Гостиварско Зубовце: село во Општина Врапчиште

Зубовце — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.

Зубовце
Гостиварско Зубовце: Географија и местоположба, Историја, Население

Поглед кон селото

Зубовце во рамките на Македонија
Гостиварско Зубовце: Географија и местоположба, Историја, Население
Зубовце
Местоположба на Зубовце во Македонија
Зубовце на карта
Координати 41°49′45″N 20°52′40″E / 41.82917° СГШ; 20.87778° ИГД / 41.82917; 20.87778
Општина Врапчиште
Население 844 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1238
Шифра на КО 07038
Надм. вис. 558 м
Зубовце на општинската карта
Гостиварско Зубовце: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Зубовце во рамките на општината

Географија и местоположба

Гостиварско Зубовце: Географија и местоположба, Историја, Население 
Црквата „Св. Марена“

Зубовце лежи во подножјето на Шар Планина измеѓу Дебреше на југ и Врапчиште на север. Селото лежи по текот на Зубовскиот Поток на надморска висина од 556 метри. Селото има три главни извори на вода и тоа: Сугарски, Калапетроец и Лапнимушица. Селскиот атар е доста голем. Нивите се наоѓаат во источниот рамничарски дел како: Долен Цес, Цапркојца, Крс, Мал П'т, Чапрага,Дапче, Дреноец, Кобел, Манастирско, Под Лаг, Кара Зела, Голема Нива, Клукоо, Лажец, Крило, Бунарче, Цигалче, Орашлика, Крепи Куќица, Пскарсник и Калишаноец. Ливадите се наоѓаат на местата: Слатина и Ливадје, а додека шумите на местото Костур-Самар над самото село.

Зубовце е населба од збиен тип.Куќите се групирани по маала, кои се наоѓаат покрај потокот од лева и десна страна.

Историја

Гостиварско Зубовце: Географија и местоположба, Историја, Население 
Фрагмент од псалтир од првата половина на XVI век, најден во Зубовце

Зубовце е стара населба. За првпат се споменува во 1595 година. Според усните преданија на селаните, првите зубовчани дошле од чисто македонското место Пилигринци, кое тогаш се наоѓало во рамничарскиот дел на Полог на 3 км источно од денешното село. Покрај тоа место постоел главен пат т.н. Алабачки Пат по кој оделе дервишите. Поради нивните зулуми селаните се иселиле од таму и дошле на денешното место. Тврдењето дека тие го основале селото се смета за легенда, а не за историски факт.

Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948663—    
1953719+8.4%
1961690−4.0%
1971554−19.7%
1981563+1.6%
ГодинаНас.±%
1991543−3.6%
1994530−2.4%
2002762+43.8%
2021844+10.8%

На крајот од XIX век Зубовце е македонско село в Гостиварска нахија на Тетовска каза на Османлиското Царство. Според Васил К’нчов во 1900 година Зубовци има 720 жители, сите Македонци, додека веќе во 1905 година има 752 жители кои се поделени во две цркви. Според Селишчев во 1929 година Зубовце е центар на општина од 4 села во Горнополошкиот срез и има 109 куќи со 705 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 600 Македонци.

Според пописот од 2002 година селото има 762 жители и претставува средна по големина населба.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 844 жители, од кои 428 Македонци, 278 Албанци, 120 Турци, 3 Срби и 15 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 663
1953 719 719
1961 686 2 1 1 690
1971 551 1 2 554
1981 548 6 5 4 563
1994 526 2 2 530
2002 478 223 58 2 1 762
2021 428 278 120 3 15 844

Родови

Гостиварско Зубовце: Географија и местоположба, Историја, Население 
Црквата „Св. Никола“
Гостиварско Зубовце: Географија и местоположба, Историја, Население 
Црквата „Св. Тома“
Гостиварско Зубовце: Географија и местоположба, Историја, Население 
Зунина чешма

Ѓегиновци, Ѓоневци , Кочевци и Поповци стари родови, доселени се од сега раселеното село Пилигринец, за Кочевци се зборува дека се намножени од предок Ром, и сега во овој род има луѓе со темна боја на кожата; Коруновци стари доселеници, доселени се од сега албанското село Прошовце; Бошковци доселени се однекаде, дошле кога и Коруновци; Трајановци и Тунџовци доселени се од селото Куново; Желкаровци доселени се од сега муслиманското село Врановци; Пољковци доселени се од некое село во областа Порече; Дуковци доселени се од некое село Думково или Дуково, жителите на овој род не знаат кај се наоѓа тоа село (на Шар Планина во околината на врвот Голема Враца постои простран планински гребен и месност која се вика Думково); Фичуровци доселени се од селото Арачиново, Скопско; Степановци доселени се од некое село во Порече; Бардевци доселени се од селото Бардовци, скопско; Марковци доселени се однекаде; Цоцолевци доселени се од Прошовце или Пожаране; Крагујевци доселени се однекаде; Спасевци потекнуваат од домазет кој дошол од Дебреше. Таму биле староседелци; Тодор родот го основал домазет кој дошол од Дебреше; Форинци доселени се од селото Форино; Бакаловци доселени се однекаде; Сиљан (1 к.) дошол од Порече; Ѓоковци гранка се од родот Бошковци; Рачиновци гранка се од родот Фичуровци; Страшевци доселени се однекаде.

Општествени установи

Стопанство

Во селото постои индустриска зона во која функционираат неколку фабрики. Во селото функционира фарма за ноеви.. Една од нив е од месната индустрија која произведува доста прочуени колбаси кои се пласираат на пазарите во Македонија и странство.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 454 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на културен дом.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 393 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Гостиварско Зубовце: Географија и местоположба, Историја, Население 
Раокина чешма
Гостиварско Зубовце: Географија и местоположба, Историја, Население 
Споменик во центарот на селото од Втората светска војна
Гостиварско Зубовце: Географија и местоположба, Историја, Население 
Гоцев Мост — еден од многуте на Зубовски Поток

Селото е доста познато по своите мостови преку Зубовскиот Поток и по своите чешмии.

  • Зуина чешма
  • Раокина чешма

Редовни настани

  • Патронен празник на селото - 30 јули, денот на заштитничката на селото Св. Марена. Се слави во дворот на истоимената црква.
  • Василичарски средби - секоја година на 14 јануари
  • Одење по Билки -Спроти Ѓурѓовден на 5 мај се оди по билки. Сите девојки заедно низ полето берат растенија од штотуку расцутените плодни дрвја и цеќиња. Се берат билки и се пее:
    Слагај билке од планина,
    билјаро, билјаро,зар ти плачет машко дете,
    билјаро,билјаро, ако палчет нека плачет,
    билјаро, билјаро,качите го на нишалка
    билјаро, билјаро, ќе му дувнет тивко ветре,
    билјаро, билјаро, ќе заросит ситна роса,
    билјаро, билјаро, ќе заспиет машко дете,
    билјаро, билјаро.

Младите невести и девојчиња прават венчиња од полски цвеќиња и се кршат зелени гранчиња од расцутените плодни дрвја. При берењето на билките, покрај другите се пее:

    Ајде билке на билје, билјаро, билјаро
    билки да си береме, билјаро, билјаро,
    венци да си правиме, билјаро, билјаро,
    кобли да наредиме, билјаро, билјаро,
    бутин да наредиме, билјаро, билјаро,
    куќа да закитиме, билјаро, билјаро...

Со набраното зеленило се закитуваат влезните порти на куќите, самите куќи и клетовите, како и котарите каде што е сместен добитокот. Со венчиња се китат коблите и бутините, лонците каде што се преработува домашното млеко. Со ѓурѓевденското зеленило се најавува родна и бериќетна година, здрав и плоден добиток, среќа и напредок во фалилијата.

  • Водици - Богојавление - традиционално се прославува на 19 јануари. Од утринските часови се пее:
    Во Јордање крештајусја Тебја Господи, Троическое јависја Поклонение.
    Родителе со глас Свидетелство ваше тебје, Возљубљенога тја сина Именуја.
    И дух видје голубиње Известуваше словесе Утврждение.
    Јављенсја Христе Боже И мир просвеиште Слава тебја..

Личности

  • Томе Серафимовски (1935-2016) — македонски вајар, академик;
  • Мане Јаковлевски — македонски и германски стопанственик, организатор на референдумот во 1991 на Македонците во Германија;
  • Гојко Јаковлевски (р. 1935) — политички емигрант во Берлин, виден македонски активист; и
  • Александар Настески (р. 1948) — академски сликар.

Култура и спорт

Карактеристично за Зубовце е прославата на празникот Прочка. Во текот на денот во бавчите (градините) се палат огнови. Запалените китчиња слама им се дават и на децата, а тие, трчајќи низ бавчите на сиот глас извикуваат:

    Бегај крту бегај,
    бегај ќ’те изгорам
    Бегај крту, бегај,
    бегај ќ’те изгорам.

На овој начин како и со запалениот оган се бркале кртовите кои им нанесувале големи штети на градинарските култури. Пред да падне првиот мрак, се палат големите маалски огнови, наречени Баба вештица, направени од слама, од пченкарница и од смрека. На времето меѓу зубовските маала, постоел и натпревар кое маало ќе има најразгорен оган, со највисок пламен. Околу огновите, децата трчале и ги прескокнувале пламените јазици. Со јагленчињата од огнот на малите деца им цртале крстиња на челото за здравје и заштита од уроци. Попладнето на Поклади, според стариот обичај, младите одат на посета кај постарите за традиционално да побараат прошка без разлика дали некој некому му згрешил или не. Проштавај ако сум се огрешил нешто годинава! – е вообичаеното обраќање на помладите кон постарите. Нека ти е просто и блосоено и од мене и од Бога – одговара оној од кого се бара проштевање. Вечерта во секој зубовски дом се подготвува свечена вечера. Традиционално се коле петел или кокошка и се подготвува зубовскиот специјалитет калејнца – ориз во тава. Се прави и алва, а се вари и по едно јајце за секој член од потесното семејство и уште едно за куќата. По завршувањето на вечерата, се изведува вообичаеното ацкање (амкање) јајце. Домаќинката зема кадела (урка, рачно изработена направа за предење волна) на која на плетена волнена врвка го врзува вареното јајце. Јајцето го ниша околу софрата. Сите со зинати усти, се обидуваат да го лапнат јајцето без да се служат со рацете. Ацкањето (амкањето) трае сè додека некој не го лапне јајцето, кое потоа се лупи и секој од семејството каснува по малку за здравје. Во една лушпа од јајцето се налева црвено вино или како што го викаат крто вино. Домаќинката послужува со зборовите: напиј се крто вино, а оној што ќе се напие од лушпата наздравува: ај да ги снема кртовите од бавчите. На вечерата се изведува уште еден обичај наречен јадец. Тој што ќе го најде т.н. јадец во месото се обложува со надлажување. Надлажувањето може да трае за целото време на велигденските пости.

Иселеништво

Жителите на Зубовце во минатото и денес издршката за своите семејства ја обезбедувале и од печалбарство. Многумина од нив биле и се врвни угостители во Србија, Романија, Германија, Бугарија, како и во Египет и во Турција.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Гостиварско Зубовце Географија и местоположбаГостиварско Зубовце ИсторијаГостиварско Зубовце НаселениеГостиварско Зубовце Општествени установиГостиварско Зубовце СтопанствоГостиварско Зубовце Самоуправа и политикаГостиварско Зубовце Културни и природни знаменитостиГостиварско Зубовце Редовни настаниГостиварско Зубовце ЛичностиГостиварско Зубовце Култура и спортГостиварско Зубовце ИселеништвоГостиварско Зубовце НаводиГостиварско Зубовце Надворешни врскиГостиварско ЗубовцеГостиварОпштина Врапчиште

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

КантарионСојуз на Ромите од МакедонијаМРСАХлорамфениколРак на панкреасотСончев СистемЈордан Хаџи Константинов-ЏинотМакедонска крвава свадбаКочо РацинЧернобилска несреќаХристо ТатарчевГариВаршавски договорВодолија (хороскопски знак)Македонски парламентарни избори (1998)Општина КрушевоЕгејска МакедонијаТумор на мозокМакедонски парламентарни избори, 1994Атентат врз Киро ГлигоровВикипедијаВелигденДевица (хороскопски знак)Законодавна властХрватскаМанастир ОстрогВодаМравкаКанцониеротБозелМеѓународен ден на трудотОсновен приходСлезинаГеографија на ГрцијаМакедонски парламентарни избори (2002)Мултипла склерозаСписок на повикувачки броеви на земјитеМалтаПенис (човек)ТуберкулозаОпштина ЧашкаЦветнициСписок на македонски народни и староградски песниПроливЛеукемијаБраќа МиладиновциМочуриштеПредмет (граматика)Илче Стојановски26 априлСердаротМакедонски претседателски избори, 2009Четврта влада на Никола ГруевскиЛокални избори во Македонија (2017) — Град СкопјеБранко ЦрвенковскиСилвио ПиколоминиОпштина Маврово и РостушеОче нашМакедонски претседателски избори, 1994Волфганг Амадеус МоцартНикола КаревБугарски возВелко НеделковскиМакедонски АлбанциЗагадување на воздухотЗнаме на МакедонијаСпор за името помеѓу Македонија и ГрцијаСветлинаХристијан МицкоскиНепалМакедонски парламентарни избори, 1998Македонски претседателски избори (2014)Ревматоиден артритисТодор СкаловскиПанко БрашнаровЈоаким КрчовскиПовикувачки броеви во Македонија🡆 More