Државен Секретар На Соединетите Американски Држави

Државен секретар на Соединетите Американски Држави ― член на Федералната влада на САД кој е на чело на Стејт департментот во чија надлежност се надворешните работи.

Тој е највисоко рангиран член на американскиот кабинет на претседателот.

Државен Секретар На Соединетите Американски Држави
Амблем на американскиот Стејт департмент
Државен Секретар На Соединетите Американски Држави
Грб на државниот секретар на САД

Функцијата е креирана во 1789 година, а Томас Џеферсон бил прв носител оваа функција. Државниот секретар ги претставува САД пред странските земји, и затоа се поистоветува со министер за надворешни работи во други земји. Државниот секретар го именува претседателот на Соединетите Американски Држави, а потоа го гласа Сенатот.

Актуелен државен секретар е Ентони Блинкен, кој на 26 јануари 2021 година бил изгласан од Сенатот.

Историја

По ратификувањето на Уставот на Соединетите Држави, првиот Конгрес на Соединетите Американски Држави го креирал Стејт Департманот и создал Канцеларија на државниот секретар за да го води одделот.

Должности и одговорности

Должности на државниот секретар се: да ја надгледува работата на дипломатските претставништва на САД, надзор врз политиката за имиграција и да раководи со Стејт департментот. Секретарот, исто така, го советува претседателот поврзани со надворешните работи на САД, како што е назначување и отповикување на дипломати и амбасадори. Државниот секретар може да води преговори, да толкува и раскинува договори кои се однесуваат на надворешната политика. Секретарот може да учествува и на меѓународни конференции, организации и агенции како претставник на САД. Тој, исто така, дава услуги на американски граѓани кои живеат или патуваат во странство, како што се обезбедување акредитиви во форма на пасоши. Со тоа, секретарот обезбедува и заштита на граѓаните, нивниот имот и интереси во странство.

Шест државни секретари подоцна станале американски претседатели: Томас Џеферсон, Џејмс Медисон, Џејмс Монро, Џон Квинси Адамс, Мартин Ван Бурен и Џејмс Бјукенан. Многу други, меѓу кои се и Хенри Клеј, Даниел Вебстер, Луис Кас, Џон К. Калхун, Џон М. Клејтон, Вилијам Џенингс Брајан , Александар Хејг, Џон Кери и Хилари Клинтон биле кандидати за претседател на САД, без разлика дали пред или по нивниот мандат како државен секретар, но загубиле на изборите. Според тоа, позицијата на државен секретар се смета за утешна награда за неуспешните претседателски кандидати.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Државен Секретар На Соединетите Американски Држави ИсторијаДржавен Секретар На Соединетите Американски Држави Должности и одговорностиДржавен Секретар На Соединетите Американски Држави НаводиДржавен Секретар На Соединетите Американски Држави Надворешни врскиДржавен Секретар На Соединетите Американски ДржавиСтејт департмент

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Избори во Република МакедонијаГарванот (поема)Охридска пастрмкаМехмед-паша СоколовиќПрва светска војнаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаКирил ПејчиновиќЧовечко телоЛатвијаУд (македонски)Автобиографија (Григор Прличев)Македонски парламентарни избори, 2016Миле ЗечевиќБлаже КонескиTrackBackМакедонски парламентарни избори (2006)ПодметАна ФранкСистемски лупус еритематозусРак на белите дробовиГлас за МакедонијаСобрание на Република МакедонијаЕгејска МакедонијаГригор ПрличевГликемијаГордана Силјановска-ДавковаОпштина БрвеницаАртан ГрубиПодржи КоњЛасерДимитар МиладиновМакедонски претседателски избори, 2004Хепатит ЦЗемја (планета)Надреден знакВладимир ГлигоровПопулизамАлшарМарија АнтоанетаДоситеј ОбрадовиќКавадарциТелевизијаКандидБлерим РекаПресметување на датумот на ВелигденРомео и ЈулијаВикипедија на македонски јазикМонакоЈане СанданскиЦер (село)ЛавИзборна единица 2Сашо МијалковАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаСписок на Влади на МакедонијаСкржавецот (Плавт)Кисел дождМоскваДемократски сили на РомитеЉубчо ГеоргиевскиХристо УзуновШтипСтрујно колоБиполарно растројствоТеодосиј СинаитскиСтефан ЛазаровХари КостовВселенаРак на дојкаОпштина ОхридСтале ПоповОпштина ЦентарРисНикола КљусевВтора влада на Зоран ЗаевНикола ГруевскиПрометеј🡆 More