Диего Улиси: италијански друмски велосипедист

Диего Улиси (италијански: Diego Ulissi; р.

15 јули 1989 во Чечина) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.

Диего Улиси
Диего Улиси: Кариера, Допинг, Достигнувања
Улиси на Гран при де Монтреал 2012
Лични податоци
Цело имеДиего Улиси
Роден15 јули 1989(1989-07-15)(34 г.)
Чечина, Диего Улиси: Кариера, Допинг, Достигнувања Италија
Висина1,75 м
Маса61 кг
Податоци за клубот
Мом. клубОАЕ Тим Емирати
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2008
2009
Сеано Ванги-Молино ди Феро
Хопла-Сеано-Белисима
Професионални клубови
2010– Лампре-Фарнезе Вини
Значајни победи
Големи трки

Етапни трки

    Трка околу Турција (2017)
    Трка околу Словенија (2011, 2019)

Еднодневни трки и класици

Последна промена
31 август 2020

Кариера

Тој победил на јуниорската друмска трка на Светските првенства во 2006 и 2007. Тој е втор велосипедист некогаш - по Џузепе Палумбо – кој успеал да победи на две јуниорски светски првенства по ред. Тој победил на етапата 17 на Џиро д’Италија 2011, откако резултатот на Џовани Висконти бил повлечен поради несоодветен спринт.

Улиси подоцна ја освоил кралската етапа и генералниот пласман на Трката околу Словенија.

Во сезоната 2012, Улици повторно настапил на Џиро д’Италија, завршувајќи четврти во пласманот за млад возач.

Улиси ја освоил втората победа во Светската турнеја во текот на првата етапа на Трката околу Полска 2013, претекнувајќи ги Дарвин Атапума и Рафал Мајка од групата на бегството од 15 возачи. Подоцна, наесен освоил три италијански класици. На Милано-Торино, Илиси нападнал од мала група на фаворити, вклучувајќи го бранителот на титулата Алберто Контадор, на последното искачување за победа. Го освоил спринтот на нагорнина на Копа Сабатини една недела подоцна. На крај, Улиси повторно се одвоил од водечката група пред целта на Џиро дел’Емилија за победа.

Улиси освоил повеќе етапи во 2014 година и покрај недоволната форма на пролетните класици. Ја освоил втората етапа на Тур Даун Андер, започнувајќи ран спринт за да го порази етапниот фаворит Сајмон Геранс. Освоил две етапи на Џиро д’Италија. На петтата етапа отпочнал доцен напад против групата на фаворити и тесно ги поразил фаворитите на целта на првата поголема планинска етапа.

Откако ја завршил суспензијата поради допинг-тестот во март 2015 година, Улиси се вратил со победа на седмата етапа на Џиро д’Италија.

ВО 2016 година, Улиси се вратил на Џиро д’Италија, каде освоил две етапи. На четвртата етапа, Улиси се одвоил од водечката група и го поразил Том Димулен за пет секунди. На етапата 11 го претекнал предводникот Боб Јунгелс во завршните метри на етапата. Улиси го освоил својот прв поединечен хронометар во неговата кариера на втората етапа на Трката околу Словенија, победувајќи го крајниот победник на трката Реин Тарамае на кратката ридска патека. Во август, Улиси ја освоил третата етапа и крајниот пласман на Трката околу Чешка.

Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017. Ги претекнал Хесус Ерада и Том-Јелте Слагтер за победа на ГП Монтреал, негова прва победа во Светската турнеја во сезоната 2017. Улиси ја освоил Трката околу Турција, негова прва етапна трка. На трката ја преземал водечката маичка со соло-напад на четвртата етапа.

Улиси ја освоил петтата етапа на Тур де Свис 2018, поразувајќи го Енрик Мас во завршниот спринт.

Во 2019 година, Улиси го освоил Гран Премио ди Лугано во Швајцарија. Исто така, ја освоил третата етапа и генералниот пласман на Трката околу Словенија и тест-трката за друмската трка на Летните олимписки игри 2020 во Токио.

Допинг

Во јуни 2014 година било објавено дека Улиси имал позитивни резултати на допинг-тестот во текот на Џиро д’Италија 2014, каде освоил две етапи. Бил позитивен на лекот за астма салбутамол.

Улиси имал дозвола да го користи лекот, меѓутоа тестот покажал ниво, кое било скоро двапати поголемо. Исто така добил парацетамол од докторот на трката откако бил вклучен во пад на етапата.

Улиси и самиот доктор на екипата негирале дека го користеле инхалаторот за да се здобио со натпреварувачка предност, тврдејќи дека Улиси имал само две вдишувања пред почетокот на етапата. Екипата и предводникот на италијанската репрезентација, Давиде Касани, изразиле поддршка за Улиси. Сепак, бил привремено суспендиран од екипата и не можел да тренира со репрезентацијата.

Улиси се жалел до Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) бидејќи се соочувал со двегодишна суспензија. По некое одложување, UCI го предале случајот на швајцарската федерација (поради живеалиштето на Улиси во Лугано) за да се отпочне дисциплинско сослушување. Улиси тврдел дека падот на етапата 11 на Џиро можела да предизвика повисоко ниво на салбутамол.

Швајцарскиот олимписки комитет се сложил со одбраната на Улиси дека го користал несоодветно салбутамолот и не со намера да мами. Затоа добил намалена деветмесечна суспензија, која завршила во март 2015 година.

Достигнувања

    1. Диего Улиси: Кариера, Допинг, Достигнувања  Светско друмско јуниорско првенство
    2007
    1. Диего Улиси: Кариера, Допинг, Достигнувања  Светско друмско јуниорско првенство
    2010
    1. ГП Индустрија е Комерсио де Прато
    8. Краен пласман Трка околу Полска
    2011
    1. Краен пласман Трка околу Словенија
      1. Етапа 2
    1. Етапа 17 Џиро д’Италија
    2. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
      1. Пласман за млад возач

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Диего Улиси: Кариера, Допинг, Достигнувања  Џиро 41 21 СО 64 21 28 42
Диего Улиси: Кариера, Допинг, Достигнувања  Тур 39
Диего Улиси: Кариера, Допинг, Достигнувања  Вуелта 32

Распоред на резултатите на класиците

Монумент 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Милано-Санремо 140 СО СО СО 58 40 103 72
Трка околу Фландрија
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 76 78 20 66 СО 55 30 28
Џиро ди Ломбардија СО СО 41 28 74 22 21 60 8
Класични трки 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Амстел Голд Рејс СО СО 25 34 49 7 27 50 22
Флеш Валон СО 9 13 17 50 8 10 14 3
Гран при Квебек 70 6 5 7 11 11 4 НСО
Гран при Монтреал 58 67 СО 3 1 7 2 НСО

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Диего Улиси КариераДиего Улиси ДопингДиего Улиси ДостигнувањаДиего Улиси НаводиДиего Улиси Надворешни врскиДиего Улиси15 јули1989Друмски велосипедистИталијаИталијански јазикОАЕ Тим ЕмиратиСветска турнеја на UCI

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Рак на усна празнинаРеферендум во Македонија (2018)ПрилепКаролина ГочеваСвета ГораИстокБелградКирилицаПрва влада на Бранко ЦрвенковскиДебарПросекНихилизамПовикувачки броеви во МакедонијаАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаШуми МарицаАвстралијаК-15Скопска Црна ГораПневмонијаЈустинијан IМРСАМакедонски претседателски избори (2019)АтинаКочаниАл-КаедаДијалекти на македонскиот јазикПопис на населението во Македонија (2021)Седум смртни гревовиДржавни празници во МакедонијаАтински акрополДен на независноста на МакедонијаСпоменик „Илинден“ПчињаВрело (пештери)Бродец (Скопско)Дебело цревоЗемји членки на Европската УнијаВакцина против тетанусj0j6lБосна и ХерцеговинаКокошкаКристофер КолумбоГоце ДелчевГоран МинчевТомас ВермаленМакедонски ВласиСтојна КостовскаТалат ЏафериЛевица (политика)Втора влада на Бранко ЦрвенковскиМатка (кањон)ФудбалМакедонци-муслиманиСкопјеИзет МеџитиСкендербегСтефан ЛазаровЛазар КолишевскиИзборна единица 8Солунски атентатиТабла (игра)Српска странка во МакедонијаАли АхметиМеѓународен ден на трудотНивичаниАнтички МакедонциЖелкиМакедонска радио-телевизијаWorld Cyber GamesСараевоКучковоЉупчо ГеоргиевскиСиндикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓаниНикола ГруевскиДаре ЏамбазЈордан Поп Јорданов - ОрцетоДарио Ивановски🡆 More