Енецки Јазик

Енецски јазик — уралски јазик и спаѓа во подгрупата на северни самоједски јазици на самоједската група на јазици.

Јазикот го зборуваат Енеците во краснојарскиот крај во Русија. Има два дијалекта и тоа: енецко-шумски и енецко-тундрански јазик. Го зборуваат околу 70 луѓе и тоа најмногу се постаро население. Покрај енецскиот јазик го зборуваат и рускиот јазик.

Енецки јазик
Онаь базаан
Застапен воРусија
ПодрачјеКраснојарски крај, покрај течението на Јенисеј
Народ230 Енеци (попис 2010)
Говорници40  (2010)
Јазично семејство
уралско
Јазични кодови
ISO 639-3или:
enf — енецко-шумски
enh — енецко-тундрански

Дијалекти

Енецките дијалекти може да се поделат на две групи, енецко-шумски и енецко-тундрански.

Енецко-шумскиот е помал. Според податоците од зимата во 2006 година, овој дијалект го зборувале само 35 луѓе, од кои 6 во Дудинка, 20 во Потапова и 10 во Тухард. Најмладиот говорник на дијалектот е роден во 1962 година, а најстариот во 1945. Скоро сите зборуваат енецки (двата дијалекта) и руски.

Двата дијалекта се разликуваат според фонологијата и зборовниот фонд. Во записите од 17 и 19 век се пронашле и други дијалекти на енецкиот, но веќе се изумрени.

Фонолошки разлики:

  • Во некои зборови, енецко-шумскиот глас /s/ се совпаѓа со енецко-тундранскиот /ɟ/.
    • шумскиот mese — тундрански meɟe 'ветер' (од *merse < *märkʲä);
    • шумскиот osa — тундрански uɟa 'месо' (од *ʊnsa < *əmså);
  • Во некои зборови, шумската почетен група /na/ се совпаѓа со тундранската /e/ (од прасамоједскиот *a- > *ä-).
  • Почетната група на шумскиот /ɟi/ се совпаѓа со тундранската /i/.

Разлики во зборовнито фонд:

  • шумски eba — тундрански aburi 'глава'
  • шумски baða — тундрански nau 'збор'
  • шумски ʃaru — тундрански oma 'тутун'

Азбука

А а Б б В в Г г Д д Е е Ё ё Ԑ ԑ
Ж ж З з И и Й й К к Л л М м Н н
Ӈ ӈ О о П п Р р С с Ҫ ҫ Т т У у
Ф ф Х х Ц ц Ч ч Ш ш Щ щ ъ Ы ы
ь Э э Ю ю Я я

Фонологија

Комбинирано од сите дијалекти на енецкиот јазик се добива следнава фонемска структура:, Forest Enets (Siegl 2013), Tundra Enets (Nikolaeva 2014).

Самогласки

предни средни задни
високи i ɨ u
средни e, ɛ ə o
ниски æ a ɑ ɒ

Согласки

двоусни запчени тврдонепчени меконепчени посталвеоларни
експлозивни p, b t, d pʲ, bʲ, tʲ, dʲ k, g q, ʔ
африкати t͡s, t͡ʃ t͡sʲ, t͡ʃʲ
фрикати s, ʃ, ð sʲ, ʃʲ x h
носни m n mʲ, nʲ ŋ
латерални l
вевни r
полусамогласки w j
  1. Согласките кои се пред i и e се палатализирани.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Енецки Јазик ДијалектиЕнецки Јазик АзбукаЕнецки Јазик ФонологијаЕнецки Јазик НаводиЕнецки Јазик Надворешни врскиЕнецки ЈазикРусијаРуски јазикСамоједски јазициСеверни самоједски јазициУралски јазици

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Нова либерална партијаВанчо ШехтанскиМакедонски парламентарни избори (1994)ДебрцаВасил ИљоскиИзборна единица 2Татјана ПетрушевскаПопулизамАндреј ПетровИзборна единица 9ШизофренијаГордана ЈанкулоскаВилијам ШекспирМатка (кањон)Емил ДимитриевВладимир ГлигоровСрцев ударОпштина КривогаштаниВласиВтора влада на Бранко ЦрвенковскиЗагрозен видАна ФранкЦирозаБременостОтоманска МакедонијаЕдинствена МакедонијаГолеми и мали (роман)Атентат врз Киро ГлигоровАнтибиотик со широк спектар на дејствоКалендар на Велигденски датумиКалиопиЧовечки папиломен вирусОпштина БрвеницаИлинденско востаниеРимско ЦарствоЈапонијаМртво МореОпштина Гази БабаСардинијаЦер (село)Список на главни градови во ЕвропаНина Атанасова-ШкрињариќВлада на Димитар КовачевскиДеменцијаДојранско ЕзероБелото ЦиганчеМонокотиледониДневникот на Ана ФранкГоце ДелчевМакедонски КонцептStaphylococcus aureusДафина СтојаноскаМакедонски претседателски избори (2019)Константин МиладиновКаролина Ристова - АстерудНикола КаревБекир ХалимиРахим БекириТимчо МуцунскиИзбори во Република МакедонијаПржински договорМакедонски ВласиСписок на градоначалници на Општина СтрумицаКандидМинистер за здравство на МакедонијаТодор АлександровМакедонски парламентарни избори (2014)ВселенаЛила СтојановскаОпштина Маврово и РостушеОливера ТрајковскаВитамин Б6Крушевска РепубликаНеутрализацијаТрапезШтипМакедонија (регион)🡆 More