Доктрина

Доктрина (од латински: doctrina, што значи „учење, настава“) е кодификација и систематизирање на верувања и мислења кои претставуваат суштина на учењата во дадена гранка на знаење или во систем на верување.

Честопати зборот доктрина се однесува конкретно на збир од религиозни принципи зададени од црква. Доктрината може да се однесува и на принцип на правото воспоставен преку минатите одлуки.

Религиозна употреба

Примери на верски доктрини се:

  • Христијанска теологија :
    • Доктрини како Светото Тројство, безгрешното зачнување и спасението
    • Прирачник за доктрината на Армијата на спасот.
    • Транссупстанцијација и маријанските учења во римокатоличката теологија. Одделот на Римската курија кој се занимава со прашања за доктрината се нарекува Конгрегација за доктрина на вера.
    • Посебната калвинистичка доктрина за „двојна“ предодреденост
    • Методистичката црква на Велика Британија се повикува на „доктрините на кои се обврзани проповедниците на Методистичката црква“ како доктринарни стандарди
    • Други христијански доктрини
  • Југа во хиндуизмот
  • Постулација или Сјадвада во џаинизмот
  • Четирите благородни вистини во будизмот

Римокатоличката и православната доктрина потекнуваат од списите на црковните отци, што е разјаснето на различни Вселенски собори. Кратки верзии може да се најдат во кратки изјави на христијанската доктрина, во молитвеници. Подолгите верзии имаат форма на катехизми. Протестантите генерално ја отфрлаат христијанската традиција и за разлика од неа, својата доктрина ја црпат исклучиво од Библијата.

Филозофска употреба

Мерка на религиозност

Според социологот Мервин Вербит, доктрината може да се сфати како една од клучните компоненти на религиозноста. Тој доктрината ја дели на четири категории: содржина, зачестеност (степен до кој може да го заземе умот на личноста), интензитет и централност. Секоја категорија може да варира во зависност од религијата, во рамките на религиозната традиција.

Воена употреба

Терминот се однесува на концептот од воспоставена процедура при сложена операција во војувањето. Класичен пример е тактичката доктрина во која вообичен збир од маневри, родови војска и оружје се користат како пристап при одреден вид напад.

Примери на воена доктрина се:

  • Напад на трговски бродови
  • Тактика удри и бегај
  • Махановата доктрина од крајот на 19-ти век до средината на 20-ти век
  • Регановата доктрина за Студената војна
  • Шок и стравопочит
  • Советска длабока битка од Втората светска војна
  • Рововска војна од Првата светска војна

Речиси секоја воена организација има своја доктрина. Некои воени доктрини се пренесуваат преку програми за обука. Во поново време, во современите мировни операции, кои вклучуваат и цивилни и воени операции, се појавуваат посеопфатни (не само воени) доктрини како што е „Капстоуновата доктрина“ на мировните операции на Обединетите нации од 2008 година што зборува за интегрирани цивилни и воени операции.

Политичка употреба

По дефиниција, политичката доктрина е „политика, мислење или принцип кој што се застапува, се учи или се применува за освојување и употреба на власта при управувањето со општеството“. Терминот политичка доктрина понекогаш погрешно се поистоветува со политичката идеологија. Меѓутоа, на доктрината ѝ недостасува акциониот аспект на идеологијата.

Правна употреба

Правна доктрина е збир на меѓусебно поврзани правила (обично од обичајното право и градени во долг временски период) поврзани со правен концепт или принцип.

Може да се забележи дека една гранка од правото содржи различни доктрини, кои пак содржат различни правила или тестови.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Доктрина Религиозна употребаДоктрина Филозофска употребаДоктрина Мерка на религиозностДоктрина Воена употребаДоктрина Политичка употребаДоктрина Правна употребаДоктрина НаводиДоктрина Надворешни врскиДоктринаwikt:doctrinaЛатински јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

1535 во наукатаПроизвод (математика)Пресметување на датумот на ВелигденРоднински односиМоклиште (село)АлбанијаМенструален циклусДишен системСписок на планини во МакедонијаКамилиСлепо цревоЗбунети годиниВајарствоОтоманско ЦарствоЦеребрална парализаПолскаЈапонофилијаПовикувачки броеви во МакедонијаАнте ПоповскиГрб на МакедонијаВалентино СкендеровскиВатиканЗглобБалетХристијанствоГорјан ПетревскиПустинаКристијано РоналдоГоце ТодоровскиАнтарктикСтрептококен фарингитисГихтХрватски месециАвтоматикаОдисејаИсландКучковоБиблијаТапанМакедонски народни инструментиАртритисХипотироидизамСточарствоTime.mkСловенска митологијаМакедонско востаниеГлавна страницаГрадови во МакедонијаАнксиозностДајреКонтинентЈугославијаНервен системСеверна АмерикаТоплинаПрограмски јазикТоше ПроескиАнална фисураРисто КрлеБаза (хемија)КамилаЃорѓи СугаревСписок на повикувачки броеви на земјитеВикипедија на македонски јазикГајдаЏеф БезосКвадратТрубаБелгијаАлександар МикиќКрвВиенаПринцезата на едно зрно грашокСрбијаИзраелСписок на македонски народни и староградски песни🡆 More