Дурутли: село во Општина Дојран

Дурутли — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во југоисточниот дел на Македонија.

Дурутли
Дурутли: Географија и местоположба, Стопанство, Население

Воздушен поглед на селото Дурутли

Дурутли во рамките на Македонија
Дурутли: Географија и местоположба, Стопанство, Население
Дурутли
Местоположба на Дурутли во Македонија
Дурутли на карта
Координати 41°17′37″N 22°40′41″E / 41.29361° СГШ; 22.67806° ИГД / 41.29361; 22.67806
Регион Дурутли: Географија и местоположба, Стопанство, Население Југоисточен
Општина Дурутли: Географија и местоположба, Стопанство, Население Дојран
Област Беласица
Население 4 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2461
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06007
Надм. вис. 310 м
Дурутли на општинската карта
Дурутли: Географија и местоположба, Стопанство, Население

Атарот на Дурутли во рамките на општината
Дурутли: Географија и местоположба, Стопанство, Население Дурутли на Ризницата

Географија и местоположба

Дурутли: Географија и местоположба, Стопанство, Население 
Сретселото

Селото се наоѓа во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Дојран, а северозападно од Дојранското Езеро, чиј атар се допира со територијата на Општина Валандово (на еден тесен дел). Селото е ридско, сместено на надморска височина од 310 метри. Од градот Гевгелија, селото е оддалечено 37 километри, додека од патот Нов Дојран-Гевгелија (или Валандово) е оддалечено 5,6 километри.

Селото се наоѓа во ридски предел на планината Боска. На мало растојание на североисток е селото Џумабос, а на југ лежи селото Севендекли.

До селото води земјен пат, кој се двои од локалниот пат кој води до валандовските села Башибос и Бајрамбос, кој пак се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли.

Стопанство

Атарот на селото е мошне мал, тесен и долг, и зафаќа простор од 2,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 140 хектари, на пасиштата отпаѓаат 48,9 хектари, додека на обработливите површини 20,3 хектари.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948141—    
1953157+11.3%
1961105−33.1%
197169−34.3%
198182+18.8%
ГодинаНас.±%
199145−45.1%
199441−8.9%
200216−61.0%
20214−75.0%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 15 домаќинства со 30 жители муслимани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дурутли живееле 185 жители, сите Турци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.

Во првите децении на XX век населението на Дурутли доживеало извесно намалување и продолжило во таа насока до денес.

Дурутли во 1961 година броело 105 жители, а во 1994 година само 41 жител, турско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Дурутли имало 16 жители, сите Турци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, од кои 1 Турчин и 3 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 185 141 157 105 69 82 45 41 16 4

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Дурутли било чисто турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Башибос, во која покрај селото Дурутли се наоѓале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Севендекли, во која влегувале селата Дурутли, Севендекли и Џумабос.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0381 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Куртамзали. Во избирачкото место се опфатени населените места: Дурутли, Куртамзали, Органџали и Севендекли.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 120 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Дурутли Географија и местоположбаДурутли СтопанствоДурутли НаселениеДурутли Самоуправа и политикаДурутли ГалеријаДурутли ПоврзаноДурутли НаводиДурутли Надворешни врскиДурутлиБеласицаМакедонијаОпштина Дојран

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Масакрот кај ВејцеВилијам ШекспирВлада на МакедонијаЧарлс IIIМинистер за здравство на МакедонијаЗагадување на воздухотОпштина ПласницаПолскаОпштина АеродромСписок на градови во Македонија по населениеМалиот принцЖолчкаМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Бескрајна приказнаМакедонски парламентарни избори, 2011Споменка (книга)Младост (езеро)БитолаДаниел ДефоЉупчо ГеоргиевскиИлинка МитреваПере ТошевХристо ТатарчевДуховден26 априлАлександар III МакедонскиГеографија на ГрцијаКрешник БектешиБубрежна инфекцијаСветлинаМасакр кај КарпалакЧешкаМакедонски парламентарни избори, 2014ТромбоцитопенијаКонстантин МиладиновЗагрозен видМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаКошаркаШахБобан ТрајковскиПитагорова теоремаЕдинствена МакедонијаИзет МеџитиКрал МаркоЛиберално-демократска партијаМенструален циклусГрад СкопјеРевизор (комедија)МакедонциРак на грлоКокошкаЏо БајденАдријана АлачкиВелигденски јајцаМакедонски претседателски избори (1994)Јоаким КрчовскиХипотироидизамЧернобилДимитар МиладиновИзборна единица 8Лимфен јазолСоцијалдемократијаСписок на повикувачки броеви на земјитеСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаАнална фисураЛозје (книга)Даунов синдромШвајцаријаLa Liga 2Демократски сојузРоберт ПетковскиВојдан ЧернодринскиСвети Кирил и МетодијВодноБалкански рис🡆 More