Добри Даскалов

Добри Даскалов (13 октомври 1882 - 16 јуни 1912) — македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Добри Даскалов
Добри Даскалов
Роден 1882
Кавадарци, Македонија
Починал 16 јуни 1912
Кавадарци, Македонија

Животопис

Добри Даскалов 
Четата на војводата Добри Даскалов

Добри Даскалов е роден во Кавадарци во свештеничко протестантско семејство. Основното образование и нижа трикласна гимназија завршил во Кавадарци, а потоа продолжил да учи во егзархиската гимназија во Солун. Од Солун своето образование го продолжил во Самоков, Бугарија, каде, во учебната 1896/1897 година, се запишал на протестантското Железарско училиште, заедно со Петар (Пешо) Самарџиев и Петар Јуруков. Tаму ја започнува својата револуционерна дејност и станува член на револуционерниот кружок „Трајко Китинчев“.

Даскалов станал член на ТМОРО во 1901 година и бил борец во четите на Јане Сандански и на Христо Чернопеев. Учествувал во грабнувањето на мис Стон, со која фамилијата Даскалови, како протестантска фамилија од порано имала добри пријателски и деловни врски. Бил избран за делегат на Солунскиот конгрес, но не учествувал на него. Во Илинденското востание се бори во Тиквешијата. Во 1904 година учествува на Прилепскиот конгрес на ТМОРО, а во 1905 година — на Рилскиот конгрес. На 13 јуни 1905 година учествува во Битката со турскиот аскер во кавадаречкото село Ресава. Во 1908 година учествува на Ќустендилскиот конгрес на десницата на ВМОРО. По Младотурската револуција, во 1909 година бил еден од основачите на Народната федеративна партија и член на нејзиното централно раководство.

Подмолно е убиен во Кавадарци на 16 јуни 1912 година по наредба на Тодор Александров. Убиството го организирал Милан Ѓурлуков, а тоа било извршено од страна на Крсто Ристов, бивш четник во четата на Добри Даскалов. Тој го убил Даскалов во моментот кога пред портата на својата куќа ја земал во раце деветмесечната ќерка Невенка.

Во негова чест, а по предлог на Димката Ангелов Габерот во НОБ, Тиквешкиот партизански одред го носел неговото име, со цел да се стави јасно до знаење дека тие ја продолжуваат борбата на илинденците. Денес гимназијата во Кавадарци исто така го носи неговото име.

Наводи

Tags:

13 октомври16 јуни18821912Македонска револуционерна организација

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на политички партии во МакедонијаТурпијаСоединети Американски ДржавиМакедонски парламентарни избори (2002)МочуриштеХромозомМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Изборна единица 7Тристан и ИзолдаНАТОПравоаголникИлинка МитреваСтара скопска чаршијаЗагадувањеКриптовалутаМакедонски претседателски избори (2024)Свети ГеоргиРевизор (комедија)Демократска партија на Србите во МакедонијаЗа наша МакедонијаКирил ПејчиновиќМакедонски претседателски избори (1994)Искра ГешоскаАнгинаМеталМедузаЖолто МореГевгелијаЗоран ЗаевМакедонски парламентарни избори, 2016Македонски месециМинистер за здравство на МакедонијаВлада на Талат ЏафериБекир ХалимиШвајцаријаИнфективна мононуклеозаХари КостовБугарска пропаганда во МакедонијаДУИЉубе БошкоскиМатка (кањон)Владо МисајловскиКрвна групаТамбура (македонска)Стале ПоповСпоменка (книга)АнтибиотикЛокални избори во Македонија (2000)МенингитисОпштина ИлинденАтрибут во македонскиот јазикПржински договорСтево ЦрвенковскиОпштина КарпошОпштина ЦентарАнте ПоповскиЧир на желудникотВилијам ШекспирМакедонски претседателски избори, 2004Рахим БекириРоманијаЗурла (македонска)Илинденско востаниеПрилепАли АхметиСрцева слабостКомуњарУкраинаСоцијализамМакедонски претседателски избори, 2019Емил ДимитриевМакедонски парламентарни избори (1998)Партија за целосна еманципација на РомитеМагнетна резонанцијаХипертензијаНикола КљусевОксидационо-редукциона реакција🡆 More