Дипломатско претставништво претставува постојан задграничен државен орган за надворешни односи, а воедно и официјален постојан државен орган за реализација на дипломатската дејност.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Тоа ја претставува својата држава (по сите прашања) на територијата на туѓа држава, и поддржува официјални односи со таа држава како и со другите дипломатски претставништва во таа држава. Дипломатското претставништво релативно доцна се утврдува како постојан институт за дипломатски односи. Во пракса тоа станува реалност некаде околу 16 - 17 век иако како институт бил познат и многу порано. Дипломатските претставништва се два вида: посолства и легации. Посолствата се повисок степен на дипломатски претставништва. Кога меѓу две држави постојат односи на коишто им се придава поголемо значење, тогаш се основува посолство. На чело на посолството стои раководител - амбасадор (амбасадорите на Ватикан се нарекуваат нунциј). Легациите се вториот вид на дипломатски претставништва и се од понизок степен (се смета дека меѓу содветните држави не треба да се основаат посолства). Раководителите на легациите се полномошни министри т.е. лица со понизок клас од испратениците. Но независно од својот вид (посолство или легација) функцијата им е иста. Функцијата на претставништвото се определува според меѓународното право (Виенската Конвенција за дипломатски односи) и од внатрешното право на државата која што ја претставува. Според Виенската Конвенција основните функции на дипломатското претставништво се пет, и тоа:
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Дипломатско претставништво, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.