и 1 останат.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 55 95 163 132 93 57 52 49 11

Родови

Македонското население потекнува од доселеници од околните планински села: Душегубица и Кленоец. Сепак поголемиот дел доаѓа од првото село (околу 30 к.).

Општествени установи

Кичевско Извор: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поранешната пошта во селото
  • Поранешна пошта
  • Полициско одделение „Извор“

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било седиште на тогашната Општина Извор, во која покрај селото Извор, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Кленоец, Малкоец и Попоец.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0768 според Државната изборна комисија, сместено во училишната зграда. Во ова избирачко место е опфатено и селото Кленоец.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи. На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Цркви
  • Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — црква во изградба, камен-темелник поставен на 30 октомври 2023 година
    Споменици
    Реки

Иселеништво

Иселеници од Извор има во прилепското село Житоше: Китаноски (2 к.) и Стрезоски (1 к.), преселени во 1954 година.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Кичевско Извор Географија и местоположбаКичевско Извор ИсторијаКичевско Извор СтопанствоКичевско Извор НаселениеКичевско Извор Општествени установиКичевско Извор Самоуправа и политикаКичевско Извор Културни и природни знаменитостиКичевско Извор ИселеништвоКичевско Извор ГалеријаКичевско Извор НаводиКичевско Извор ПоврзаноКичевско Извор Надворешни врскиКичевско ИзворКичевоКопачка (област)Општина ДруговоОпштина Кичево

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Глигор ПоповскиПодгорциБледски договор (1947)ТриаголникТешкотоМојсејДерматитМустафа IИлузијаУкраинаСлезинаПраисторијаКочо РацинРамностран триаголникПовикувачки броеви во МакедонијаТешкото (песна)Партија за движење на Турците во МакедонијаМозочно крвавењеГлаголи во македонскиот јазикЧинови на Армијата на МакедонијаМакедонски народни инструментиОпштина ЛозовоШвајцаријаМаксим ДимитриевскиБошко СмаќоскиGmailБратиславаВојскаХристијанствоМакедонски парламентарни избори (2008)РастенијаХомерЛокални избори во Македонија (2017)МитологијаБакарХајди (роман)ИндустријаБубрегЈордан Хаџи Константинов-ЏинотВладимир Илич ЛенинМакедонски парламентарни избори (2024)Изборна единица 3Шенген-зонаМислодеждаБуринецОпштина КончеРимаСедум смртни гревовиМакедонски ораРаички манастирБлаже КонескиПМГ колективКога тргнав ЦветоЕнергијаАбортусФиброаденомБранко ЦрвенковскиЧорбаџи ТеодосПрост бројЕлектричен отпорЗаграчаниСписок на држави и територии во ЕвропаРеал БетисСписок на градови во МакедонијаБор (град)Лимфен јазолНовак ЃоковиќКристофер КолумбоОпштина КавадарциФотосинтезаТитаниЕрман ШабанИзборна единица 4Дискус хернијаЛарингитисПартија за целосна еманципација на РомитеПланетаКирилица🡆 More