Долгаец: село во Општина Долнени

Долгаец — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Долгаец
Долгаец: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на Долгаец

Долгаец во рамките на Македонија
Долгаец: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Долгаец
Местоположба на Долгаец во Македонија
Долгаец на карта
Координати 41°32′08″N 21°22′32″E / 41.53556° СГШ; 21.37556° ИГД / 41.53556; 21.37556
Регион Долгаец: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Пелагониски
Општина Долгаец: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Долнени
Област Прилепско Поле
Население 41 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7505
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20031
Надм. вис. 700 м
Долгаец на општинската карта
Долгаец: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Долгаец во рамките на општината
Долгаец: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Долгаец на Ризницата

Потекло на името

Името на селото Долгаец е со потекло и значење на македонскиот јазик и произлегува од именката долг. Имајќи ја предвид местоположбата на селото кое погледнато од височина од падината на Даутица изгледа издолжено по должината на ридовите на нејзиното подножје и селската река, најверојатно според описниот облик на неа настанало и името на селото Долгаец. Ова се потврдува и со научните претпоставки кои велат дека името на селото произлегува од старослвенскиот назив дльга вьсь односно долга вес со значење долго село.

Географија и местоположба

Долгаец: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Панорамска глетка на Долгаец од падините на Даутица

Селото Долгаец се наоѓа во северниот дел од Прилепското Поле (Пелагонија) и е сместено во падините на планината Даутица. Долгаец е потпланинско село кое лежи во подножјето на масивот на планината Даутица на север, а плодна низина се простира на југ. Се наоѓа во крајниот северен дел на Прилепското Поле и Општината Долнени близу границата со соседната Општина Македонски Брод. Селото е ридско на надморска височина од 700 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 34 километри. Околни села се Маргари на оддалеченост помалку од 1 километар, Зрзе, Црнилиште. До пред 90 години за пиење била користена само водата од реката, а сега сите имаат бунари. Најголем извор е Копана, од кој потекува селската рекичка. Долгаец е село од збиен тип. Се дели на овие маала: Младеноско, Дошлаковско, Крлеско (во него се куќите на родот Бадламовци), Цветаноско, Ангеловско и Поповско или Горно Маало. Атарот зафаќа простор од 13,8 км2 на кои обработливото земјиштезазема 451,3 хектари, на шумите отпаѓаат 560,8 ха, а на пасиштата 303,5 ха. Во однос на земјоделството Долгаец има мешовита функција. Потезите во атарот се викаат: Мезиница, Голема Нива, Танеица, Под Чифлик, Огради, Река, Јастребица, Бршленот, Мунчово Бачило, Копана Вода, Старците, Крст, Клепало и Сама Бука.

Историја

Долгаец: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Статија во весникот Политика (од 23 јуни 1929), кој известува за поменот кој се одржал на гробовите на убиените селани.
Долгаец: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Глетка на североисточниот излез на Долгаец во правец кон Стровија

Веројатно за првпат се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Длгавеч и имало 25 семејства, 1 неженет и 4 вдовици, сите христијани.

Според преданието селото некогаш имало три цркви од кои е зачувана само црквата посветена на Свети Атанасиј околу која се и селските гробишта. Црквата се наоѓа над селото и „никој не знае“ кога е изградена. На западната страна близу куќите се наоѓа „расипаната“ црква Свети Никола. Таа била долга 8 метри, широка 5 метри, а се познавале ѕидови високи до 3 метри во кои се гледале греди, што укажува дека таа била разрушена не многу одамна. Околу рушевините има стари гробови со плочи во правец исток-запад. На западната страна во ливадите, е црквиштето Света Богородица каде што била чифликсајбиската кула поради што денес не можат да се видат нејзините остатоци.

Некои од околните жители за блиските соседни села Долгаец и Маргари сметаат дека се основани од Мијаци - сточари. Како показател за мијачкото потекло на ова село од околните жители често се наведува изгледот на градбата на куќите кои само во ова село и Маргари се целосно од камен, за разлика од околните соседни села како Рилево и други кои користат и непечена тула (ќерпич или плитар) во градбата. Иако, се забелелживи и некои физички црти како русост, сепак ниту во говорот, обичаите, ниту во самосвеста жителите на Маргари и Долгаец не се сметаат за Мијаци, како што е тоа случај во блиските села Папрадиште и Ореше во долината на Бабуна.

До 1912 година во Долгаец имало седум чифлици. Првиот чифлик го основал некојси Аџи-Фејзо кој бил албанец од соседното Црнилиште. Тој овде најпрвин бил селски полјак, а потоа станал чифлик-сајбија. За него се вели: „Малу земја купил, а повеќето го заграбил“. После неговата смрт чифликот го поделиле неговите синови и внуци и така настанале седум чифлици. Земјата од чифлиците била купена од селаните во 1912 година. Муново Бачило е на планината северно од селото. Таму до 1950 година со стока доаѓале Каракачани од околината на Штип. На оваа планина повремено стока чувале и Власи од Крушево. Во летата во педесеттите години на XX век на Муново Бачило паселе волови и коњи од Долгаец и 500 овци од државната задруга од Секирци, а во текот на есента штом престане жегата на планината престојувале и овците од Долнени. Долгаец многу настрадало во Првата светска војна. Тогаш бугарската војска стрелала или обесила 180 негови жители. Во селото постои крушата крај заедничката гробница (западно од селото) на која бугарската војска со денови држеле обесени тела, меѓу кои и на жени и деца. По Првата светска војна во Долгаец бил подигнат споменик на овие жртви на Масакр во Долгаец кој бил срушен во 1941 година за време на Втората светска војна. Селска слава е Свети Никола „талалеј“ (18 мај). Бројот на домаќинства во текот на XX век изнесувал: 59 во 1921 г., 86 во 1948 г., 95 во 1961 г., 81 во 1971 г. Во 1954 година во селото Долгаец имало вкупно 88 домаќинства.

Стопанство

Долгаец: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Глетка од југозападниот влез на Долгаец од правецот на Маргари

Главната стопанска гранка со која се издржува населението на Долгаец е земјоделството. Според составот на атарот, во поглед на земјоделството Долгаец има мешовите функција. Населението во селото Долгаец се занимава претежно со полјоделство, одгледување на тутун, житни култури, а се произведува и сирење. Од аспект на поледелството забележливи се новите трактори и земјоделска механизација која се употребува од неколкуте семејства кои живеат во новоизградени куќи во селото. Најзастапени културикои се одлгедуваат се тутун, жито односно пченица, јачмен и пченка, потоа градинарски култури како компир, кромид, пиперки и патлиџани (поради изобилството на вода), зелка. Долгаец располага со извонредни услови за сточарство. На целиот потег западно и североисточно од Маргари кон Долгаец и во правец кон Стровија и Црнилиште има пространи пасишта со изобилство на вода која се слева од падината на Даутица, на кои пасе многу стока која се одгледува во селото. На овој предел нарчеен Муново Бачило кој е на планината северно од селото до 1950 година со стока доаѓале Каракачани од околината на Штип, а на оваа планина повремено стока чувале и Власи од Крушево. Во летата во педесеттите години на XX век на Муново Бачило паселе волови и коњи од Долгаец и 500 овци од државната задруга од Секирци, додека во текот на есента штом престане жегата на планината престојувале и овците од Долнени. Најмногу се одгледуваат овци, кози и крупен добиток како крави, телиња и волови, од чие млеко се прави сирење, а месото често се продава во Прилеп. Застапено е и живинарството преку одгледување на домашни птици како кокошки и гуски. Падините на Даутица изобилуваат и со густа дабова шума која се користи за сеча на дрво за огрев. Забележлива е сè поголемата земјоделско стопанска активност во Долгаец, преку многуте грижливо и убаво обработени ниви, новите трактори и механизаицја и неколкуте нови и модерно изградени куќи, кои се доказ дека животот полека се враќа и во ова село.

Население

Долгаец: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Куќи во селото
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948636—    
1953650+2.2%
1961566−12.9%
1971381−32.7%
1981195−48.8%
ГодинаНас.±%
1991106−45.6%
1994101−4.7%
200270−30.7%
202141−41.4%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долгаец било село со 64 домаќинства и 261 жители Македонци.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долгаец имало 680 жители Македонци и 10 Роми. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 480 жители Македонци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долгаец се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.

За време на Првата светска војна Долгаец бил вклучен во општина Костинци и имал 306 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 70 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 41 жител, од кои 39 Македонци и 2 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 690 480 636 650 566 381 195 106 101 70 41

Родови

Долгаец е македонско село.

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Бадламовци (10 к.), Поповци (10 к.), Деспотовци (9 к.), Лозановци (8 к.), Цветановци (6 к.), Кубуровци (4 к.), Анѓеловци (3 к.), Богоевци (3 к.) и Суљовци (1 к.)
  • Доселеници со познато потекло: Младеновци (16 к.) доселени се од село Винце, за кое жителите не знаат кај се наоѓа, но сепак веројатно тоа е кумановското село Винце, единствено со такво име во Македонија; Дошлаковци (9 к.) доселени се од денес албанското село Норово, Крушевско. Доселени се средината на XIX век, го знаат следното родословие: Иван (жив на 50 г. во 1954 година) Стеван-Ристе-Богдан, кој се доселил; Крапјанци (2 к.) доселени се како посинети по мајка во родот Суљовци. Доселени се од поречкото село Крапа.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1478 од изборната единица 5 според Државната изборна комисија, сместено во зградата на поранешното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
    Реки
    Цркви

Иселеништво

Познати се следните иселеници од Долгаец: Бујуковци и Мајмуновци или Ветовци живеат во Зрзе. Од родот Богоевци има иселеници во Прилеп. Доста жители се иселиле особено во периодот помеѓу 1961 и 1971 година, најмногу во Скопје и Прилеп.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Долгаец Потекло на иметоДолгаец Географија и местоположбаДолгаец ИсторијаДолгаец СтопанствоДолгаец НаселениеДолгаец Самоуправа и политикаДолгаец Културни и природни знаменитостиДолгаец ИселеништвоДолгаец ГалеријаДолгаец НаводиДолгаец Надворешни врскиДолгаецОпштина ДолнениПрилеп

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПоумМоливВиенаБезовоЖелудникЦрноризец ХрабарStaphylococcus aureusТапанГлаголи во македонскиот јазикМислодеждаМаксим ДимитриевскиТокиоШенка КолозоваГеографска картаГлаголицаПсоријазаКиро ГлигоровАквилејаСлуз-цедење во грлотоВилијам ШекспирДеменцијаПетар ПанАли АхметиБојан (роман)Општина ВаландовоСтево ПендаровскиИзборна единица 3Стојан АндовГорјан ПетревскиРакометИзборна единица 4Методија Андонов-ЧентоВекторСипанициРелигијаПечалбариРециклирањеШтрковиРомантизамМакедонци-муслиманиМалиот принцНадреден знакЕрнест ХемингвејМјузиклШар ПланинаВелесБрод (пловило)Репродуктивен системОпштина ШтипМакедонски парламентарни избори (2008)Авантурите на ПинокиоКалендар на Велигденски датумиСаат-кула (Битола)Македонски парламентарни избори, 2008БарешаниАлан Маркес ЛоуреироОпштина КичевоИзвори на енергијаАлиса во земјата на чудатаФолклорЛасерМојот звукНачалник на Генералштабот на АРМЧовечки папиломен вирусБигорски манастирМомче во пижами со риги (филм)Човечки скелетЈужна АмерикаКилаБугаријаИзборни единици во МакедонијаСилаЦијанобактерииЕнтерококи🡆 More