Економија Добро

Добро во економиката и сметководството е производ кој служи да задоволи некоја желба или потреба.

Во потесна (но позастапена) смисла, доброто е материјален физички производ (наспроти услуга, која е нематеријална). Како такво, доброто се доставува на потрошувачот и подразбира префрлање на сопственоста од продавачот на купувачот. На пример, јаболкото е материјално добро наспроти фризурата, која е (нематеријална) услуга. Доброто може да се опише и како стока, при што се запазува разликата помеѓу материјалното и нематеријалното. Во микроекономиката пак, поимот „добро“ се користи во поширока смисла, каде влегуваат обете.

Економија Добро
Видови на добра

Корисност на добрата

Добро е секој предмет од кој потрошувачот има корист, неспосредно или посредно. Се смета дека добрата имаат опаѓачка гранична корисност. Некои нешта се корисни, но не се доволно оскудни за да имаат парична вредност, како на пример Земјината атмосфера (воздухот што го дишеме). Ваквите добра се нарекуваат „бесплатни добра“.

Наспроти доброто имаме непожелно добро. Дали еден предмет е пожелно или непожелно добро зависи од потрошувачот, па затоа не сите добра се „добри“ (т.е. пожелни) во секое време и не претставуваат „добро“ за секого.

Видови добра

Добрата можат да се дефинираат на различни начини, во зависност од низа одлики.

Добрата и услугите имаат еластичност на цената. Еластично добро е она добро за кое постои сурогат (замена). На пример, ако се накачат цените на пенкалата, вкрстената еластичност на побарувачката доведува до зголемена побарувачка на моливи. Нееластично добро е добро за кое нема замена, како на пример оригинални творечки дела, билети за настани и сл.

Поврзано

Белешки

Наводи

  • Bannock, Graham et al. (1997). Dictionary of Economics, Penguin Books.
  • Milgate, Murray (1987), "Goods and commodities," The New Palgrave: A Dictionary of Economics, том 2, стр. 546–48.
  • Узунов, Никола; Стевановиќ - Анческа, Љиљана (1994). Англиско-македонски и македонско-англиски економски и деловен речник. Скопје: Економски факултет - Скопје.

Tags:

Економија Добро Корисност на добратаЕкономија Добро Видови добраЕкономија Добро ПоврзаноЕкономија Добро БелешкиЕкономија Добро НаводиЕкономија ДоброЕкономијаКлиентМикроекономијаПроизводСметководствоСопственостСтока (економија)Услуга

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

МитологијаТенко цревоВикиСвети КирилСолиМакедонски народен театарСкопски земјотрес (1963)Антифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаСписок на државни знамињаПрирокЛазарова саботаСписок на повикувачки броеви на земјитеЈоаким КрчовскиОвулацијаПолиграфСловачкаПетар ГеоргиевскиБадминтонс бендМиом на маткаМирка ВелиновскаЏеф БезосФумихико МакиЛасерРечник на стари македонски зборовиТрета фудбалска лига на Македонија 2020/2021Пиреј (роман)МиокардитисИсторијаБубрежен каменХипотироидизамПанкреасЦар Едип (драма од Софокле)ЧовекМесопотамијаПисмоМето Јовановски (глумец)Фудбалска репрезентација на Фарски ОстровиСолунска афераПреспанско ЕзероПредлози во македонскиот јазикАпостол Поце ИкономовОлимписки боговиСтрадањата на младиот ВертерМакедонциЕндометриозаПискавицаПетар ПанВртоглавицаАнтибиотикТапанАлкохолизамПере ТошевИлузијаРеченицаФранц МаркВоен конфликт во Македонија, 2001УнгаријаПовикот на дивинатаСписок на езера во МакедонијаШизофренија1880 во музикатаБистра вода (серија)БургравиЗаповеден начин во македонскиот јазикАндријана ЈаневскаСтале ПоповЦрнила (драма)ИндијаГаличка свадбаБалкански ПолуостровДрогаДиво месо (драма)Кинески ѕидЕстрогенРастенијаДомашно говедо🡆 More