Долно Косоврасти: село во Општина Дебар

Долно Косоврасти — село во Општина Дебар, во областа Горен Дебар, во околината на градот Дебар.

Познато е по својата истоимена бања, дел од Дебарските бањи.

Долно Косоврасти
Долно Косоврасти: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Воздушен поглед на селото Долно Косоврасти
(горе е соседното Горно Косоврасти)

Долно Косоврасти во рамките на Македонија
Долно Косоврасти: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Долно Косоврасти
Местоположба на Долно Косоврасти во Македонија
Долно Косоврасти на карта
Координати 41°32′26″N 20°35′7″E / 41.54056° СГШ; 20.58528° ИГД / 41.54056; 20.58528
Регион Долно Косоврасти: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југозападен
Општина Долно Косоврасти: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Дебар
Област Горен Дебар
Население 752 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1250
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08016
Надм. вис. 625 м
Слава Илинден, Петровден и Голема Богородица
Долно Косоврасти на општинската карта
Долно Косоврасти: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Долно Косоврасти во рамките на општината
Долно Косоврасти: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Долно Косоврасти на Ризницата

Географија и местоположба

Долно Косоврасти: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на селото заедно со почетокот на Дебарското Езеро

Селото се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општина Дебар, на јужните падини на планината Дешат, а од десната страна на реката Радика, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Маврово и Ростуше. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 625 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 12 километри, додека од патот Дебар-Гостивар (Р1202) околу еден километар.

Селото се наоѓа во областа Горен Дебар на десниот брег на реката Радика, притиснато на страна, покрај самата Косоврашка Река. Тоа се наоѓало некогаш на самиот почеток на Дебарското Поле, а денес е на самиот почеток на Дебарското Езеро.

До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1202 пред Мелничкиот мост.

Во непосредна близина на селото се наоѓа сулфурната Косоврашка бања, чиј мирис се чувствува уште од устието на Мала Река и од Горенечкиот мост. Водите од бањата порано се искористувале на примитивен начин, но денес се во склоп на Дебарските бањи.

Селото има збиен тип, а низ него поминува пат. Во селото се наоѓаат следниве маала: Куртовци, Шабановци, Пејковци и Пулчиновци.

Во минатото, мештаните пиеле вода од Радика, или пак од селската чешма, како и од чешмата „Богородица“ над селото или „Јовкова Вода“ на другиот брег од Радика.

Историја

Подрачјето на Долно Косоврасти е населено уште од средниот век, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.

Селото најпрвин се наоѓало низводно од Косоврашка Река, на некогашното Косоврашко Поле, што било опеано во песната „Не је овде Косоврашко Поле“, но кога биле исечени големи шумски подрачја на Крчин и Стогово се појавила ерозија, поради што голем дел од куќите, но и црквата, биле често поплавувани, а полето уништено.

Селото е запишано како дервенџиско село, сè до 1583 година, со карактеристични дервенџиски давачки. Со пописот од 1519 година, Долно Косоврасти броело 64 семејства, од кои 63 христијански и само 1 муслиманско.

Самите мештани сметаат дека селото им е најстаро во Реканскиот Крај, а како доказ го посочуваат градот, односно средновековната тврдина Заградишта, кој се наоѓал над денешното село.

Самите селани отсекогаш говореле на мијачко наречје, поради што и се вбројува селото во областа Долна Река, за разлика од соседното село Горно Косоврасти, за кое има спротивставени гледишта дали припаѓа во Реканскиот Крај или пак во Дебарското Поле.

Вкупно 8 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Долно Косоврасти: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Амбар во селото

Атарот на селото зафаќа простор од 8,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 498,4 хектари, на пасиштата отпаѓаат 151,2 хектари, а на обработливото земјиште 28,2 хектари.

Во основа, може да се каже дека селото нема некоја развиена аграрна функција. Во селото работат продавници и угостителски објекти.

Во минатото селаните се занимавале со земјоделство и печалбарство, а Куртовци имале и до 4.000 овци.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948441—    
1953455+3.2%
1961405−11.0%
1971394−2.7%
1981538+36.5%
ГодинаНас.±%
1991677+25.8%
1994689+1.8%
2002813+18.0%
2021752−7.5%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 20 домаќинства со 71 жител, сите Македонци.

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Косоврасти живееле 600 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Косоврасти имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Селото е средно по големина, со позитивно популациско салдо. Така, во 1961 година селото броело 405 жители, од кои 342 се изјасниле како Турци, 56 биле Македонци и седум жители Албанци, додека во 1994 година селото имало 689 жители, од кои 625 биле Македонци, 58 Турци и 1 Албанец.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 813 жители, од кои се изјасниле: 388 Македонци, 224 Турци, 4 Албанци и 197 останати.

Целосното муслиманското население на селото се Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци-муслимани како и сите останати жители на селото. Доказ за тоа е наглата промена во изјаснувањето на жителите како Македонци и Турци. Така, во 1994 за Македонци се изјасниле 625 жители, а за Турци 58, додека за само 8 години во 2002 како Македонци се изјасниле 388, а како Турци 224 лица. Историски гледано, селото никогаш немало етнички Турци.

Според мајчин јазик, населението се изјаснило:

мајчин јазик Вкупно
македонски 768
турски 40
албански 4

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 752 жители, од кои 282 Македонци, 3 Албанци, 286 Турци, 96 останати и 85 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 600 216 441 455 405 394 538 677 689 813 752

Родови

Како главни родови кои чии имиња се именувани и маалата во селото се Куртовци, Шабановци, Пејковци и Пулчиновци.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Долно Косоврасти било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Дебар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Косоврасти, во која влегувале селата Горно Косоврасти, Горно Мелничани, Долно Косоврасти, Долно Мелничани, Могорче, Осој и Скудриње. Во периодот 1950-1952 година селото било седиште на некогашната Општина Долно Косоврасти, во која влегувале селата Горно Косоврасти, Долно Косоврасти, Горно Мелничани, Долно Мелничани, Могорче и Осој.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0555 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 727 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 776 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Џамии

Редовни настани

Селски слави:

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Долно Косоврасти Географија и местоположбаДолно Косоврасти ИсторијаДолно Косоврасти СтопанствоДолно Косоврасти НаселениеДолно Косоврасти Општествени установиДолно Косоврасти Самоуправа и политикаДолно Косоврасти Културни и природни знаменитостиДолно Косоврасти Редовни настаниДолно Косоврасти ГалеријаДолно Косоврасти ПоврзаноДолно Косоврасти НаводиДолно Косоврасти Надворешни врскиДолно КосоврастиБања КосоврастиДебарДебар (област)Дебарски бањиОпштина Дебар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Десет Божји заповедиОпштина БитолаКамбоџаЕгејска МакедонијаМатка (кањон)Преспанско ЕзероСреден векМалиот принцКралот ЛирДаме ГруевПолицијаГлаголи во македонскиот јазикШтрковиОпштина КочаниЕлектричен автомобилЕтанолПланетите во астрологијатаИлијадаСписок на македонски писателиТумор на мозокДаниел ДефоОдбивање (физика)КомпасЃорче ПетровМозочно крвавењеПодметГлаголски прирокПрост бројХороскопски знациСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваИлија НајдоскиАнтон ПановЕкосистемАутизамСмртност на доенчињаРак на дојкаКипарСоцијалистичка Република МакедонијаПискупштинаКуранЦистична фиброзаОпштина ДебарНиколај Римски-КорсаковТромбоцитопенијаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаОпштина СопиштеКошаркаАВНОЈКлеопатраМакедонијаЃорѓи КолозовОлимписки боговиРастенијаЖил ВернГлавна страницаРамностран триаголникМојсејПовикот на дивинатаЗанаетМакедонска кујнаБубрежен каменИзборна единица 3Доктор ОфболиГеографска картаДен на шегатаВиенаОпштина БеровоОпштина РесенБелото ЦиганчеВагинален исцедокМејозаМикеланџело БуонаротиРак на грлоГолемата вода (роман)ВекторЖивотниТалат Џафери🡆 More