Естер Ледецка

Естер Ледецка (родена на 23 март 1995 година) е чешка сноубордерка и алпска скијачка.

На Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг, Ледецка освоила златни медали во супервелеслалом (алпско скијање) и во паралелен велеслалом во скијање на даска. Со ова таа стана првиот олимпиец кој освоил два златни медали на иста Зимска Олимпијада со користење на два различни типа опрема (скии и даска). Таа била втората жена која што освоила олимписко злато во две одделни дисциплини, но прва што го освоила на истите Зимски олимписки игри. Таа била првата Чехинка која победила на паралелниот велеслалом во сноуборд во ФИС Светскиот куп во сноуборд .

Естер Ледецка
Естер Ледецка
Лични податоци
Роден(а)23 март 1995(1995-03-23)(29 г.)
Прага, Чешка Република
Висина173 см
Тежина68 кг
Спорт
ЗемјаЕстер Ледецка Чешка
СпортСкијање на даска
Алпско скијање
ДисциплиниПаралелем слалом во сноубординг, Паралелем велеслалом во сноубординг
Спуст, Супервелеслалом, Алпска комбинација
КлубДукла Либерео
ТренерЏастин Рајтер (сноѕборд)
Томаш Банк, Ондреј Банк (скијање)
Успеси и титули
Светски првенстваЕстер Ледецка Златен медал во паралелен слалом во Крајшберг 2015 година
Естер Ледецка Златен медал во паралелен велеслалом во Сиера Невада 2017
Естер Ледецка Сребрен медал во паралелен слалом во Сиера Невада 2017 година
Олимписки игри
  • Естер Ледецка Златен медал во паралелен велеслалом во Пјонгчанг 2018 година
  • Естер Ледецка Златен медал во супервелеслалом во Пјонгчанг 2018 година
  • Естер Ледецка Златен медал во паралелен велеслалом во Пекинг 2022 година
Најв. светски ранг
  • FIS Crystal Globe Прво место во паралелен слалом во сноубординг во ФИС светскиот куп (2016–2019)
  • FIS Crystal Globe Прво место во паралелен велеслалом во сноубординг во ФИС светскиот куп (2016, 2018, 2019)
  • • Второ место во Светскиот куп во спуст 2020
  • • Трето место во Свескиот куп во алпски комбинации (2020)
Естер Ледецка
Ледека со Мартина Сабликова (лево) на Стариот градски плоштад во Прага по враќањето од Зимските олимписки игри 2018

Почетоци

Естер Ледецка е родена во Прага. Нејзината мајка Зузана се занимавала со уметничко лизгање а татко ѝ Јанек Ледецки, е познат музичар во Чешка и Словачка. Таа потекнува од спортско семејство: нејзиниот дедо Јан Клапач е поранешен хокеар на мраз, кој освоил седум медали на Светските првенства и две медали на олимписките игри.

Како дете започнала да се занимава до хокеј на мраз, а на четиригодишна возраст почнала да скија и подоцна го придодала и сноубордингот.

Нејзино хоби е свирење гитара и пеење. Таа исто така ужива во летните спортови како одбојка на плажа и сурфање со едрилица.

Кариера

Ледецка прв пат се појавила во Светскиот куп во сезоната 2012-13, и завршила на 13-то место во дисциплината паралелен велеслалом. Во март 2013 година, на 17-годишна возраст, го освоила злато во паралелен слалом на Светското првенство за јуниори.

Во сезоната 2013-14 таа го освоила второто место во ФИС Светскиот куп во сноуборд на првиот паралелен слалом во Бад Гаштајн и третото место во втората трка. Подоцна освоила злато во Рогла во паралелен велеслалом на истото натпреварување, со што станала првата Чехинка која освоила злато. Со ова, таа станала третата Чехинка која победила на трка во сноуборд од Светскиот куп.

Пред Зимските олимписки игри 2014 таа била меѓу чешките спортисти од кои најмногу се очекувало да освои медал на игрите, заедно со Мартина Сабликова, Габриела Соукалова и сноубордерката Ева Самкова. Откако во квалификациите за алпско скијање на Зимските олимписки игри завршила на деветтото место, Чешката скијачка асоцијација се обидела да ја регистрира како натпреварувачка, но ФИС го одбила предлогот, наведувајќи дека само осум Чеси може да се натпреваруваат.

Ледецка на Зимските олимписки игри во 2014 година дебитирала на 19 февруари 2014 година во паралелен велеслалом во сноубординг. Завршила како седма во генерален пласман.

Ледецка својата кариера во сноуборд ја развивала напоредно со алпското скијање: на ФИС Светскиот куп во алпско скијање дебитирала во февруари 2016 година. Освојувала поени во Светскиот куп, натпреварувајќи се во спуст и супервелеслалом. Во 2017 година, таа станала првата спортистка која што се натпреварувала на Светски првенства и во скијање и во сноуборд, а притоа освоила злато во паралелен велеслалом и сребро во паралелен слалом на Светското првенство за скијање во слободен стил и сноуборд во Сиера Невада, Шпанија, а завршила меѓу првите 30 скијачи во спуст, супервелеслалом и алпски комбинации на Светското првенство во алпско скијање во Сент Мориц, Швајцарија.

Ледецка дебитирала во алпско скијање на Зимските олимписки игри 2018 година, а била и квалификувана за алпски сноубординг. Таму таа го освоила златниот медал во супервелеслалом, и била видно шокирана откако стигнала на целта за 0,01 секунда побрзо од бранителката на златниот медал од Олимпијадата во 2014 година, Ана Вејт. Ледецка пред Олимпијадата била рангирана на 49-тото место во таа дисциплина и никогаш не освоила медал на ниеден меѓународен скијачки настан на ниво од Светски куп. Се шпекулирало дека наводно се тркала со скии позајмени од Микаела Шифрин (и двете скијачки се спонзорирани од Атомик). Таа одбила да ги отстрани очилата за време на прес-конференцијата по нејзината победа, и рекла дека тоа е нејзиниот заштитен знак, а кога новинарите ја притиснале, рекла дека не се нашминкала зошто не се надевала дека ќе победи. По победата во паралелен велеслалом, таа станала првата спортистка која освоила златен олимписки медал во две различни дисциплини за време на исти Зимски олимписки игри (Анфиса Резцова претходно освоила злато во различни дисциплини, но не и на иста Олимпијада: крос кантри скијање во 1988 година и биатлон во 1992 и 1994 година). Ледецка била избрана за знаменосец на Чешка на церемонијата на затворање.

Во Светскиот куп во алпско скијање 2018–19, Ледецка заврши на 24-то место во поредокот за спуст и на 28-то место во супервелеслалом. Во декември 2019 година, Ледецка ја забележа својата прва победа на Светскиот куп во алпско скијање во спуст во Лејк Луиз. Во декември 2020 година, за прв пат победила на трка од Светскиот куп во супервелеслалом.

Резултати од Светскиот куп

Податоците се преземени од Меѓународната скијачка федерација (ФИС).

Сноубординг

Сезонски титули

  • 7 титули – (4 паралелно, 3 паралелен велеслалом)
Сезона Дисциплина
2016 Паралелен севкупно
Паралелен велеслалом
2017 Паралелен севкупно
2018 Паралелен севкупно
Паралелен велеслалом
2019 Паралелен севкупно
Паралелен велеслалом

Пласман по сезона

Сезона  Возраст  Паралелен
севкупно
Паралелен
слалом
Паралелен велеслалом
2013 17 15 16 15
2014 18 2 2 3
2015 19 3 8 2
2016 20 1 5 1
2017 21 1 2 3
2018 22 1 24 1
2019 23 1 13 1
2020 24 17 8 17
2021 25 23 - 13

Подиуми

  • 20 победи – (18 паралелен велеслалом, 2 паралелен слалом)
  • 33 подиуми – (26 паралелен велеслалом, 7 паралелен слалом)
Season Date Location Discipline Place
2013–14 10 јануари 2014 Естер Ледецка  Бад Гаштајн, Австрија Паралелен слалом 2-ро
12 јануари 2014 Паралелен слалом 3то
18 јануари 2014 Естер Ледецка  Рогла, Словенија  Паралелен велеслалом  1-во
2014–15 9 јануари 2015 Естер Ледецка  Бад Гаштајн, Австрија Паралелен слалом 1-во
7 февруари 2015 Естер Ледецка  Зуделфелд, Германија Паралелен велеслалом 1-во
28 февруари 2015 Естер Ледецка  Асахикава, Јапонија Паралелен велеслалом 3-то
2015–16 12 декември2015 Естер Ледецка  Кареца, Италија Паралелен велеслалом 1-во
23 јануари 2016 Естер Ледецка  Рогла, Словенија Паралелен велеслалом 1-во
30 јануари 2016 Естер Ледецка  Москва, Русија Паралелен слалом 3-то
27 февруари 2016 Естер Ледецка  Кајзери, Турција Паралелен велеслалом 1-во
2016–17 15 декември2016 Естер Ледецка  Кареца, Италија Паралелен велеслалом 2-ро
17 декември2016 Естер Ледецка  Кортина д'Ампецо, Италија Паралелен слалом 1-во
28 јануари 2017 Естер Ледецка  Рогла, Словенија Паралелен велеслалом 1-во
5 март 2017 Естер Ледецка  Кајзери, Турција Паралелен велеслалом 1-во
18 март 2017 Естер Ледецка  Винтерберг, Германија Паралелен слалом 2-ро
2017–18 14 декември2017 Естер Ледецка  Кареца, Италија Паралелен велеслалом 1-во
15 декември2017 Естер Ледецка  Кортина д'Ампецо, Италија Паралелен велеслалом 1-во
5 јануари 2018 Естер Ледецка  Лакенхоф, Австрија Паралелен велеслалом 1-во
20 јануари 2018 Естер Ледецка  Рогла, Словенија Паралелен велеслалом 1-во
26 јануари 2018 Естер Ледецка  Банско, Бугарија Паралелен велеслалом 1-во
3 март 2018 Естер Ледецка  Кајзери, Турција Паралелен велеслалом 2-ро
10 март 2018  Естер Ледецка   Скуол, Швајцарија Паралелен велеслалом 1-во
2018–19 13 декември2018 Естер Ледецка  Кареца, Италија Паралелен велеслалом 2-ро
15 декември2018 Естер Ледецка  Кортина д'Ампецо, Италија Паралелен велеслалом 1-во
16 февруари 2019 Естер Ледецка  Пјонгчанг, Јужна Кореја Паралелен велеслалом 1-во
17 февруари 2019 Паралелен велеслалом 3-то
23 февруари 2019 Естер Ледецка  Тајната Градина, Кина Паралелен велеслалом 2-ро
9 март 2019 Естер Ледецка  Скуол, Швајцарија Паралелен велеслалом 2-ро
2019–20 14 јануари 2020 Естер Ледецка  Бад Гаштајн, Австрија Паралелен слалом 2-ро
18 јануари 2020 Естер Ледецка  Рогла, Словенија Паралелен велеслалом 1-во
2020–21 12 декември2020 Естер Ледецка  Кортина д'Ампецо, Италија Паралелен велеслалом 1-во
2021–22 16 декември2021 Естер Ледецка  Кареца, Италија Паралелен велеслалом 2-ро
18 декември2021 Естер Ледецка  Кортина д'Ампецо, Италија Паралелен велеслалом 1-во

Алпско скијање

Пласман по сезона

Сезона  Возраст  Севкупно Супервелеслалом Спуст Комбинација
2016 20 93 42 37 -
2017 21 77 38 34 -
2018 22 61 47 22 -
2019 23 54 28 24 -
2020 24 10 21 2 3
2021 25 10 5 4 -

Подиуми

Сезона Датум Локација Дисциплина Место
2019–20 6 декември 2019 Естер Ледецка Лејк Луиз, Канада Спуст 1
8 февруари 2020 Естер Ледецка  Гармиш Партенкирхен, Германија Спуст 3
23 февруари 2020 Естер Ледецка  Кран-Монтана, Швајцарија Комбинација 3
2020–21 20 декември 2020 Естер Ледецка  Вал-д'Изер, Франција Супер Г 1
22 јануари 2021 Естер Ледецка  Кран-Монтана, Швајцарија Спуст 2
2021–22 22 јануари 2022 Естер Ледецка  Кортина д'Ампецо, Италија Спуст 3

Резултати на Олимписки игри

  • 3 медали – (3 злата)

Сноубординг

  • 2 медали – (2 злата)
година  Возраст  Паралелно
слалом
Паралелно
велеслалом
Естер Ледецка  2014 Сочи 18 6 7
Естер Ледецка 2018 Пјонгчанг 22 Н/П 1
Естер Ледецка  2022 Пекинг 26 Н/П 1

алпско скијање

  • 1 медал – (1 златен)
година  Возраст  Велеслалом Супер-Г
Естер Ледецка  2018 Пјонгчанг 22 23 1
Естер Ледецка  2022 Пекинг 26 Н/П 5

Резултати од светските првенства

Сноубординг

  • 3 медали – (2 златни, 1 сребрен)
година  Возраст  Паралелен
 слалом 
Паралелен велеслалом
Естер Ледецка  2011 Ла Молина 15 40 33
Естер Ледецка  2013 Стоунхем 17 17 16
Естер Ледецка  2015 Крајшберг 19 1 5
Естер Ледецка  2017 Сиера Невада 21 2 1

Алпско скијање

година  Возраст  Спуст Супер-Г Велеслалом Слалом Комбинирани
 Естер Ледецка   2017 Санкт Мориц 21 21 29 37 - 20
Естер Ледецка  2019 година 23 17 27 - - 15
Естер Ледецка  2021 Кортина 25 4 4 - - 8

Поврзано

  • Список на спортисти со повеќе спортови - Сноубординг
  • Двоен спорт и мулти-спортски олимпијци
  • Список на повеќе олимписки златни медалисти во еден настан

Наводи

Надворешни врски

  • Предлошка:FIS snowboarder (како скијач на даска)
  • Предлошка:FIS alpine skier (Како алпска скијачка)
  • Естер Ледецка на Facebook

Tags:

Естер Ледецка ПочетоциЕстер Ледецка КариераЕстер Ледецка Резултати од Светскиот купЕстер Ледецка Резултати на Олимписки игриЕстер Ледецка Резултати од светските првенстваЕстер Ледецка ПоврзаноЕстер Ледецка НаводиЕстер Ледецка Надворешни врскиЕстер ЛедецкаАлпско скиjање на Зимските олимписки игри 2018Алпско скијањеЗимски олимписки игри 2018Скијање на даскаСкијање на даска на Зимските олимписки игри 2018Супервелеслалом

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Срцева слабостБозелПиту ГулиБрзина на светлинатаМакедонски народни инструментиМали сипанициПердувеста кукумјавкаДаниела ТемелковскаЈСП СкопјеЖичница „Милениумски крст“Масакр во ВаташаШерЗнаме на МакедонијаАзијаВлада на МакедонијаВојо СтојановскиГригор КопровШпанијаПолип на маткатаГостиварМиокардитисХераклеја ЛинкестисБошко СмаќоскиСвети СпиридонСопот (Велешко)ДиазепамШлеговоИспарувањеМакедонски јазикВасил Зафирчев2023Список на претседатели на САДШвајцаријаРадождаXboxСергеј ГармашОбединети нацииМакедонска дијаспора30 априлАцо ШоповКашлицаМакедонска револуционерна организацијаСвета ПеткаТрескавецСипанициОвчи сипанициМалдивиСтара скопска чаршијаИван VI (Русија)Јелена ЖугиќКатлановоХајди (роман)ДунавПаркинсонова болестМенструален циклусКонстантин МиладиновАтинаСолунските атентатори (филм)Армија на МакедонијаХектарМиом на маткаБегалкаКрива ПаланкаДоматПешнаАлбанциАртритисДанскаПингвинСписок на македонски народни поговоркиСуданБразилПопис на населението во Македонија (2021)ЛарингитисВоденДрачевоМето Јовановски (глумец)🡆 More