Злеово: село во Општина Радовиш, Македонија

Злеово (познато и како Злево) — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Злеово
Злеово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото

Злеово во рамките на Македонија
Злеово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Злеово
Местоположба на Злеово во Македонија
Злеово на карта
Координати 41°33′21″N 22°35′58″E / 41.55583° СГШ; 22.59944° ИГД / 41.55583; 22.59944
Регион Злеово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југоисточен
Општина Злеово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Радовиш
Население 683 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2423
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22017, 22517
Надм. вис. 310 м
Злеово на општинската карта
Злеово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Злеово во рамките на општината
Злеово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Злеово на Ризницата

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 960 жители, со што селото се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.

Географија и местоположба

Злеово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Сретселото

Селото се наоѓа на крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Радовиш, сместено на левата страна на реката Струмица, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Василево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 310 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 21 километар, додека од магистралата А4 помеѓу Радовиш и Струмица е оддалечено 2,5 километри.

Селото се наоѓа во Радовишко-Струмичката котлина, во јужното подножје на планината Готен, источно од општинскиот центар Радовиш.

До селото води асфалтен пат, кој се води како регионален пат 29471.

Историја

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 17,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 938,5 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 682,1 хектар, а на пасиштата само 33,1 хектар.

Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во селото работат продавници и угостителски објекти.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948807—    
1953940+16.5%
1961656−30.2%
1971831+26.7%
1981979+17.8%
ГодинаНас.±%
1991911−6.9%
1994959+5.3%
2002928−3.2%
2021683−26.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Злево живееле 400 жители, сите Турци.

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Злево живееле 433 Турци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Турци и 25 до 50 Власи.

Во 1961 година селото броело 656 жители, од кои 554 биле Македонци, а 101 жител Турчин, додека во 1994 година бројот се зголемил на 959 жители, од кои 955 биле Македонци и тројца жители Срби.

Според пописот од 2002 година, во селото Злеово живееле 928 жители, од кои 924 Македонци, 3 Срби и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 683 жители, од кои 647 Македонци, 4 останати и 32 лица без податоци.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Злеово:

Година Македонци Турци Роми Срби Ост. Лица без под. Вкупно
1948 807
1953 5 931 2 2 0 940
1961 554 101 0 1 0 656
1971 826 1 0 1 3 831
1981 975 0 0 2 2 979
1991 909 0 0 0 2 911
1994 955 0 0 3 1 959
2002 924 0 0 3 1 928
2021 647 0 0 0 4 32 673

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови

Злеово во минатото било турско село, но денес е целосно населено со македонско население.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:

  • Турски родови:
    • Староседелци: Османовци (8 к.) и Амедовци (3 к.), потурчени, мешајќи се со Турците.
    • Доселеници: Салиевци (8 к.), Мустафовци и Корчовци (4 к.), Аметовци (5 к.), Дестановци (4 к.), Идрисовци (5 к.), Феизини (4 к.), Мамутовци (7 к.), Демировци (6 к.), Мемедовци (6 к.), Асановци (6 к.), Шерифовци (8 к.), Сулемановци (7 к.), Османовци (6 к.) и Алилевци (5 к.).
  • Колонисти православни родови: Ражњатовиќи (2 к.), доселени се од Ријечка Нахија во Црна Гора; Мрвошевиќ (1 к.), доселени се од Пјештица во Црна Гора; Тодоровиќ (1 к.), доселени се од Горно Поле во Црна Гора; Јовичиќ (1 к.), доселени се од Шумадија.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Во XIX век, Злеово било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Подареш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Доброшанци, во која покрај селото Злеово, се наоѓале и селата Висока Маала, Доброшане, Кушкулија, Нивичани, Нова Маала, Сушево и Чанаклија. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Злеово, во која влегувале селата Злеово и Кушкулија.

Избирачко место

Злеово: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“ со камбанаријата

Во селото постои избирачкото место бр. 1623 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 698 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 692 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
    Цркви

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Злеово Географија и местоположбаЗлеово ИсторијаЗлеово СтопанствоЗлеово НаселениеЗлеово Општествени установиЗлеово Самоуправа и политикаЗлеово Културни и природни знаменитостиЗлеово ГалеријаЗлеово НаводиЗлеово ПоврзаноЗлеово Надворешни врскиЗлеовоОпштина РадовишРадовиш

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Донтов методГлаголи во македонскиот јазикКрвен притисокС’ботскоМавровоНаум НаумовскиЕгејска МакедонијаЏорџ Гордон БајронСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваСкопско КалеРециклирањеБалтиморПартија за движење на Турците во МакедонијаМојот звукГетеборгМагнетна резонанцијаГаличка свадбаЈапонијаОпштина СтуденичаниСписок на главни градови во ЕвропаДора БакојаниДемографија на МакедонијаГригор ПрличевАвтоимуна болестОпштина ВрапчиштеКиселинаИсторијаМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Реал БетисЦрно семе (роман)Николај Римски-КорсаковЗемји членки на Европската УнијаЛимфомЛеополд I (Свето Римско Царство)ЛавОпштина КарпошДесет Божји заповедиШведскаОтоманско ЦарствоЕлектрицитетВладимир ПутинМакедонска граматикаКумановоСвета ПеткаСтарословенска азбукаМузикаТокиоТуберкулозаЈужна АмерикаМоравска мисијаВирусАнтичка МакедонијаПере ТошевРасејувањеОпштина КавадарциЈан Амос КоменскиДанела АрсовскаБалкански ПолуостровХепатитЊутнови закониКрушевоЛидија ДимковскаОпштина ОхридСостојба на материјатаИсламИзбори во МакедонијаОпштина ЛипковоАДХДИсторија на македонскиот народОпштина СопиштеСојуз на Ромите од МакедонијаЉубе БошкоскиКопа АмерикаГерманијаИзборна единица 1Девојката со бисерна обетка (филм)Македонски парламентарни избори (2016)Речник на стари македонски зборови🡆 More