Филм Златната Треска

Златната треска (англиски: The Gold Rush) - американски филм од 1925 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото.

Главните улоги ги толкуваат: Чарли Чаплин, Марк Свејн, Том Мареј и Џорџа Хејл. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во категориите за најдобар звук и за најдобра музика.

Содржина

Дејството на филмот се одвива во времето на златната треска, кога илјадници луѓе се упатиле во планините на Алјаска во потрага по злато. Еден мал, сиромашен човек (го игра Чаплин) заминува во планината со надеж дека ќе си ја најде среќата. Тој се засолнува во една колиба во доаѓа во судир со озлогласениот Блек Ларсен (го игра Мареј) кого го бара полицијата. Сепак, во колибата доаѓа Биг Џим (го игра Свејн), кој претходно пронашол место богато со злато. Кога Ларсен заминува во потрага по храна, во колибата остануваат малиот човек и Биг Џим, кој не може да го издржи гладот и сака да го убие својот сопатник. За среќа, во колибата доаѓа една мечка која ја убиваат и така двајцата се спасуваат од гладот.
Кога Биг Џим доаѓа до местото каде го пронашол златото, таму го затекнува Блек Ларсен, кој го удира по главата поради што Биг Џим го губи паметењето. Блек Ларсен успева да избега со богат плен, но погинува при одрон на земјиштето. Малиот човек заминува во блискиот град каде во кафеаната ја здогледува убавата танчерка Џорџа (ја игра Хејл) во која се вљубува. Заради забава, Џорџа и нејзините другарки започнуваат да се дружат со него, а тој уште повеќе се вљубува во танчерката. Сепак, и покрај даденото ветување, девојките забораваат да го посетат малиот човек за време на новогодишната ноќ, иако тој подготвил вечера и поклони.
Во меѓувреме, Биг Џим не може да се сети на местото каде го пронашол златото и затоа го бара малиот човек кој треба да му помогне да го пронајде наоѓалиштето на злато. Двајцата одат во планината каде се сместуваат во истата колиба од нивната прва средба. Ноќта, бурата ја турка колибата до работ на провалијата при што двајцата едвај успеваат да се спасат од сигурна смрт. Потоа, тие го наоѓаат наоѓалиштетот на злато и стануваат многу богати.
На крајот од филмот двајцата другари-милионери се наоѓаат на еден брод, придружени од група новинари, кои подготвуваат репортажа за нив. Соема случајно, малиот човек ја среќава Џорџа на бродот, која на новинарите ја претставува како својата свршеница.

Надворешни врски

Youtube, „Gold Rush (1925)“

Наводи

Tags:

1925АнглискиЗвукМузикаОскарРежијаСценариоФилмЧарли Чаплин

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЕгипетДемократска обнова на МакедонијаБолести на белите дробовиРамазанЅвезда од КутлешКрешник БектешиЛеќаМакедонски претседателски избори, 2014Етничка групаГеографија на МакедонијаКире КостадиновскиЧарлс IIIКалендар на Велигденски датумиПрилепСветлинаДемократска алтернативаИлинденско востаниеОпштина СарајРисто КрлеОпштина ТеарцеЈордан МијалковСписок на повикувачки броеви на земјитеСтевчо ЈакимовскиТоксикологијаОхридска пастрмкаСкопски земјотрес (1963)Рамиз МеркоЛокални избори во Македонија (2000)Војдан ЧернодринскиОфталмологијаОмепразолБојан МиовскиОпштина ЈегуновцеЧир на желудникотРадовишХристијанствоРадишаниМакедонски парламентарни избори (2014)Хороскопски знациДржавни празници во МакедонијаАнална фисураНикола ГруевскиЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеИсламАртритисЈаглехидратТуризам во РусијаСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаЃорѓија СајкоскиНАТОДуховденСписок на планини во МакедонијаУрологијаОдржлив развојЛимфен јазолСвета ПеткаАна ФранкРелигијаПартија за движење на Турците во МакедонијаСписок на македонски зборови од турско потеклоЗбогум, Румелија (ТВ-серија)СолунГаличникuf2lnЗНАМ26 Април (спортска сала)АутизамКожичка на пенисВтора влада на Зоран ЗаевИсторија на Македонија (1991 - денес)Десет Божји заповедиВлада на Љубчо ГеоргиевскиДанела АрсовскаСудска властВили БрантРечник на стари македонски зборовиСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Димитар МиладиновВештачка интелигенција🡆 More