Дукатино: село во Општина Василево

Дукатино — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Дукатино
Дукатино: Географија и местоположба, Историја, Демографија

Влезот на Дукатино

Дукатино во рамките на Македонија
Дукатино: Географија и местоположба, Историја, Демографија
Дукатино
Местоположба на Дукатино во Македонија
Дукатино на карта
Координати 41°32′36″N 22°32′39″E / 41.54333° СГШ; 22.54417° ИГД / 41.54333; 22.54417
Општина Општина Василево
Шифра на КО 27028, 27528
Дукатино на општинската карта
Дукатино: Географија и местоположба, Историја, Демографија

Атарот на Дукатино во рамките на општината

Географија и местоположба

Дукатино: Географија и местоположба, Историја, Демографија 
Основно училиште „Гоце Делчев“
Дукатино: Географија и местоположба, Историја, Демографија 
Црква во селото
Дукатино: Географија и местоположба, Историја, Демографија 
Плевна во селото

Дукатино се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во северозападниот дел на Струмичка Котлина, чиј атар допира со територијата на Општина Радовиш и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Радовиш е оддалечен 16 километри, додека од Струмица е оддалечен 18 километри. Покрај селото поминува патот Струмица-Радовиш.

Надморската височина во селото е 376 метри додека селото зафаќа површина од 8 км2. Од нив 240,5 хектари се обработливо земјиште, 504,2 хектари се шуми и 22,3 се пасишта

Историја

Антички период

Во околината на денешното село се наоѓаат археолошки остатоци од т.н. Градиште, Калата и Селиште и Чуј Петел. Според овие остатоци се смета дека селото постоело уште во античкиот период.

Отоманско Царство

Во текот на XIX век, селото било чисто македонско. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 230 жители Македонци.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 320 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.

Во селото кон крајот на 1909 година бил основан комитет на ВМОРО од страна на Христо Чернопеев и Михаил Думбалаков, на чело со војводата Стамен Радовишки.

Југославија

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Дукатино било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

На пописот од 2002 година, селото имало 497 жители. Следува табела на националната структура на населението

Националност Вкупно
Македонци 447
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 3

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Дукатино има 327 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 240
Албанци 0
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 87

На табелата е прикажан преглед на бројот на населението низ сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 230 320 289 337 387 426 470 480 450 450

Родови

Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.

  • Староседелци: Костадиновци со Поцевци и Петровци (7 к.), Стоименовци (3 к.), Доневци (3 к.), Тренчовци со Треновци и Алексовци (3 к.), Темелковци (1 к.), Главченци (4 к.), Димитријевци (4 к.), Митровци (3 к.), Тодоровци (3 к.), Стојановци (2 к.) и Ѓоргевци (2 к.)
  • Доселеници: Трајковци (4 к.) доселени се во XIX век од селото Варварица.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1799 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 370 гласачи.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Дукатино Географија и местоположбаДукатино ИсторијаДукатино ДемографијаДукатино Самоуправа и политикаДукатино НаводиДукатино Надворешни врскиДукатиноОпштина ВасилевоСтрумица

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Демократска ДесницаСидШар ПланинаРомски јазикМакедонија во Првата светска војнаМочуриштеАлкалоид (претпријатие)ХромозомКоле ЧашулеТуберкулозаКочо РацинВладимир ПутинМали ВлајКонтинентПертусисМеѓународни празнициЈосип Броз-ТитоФлебитисПрекршување (физика)АлжирЗбунети годиниПартија за движење на Турците во МакедонијаЦветнициПоплаваСписок на држави по населениеЖабаМакедонска граматикаМагнетна резонанцијаФудбалЛарингитисЦрни и жолтиЃурѓовденНатриум хидроксидМинато определено несвршено време во македонскиот јазикМустафа IЦар СамоилФеникија’Ржаново (Струшко)Општина ЛипковоМесопотамијаГлаголицаСончев СистемСписок на македонски филмовиАјдучка треваИндонезијаДишен системКиселинаЗевсАнтичка МакедонијаБедија БеговскаЧовечко телоКамено времеМесечинаМјузиклБалетМенструален циклусПтициАрмија на МакедонијаЛионел МесиШеќерна приказнаТодор АлександровГаличка свадбаКилаКорупцијаЗбогум Румелија (ТВ-серија)Горјан ПетревскиКирхофови закони за струјното колоКрушевоЗНАМСреброКошаркаВојдан ЧернодринскиЧовечки скелетОпштина ЗелениковоТрстКактусиСостојба на материјата🡆 More